Леблебија
Леблебија | |
---|---|
Лево: бенгалска; десно: европска | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Цветни растенија |
Класа: | Дикотиледони |
Ред: | Бобовидни |
Семејство: | Бобови |
Потсемејство: | Глушини |
Род: | Леблебија |
Вид: | Леблебија |
Научен назив | |
Cicer arietinum L. |
Леблебија (наречен и наут и слануток; науч. Cicer arietinum) — претежно полјоделска, но и градинарска култура која на просторот од поранешна Југославија највеќе се одгледува во Македонија и далматинска Загора. Се смета за една од најраните култивирани растенија и нејзини остатоци се пронајдени во Блискиот Исток, стари до 7.500 години.[1]
Латински називи: Cicer arietinum, Cicer edessanum, Cicer grossum, Cicer physodes, Cicer rotundum и Cicer sativum.
Леблебијата/наут е мешункасто растение, кое се користи во исхрана на луѓето. Семето на леблебијата е слично на семето на сојата или на сушеното зрно од грашок, се користи како вариво или као додаток на друг зеленчук при приготвување на храна. Недозреаното семе се кати од мешунките и се подготвува како зелен грав или грашок. Во источните земји леблебијата ја мелат во брашно од кои печат извонредни печива, или во одреден размер (10 - 20 отсто) го мешаат со пченичното брашно и од оваа смеса печат специјален леб. Најпопуларен ориентален специјалитет од наут се пропржените и/или подпечени зрна од наут, кои се грицкаат као семенки од тиква и сончоглед и на овие простори се нарекуваат леблебија. Исто така препечените зрна од наут се користат како додаток/на кафе во одреден однос со чисто кафе.
Биохемискиот состав на леблебијата е сличен со останатите мешункасти растенија. Исушено зрно содржи 17,4 - 23,3 процентибелковини, 53,5 - 63,6 проценти јаглехидрати, 4,1 - 5,5 проценти растително масло 3,3 - 5,5 проценти целулоза и 3,2 - 3,4 проценти минерални материи.
Зелените мешунки од леблебијата не е препорачливо да се јадат, бидејќи вегетативната маса (стаблото, листот, па според тоа и мешунката) има висока содржина на јаболкова киселина и оксална киселина, што може да предизвика сериозни пореметувања во човечкиот организам.
Леблебијата е одличен извор на железо, дури и варената леблебија содржи двапати повеќе железо од иста количина на месо. Количината на калциум во леблебијита е исто така висока и е придружена со присуство на белковини кои ја зголемуваат неговата апсорпција. Ако во оброкот е застапена и некоја житарица, тогаш таквиот оброк има има целосен состав на потребни аминокиселини. Исто така има низок глихемиски индекс.
Поновите истражувања, кои опфатиле 19 различни вида на леблебии одгледувани во стакленик, покажале дека и лисјата од леблебијата можат исто така што бидат корисни во исхраната, бидејќи освен витамини содржат и значајна количина на други минерали, според што може да им парираат на зелката и спанаќот. Содржината на калциума, магнезиум и калиум во лисјата на леблебијата е поголема отколку во спанаќот и зелката, додека содржината на железо, цинк и бакар е приближно иста.
Резултатите од ова истражување би можеле да имаат голема важност за земјите каде леблебијата се одгледува, а тоа се Индија, земјите од Средниот Исток и Средна Европа. Во овие земји често е забележан и недостаток на одредени производи во исхраната, поради што лисјата од леблебијата би можеле да бидат долична алтернатива.
Индија претставува најголем светски производител на Леблебии, потоа следуваат Пакистан и Турција.
Топ 10 најголеми произведувачи на леблебии — 11 јуни 2008 | ||||
---|---|---|---|---|
Држава | Производство (тони) | Фуснота | ||
Индија | 5,970,000 | |||
Пакистан | 842,000 | |||
Турција | 523,553 | |||
Австралија | 313,000 | |||
Иран | 310,000 | F | ||
Бурма | 225,000 | F | ||
Канада | 215,000 | |||
Етиопија | 190,000 | F | ||
Мексико | 165,000 | F | ||
Ирак | 85,000 | F | ||
Свет | 9,313,043 | A | ||
Без симбол = официјален податок, F = FAO проценка, * = Неофицијални/полуофицијални C = Пресметка, A = Збир; Source: Food And Agricultural Organization of United Nations: Economic And Social Department: The Statistical Division Архивирано на 19 јуни 2012 г., faostat.fao.org |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Philologos (21 октомври 2005). „Chickpeas — On Language“. Jewish Daily Forward. Посетено на 2010-08-07.
|