Прејди на содржината

3C 273

Од Википедија — слободната енциклопедија
3C 273
Квазарот 3C 273 фотографиран од „Хабл“[1]
Податоци од набљудување (Епоха J2000)
СоѕвездиеДевица
Ректасцензија12ч 29м &1000000000000006700000006,7с[2]
Деклинација+02° 03′ &1000000000000000900000009″[2]
Црв. помест.0.158339 ± 0.000067[2]
Оддалеченост2.443 мсг (749 Мпс)[3][4] (растојание на сјајност)
1,80+0,32
−0,28
 Gly
 (552+97
−79
 Mpc
)[5] (растојание на паралакса)
ТипБлазар; Sy1[2]
Привидна величина (V)12.9[2]
Забележителностиоптички најсветлиот квазар, прв спектар на еден квазар
Други ознаки
PGC 41121[2] и HIP 60936
Поврзано: Квазар, Список на квазари

3C 273квазар сместен во средиштето на џиновска елиптична галаксија во соѕвездието Девица. Тој бил првиот квазар кој некогаш бил идентификуван и е видливо најсветлиот квазар на небото, гледан од Земјата, со привидна величина од 12,9. Изведеното растојание до ова тело е 749 мегапарсеци (2.4 милијарди светлосни години). Масата на нејзината средишна супермасивна црна дупка е приближно 886 милиони пати поголема од масата на Сонцето.

Набљудување

[уреди | уреди извор]

3C 273 е видлив од март до јули и на северната и на јужната полутопка. Сместено во соѕвездието Девица, доволно е светло за да биде набљудувано со око, со аматерски телескоп од 150 мм.[6] Делумно поради неговата радиосјајност и неговото откритие како прв идентификуван квазар, ректасцензијата на 3C 273 во Петтиот фундаментален каталог (FK5) е користен за стандардизирање на положбите на 23 вонгалактички радиоизвори што биле користени за дефинирање на Меѓународниот небесен референтен систем (МНРС/ICRS).[7]

Со оглед на неговата оддалеченост од Земјата и видлива величина, 3C 273 е најоддалеченото небесно тело што просечните аматерски астрономи веројатно ќе го видат преку нивните телескопи.

Својства

[уреди | уреди извор]
3C 273 како што е снимен од Напредната камера за истражувања на Вселенскиот телескоп „Хабл“. Светлината од светлото квазарско јадро е блокирана со коронограф, така што околната галаксија домаќин може полесно да биде видена. Заслуга: НАСА/ЕВА

Ова е оптички најсветлиот квазар на небото од Земјата со привидна величина од ~12,9, и еден од најблиските со црвено поместување, z, од 0,158.[8] Растојание на сјајност од DL = 749 мегапарсеци (2.4 милијарди светлосни години) може да биде пресметано од црвеното поместување.[4] Користењето методи на паралакса со интерферометарот на Многу големиот телескоп, дава проценка на растојание од 1,80+0,32
−0,28
(552+97
−79
).

Тој е еден од најсјајните познати квазари, со апсолутна светлинска величина од -26,7,[9] што значи дека кога би бил оддалечен само како Полукс (~10 парсеци) би изгледал речиси исто толку светло на небото како Сонцето.[10] Бидејќи апсолутната величина на Сонцето е 4,83, тоа значи дека квазарот е над 4 трилиони пати посјаен од Сонцето при видливи бранови должини.[11]

Сјајноста на 3C 273 е променлива на скоро секоја бранова должина од радиобранови до гама-зраци во временски размери од неколку дена до децении. Поларизација со случајна ориентација била забележана со радио, инфрацрвена и оптичка светлина што се емитувани од млаз од големи размери; затоа овие емисии се речиси сигурно синхронотрони по природа.[4] Зрачењето се создава од млаз наелектризирани честички кои се движат со релативистички брзини. Радионабљудувањата со многу долга основна интерферометрија на 3C 273, откриле сопствено движење на некои од подрачјата што емитуваат радиобранови, што дополнително укажува на присуство на релативистички млазови на материјал.[12][13]

Ова е прототип на активно галактичко јадро, што покажува дека енергијата е создавана преку насобирање од супермасивна црна дупка. Ниту еден друг астрофизички извор не може да ја произведе набљудуваната енергија.[14] Масата на неговата средишна супермасивна црна дупка била измерена на 886 ± 187 милиони сончеви маси преку одекнувачко картирање на широка емисиона линија.[15]

Млаз од големи размери

[уреди | уреди извор]

Квазарот има видлив млаз од големи размери, кој е долг ~200,000 светлосни години (61 килопарсек), со привидна големина од 23″.[4] Верувано е дека таквите млазови се создадени од заемодејствијата на средишната црна дупка и насобирачкиот диск. Во 1995 година, оптичкото снимање на млазот со помош на вселенскиот телескоп „Хабл“, открило структурирана морфологија докажана со повторени светли јазли испреплетени од области со слаба емисија.[4] Аголот на гледање на млазот е околу 6° како што е гледан од Земјата. Било забележано дека млазот нагло ја менува насоката со внатрешен агол од 2° во 2003 година, што е поголем од внатрешниот агол на отворање на млазот од 1,1°.[16] Проширен надворешен слој од загреан гас е создаван од млазот, кој може да влијае на навалениот диск со гас во средишните околу 6 килопарсеци.[14]

Галаксија домаќин

[уреди | уреди извор]

3C 273 лежи во средиштето на џиновска елиптична галаксија со привидна светлинска величина од 16 и привидна големина од 29 лачни секунди. Морфолошката класификација на галаксијата домаќин е Е4,[17] што укажува на умерено зарамнета елипсовиден облик. Галаксијата има проценета маса од (2)⋅1011 сончеви маси.[18]

Историја

[уреди | уреди извор]

Името означува дека тој бил 273-то тело (наредено по рактасцензија) од Третиот кембрички каталог на радиоизвори (3C), објавен во 1959 година. Откако биле добиени точни положби со помош на месечевото прикривање од страна на Сирил Хазард на Паркскиот радиотелескоп,[19] радиоизворот брзо бил поврзан со оптички пандан, нерешено „ѕвездено тело“. Во 1963 година, Мартен Шмит[8] и Џон Оке[20] објавиле два трудови во Nature во кои е известувано дека 3C 273 има значително црвено поместување од 0,158, ставајќи го на неколку милијарди светлосни години од нас.

Пред откривањето на 3C 273, неколку други радиоизвори биле поврзувани со оптички сродници, првиот бил 3C 48. Исто така, многу активни галаксии биле погрешно идентификувани како променливи ѕвезди, вклучувајќи ги познатите BL Гуштер, W Береникина Коса и AU Ловечки Кучиња. Сепак, не било разбрано што се овие тела, бидејќи нивните спектри не биле слични на оние на која било позната ѕвезда. Неговиот спектар не наликувал на ниту една нормална ѕвезда со вообичаени ѕвездени елементи. 3C 273 било првото тело кое било идентификувано како квазар — крајно прозрачно тело на астрономско растојание.

3C 273 е радиогласен квазар, а исто така бил еден од првите вонгалактички извори на рендгенски зраци откриени во 1970 година. Сепак, дури и до ден-денес, постапката што доведува до емисии на рендгенски зраци е контроверзен.[4]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Best image of bright quasar 3C 273“. ESA/Hubble Picture of the Week. Посетено на 22 септември 2024.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „NASA/IPAC Extragalactic Database“. Results for 3C 273. Посетено на 22 септември 2024.
  3. „3C 273“. XJET: X-Ray Emission from Extragalactic Radio Jets. 2008-01-11. Посетено на 22 септември 2024.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Uchiyama, Yasunobu; Urry, C. Megan; Cheung, C. C.; Jester, Sebastian; Van Duyne, Jeffrey; Coppi, Paolo; и др. (2006). „Shedding New Light on the 3C 273 Jet with the Spitzer Space Telescope“. The Astrophysical Journal. 648 (2): 910–921. arXiv:astro-ph/0605530. Bibcode:2006ApJ...648..910U. doi:10.1086/505964.
  5. Wang, Jian-Min; Songsheng, Yu-Yang; Li, Yan-Rong; Du, Pu; Zhang, Zhi-Xiang (January 2020). „A parallax distance to 3C 273 through spectroastrometry and reverberation mapping“. Nature Astronomy. 4 (5): 517–525. arXiv:1906.08417. Bibcode:2020NatAs...4..517W. doi:10.1038/s41550-019-0979-5. S2CID 256707018 Проверете ја вредноста |s2cid= (help).
  6. Talcott, Richard (17 ноември 2023), „Target acquired: Observe Quasar 3C 273“, Astronomy
  7. International Earth Rotation & Reference Systems Service. „Definition of ICRS Axes“. Посетено на 22 септември 2024.
  8. 8,0 8,1 Schmidt, M. (1963). „3C 273 : A Star-Like Object with Large Red-Shift“. Nature. 197 (4872): 1040. Bibcode:1963Natur.197.1040S. doi:10.1038/1971040a0.
  9. Greenstein, Jesse L.; Schmidt, Maarten (1964). „The Quasi-Stellar Radio Sources 3C 48 and 3C 273“. The Astrophysical Journal. 140: 1. Bibcode:1964ApJ...140....1G. doi:10.1086/147889.
  10. „Best image of bright quasar 3C 273“. esahubble.org. 18 ноември 2013. Посетено на 22 септември 2024.
  11. Според формулата за споредување текови и величини: .
  12. Pearson, T. J.; Unwin, S. C.; Cohen, M. H.; Linfield, R. P.; Readhead, A. C. S.; Seielstad, G. A.; Simon, R. S.; Walker, R. C. (1981). „Superluminal expansion of quasar 3C273“. Nature. 290 (5805): 365. Bibcode:1981Natur.290..365P. doi:10.1038/290365a0.
  13. Davis, R. J.; Unwin, S. C.; Muxlow, T. W. B. (1991). „Large-scale superluminal motion in the quasar 3C273“. Nature. 354 (6352): 374. Bibcode:1991Natur.354..374D. doi:10.1038/354374a0.
  14. 14,0 14,1 Husemann, Bernd; Bennert, Vardha N.; Jahnke, Knud; Davis, Timothy A.; Woo, Jong-Hak; Scharwächter, Julia; Schulze, Andreas; Gaspari, Massimo; Zwaan, Martin A. (јули 2019). „Jet-driven Galaxy-scale Gas Outflows in the Hyperluminous Quasar 3C 273“. The Astrophysical Journal. 879 (2): 75. arXiv:1905.10387. Bibcode:2019ApJ...879...75H. doi:10.3847/1538-4357/ab24bc. 75.
  15. Peterson, B. M.; Ferrarese, L.; Gilbert, K. M.; Kaspi, S.; Malkan, M. A.; Maoz, D.; и др. (2004). „Central Masses of AGNs. II“. The Astrophysical Journal. 613 (2): 682–699. arXiv:astro-ph/0407299. Bibcode:2004ApJ...613..682P. doi:10.1086/423269.
  16. Lisakov, M. M.; Kravchenko, E. V.; Pushkarev, A. B.; Kovalev, Y. Y.; Savolainen, T. K.; Lister, M. L. (март 2021). „An Oversized Magnetic Sheath Wrapping around the Parsec-scale Jet in 3C 273“. The Astrophysical Journal. 910 (1): 35. arXiv:2102.04563. Bibcode:2021ApJ...910...35L. doi:10.3847/1538-4357/abe1bd. 35.
  17. Bahcall, John N.; Kirhakos, Sofia; Saxe, David H.; Schneider, Donald P. (1997). „Hubble Space Telescope Images of a Sample of 20 Nearby Luminous Quasars“. The Astrophysical Journal. 479 (2): 642–658. arXiv:astro-ph/9611163. Bibcode:1997ApJ...479..642B. doi:10.1086/303926.
  18. Zhang, Zhi-Xiang; Du, Pu; Smith, Paul S.; Zhao, Yulin; Hu, Chen; Xiao, Ming; Li, Yan-Rong; Huang, Ying-Ke; Wang, Kai (мај 2019). „Kinematics of the Broad-line Region of 3C 273 from a 10 yr Reverberation Mapping Campaign“. The Astrophysical Journal. 876 (1): 49. arXiv:1811.03812. Bibcode:2019ApJ...876...49Z. doi:10.3847/1538-4357/ab1099. 49.
  19. Hazard, C.; Mackey, M. B.; Shimmins, A. J. (1963). „Investigation of the Radio Source 3C273 by the method of Lunar Occultations“. Nature. 197 (4872): 1037. Bibcode:1963Natur.197.1037H. doi:10.1038/1971037a0.
  20. Oke, J. B. (1963). „Absolute Energy Distribution in the Optical Spectrum of 3C 273“. Nature. 197 (4872): 1040–1041. Bibcode:1963Natur.197.1040O. doi:10.1038/1971040b0.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]


Координати: Ѕвездена карта &1000000000000001200000012ч &1000000000000002900000029м &1000000000000006700000006,7с, +&1000000000000000200000002° &1000000000000000300000003′ &1000000000000000900000009″