Прејди на содржината

Ригоберто Уран

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ригоберто Уран
Уран во 2019 година
Лични податоци
Цело имеРигоберто Уран Уран
ПрекарРиго, Ригонатор[1]
Роден26 јануари 1987(1987-01-26)(37 г.)
Урао,  Колумбија
Висина1,73 м[1]
Маса63 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубЕФ Едукејшн-ИзиПост
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување и хронометри
Професионални клубови
2006
2007
2008–2010
2011–2013
2014–2015
2016-
Тенакс
Унибет.com
Кес д’Епарњ
Тим Скај
Омега Парма-Квик Степ
Канондејл-Драпак
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
Пласман за млад возач (2012)
2 поединечни етапи (2013, 2014)
1 етапа ТТТ (2013)
Тур де Франс
1 поединечна етапа (2017)

Еднодневни трки и класици

Национален хронометарски првак (2015)
Гран при Квебек (2015)
Џиро дел Пиемонт (2012)
Последна промена
3 мај 2020

Ригоберто Уран Уран (шпански: Rigoberto Urán Urán; р. 26 јануари 1987 во Урао, Антиокија) — колумбиски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата ЕФ Едукејшн-ИзиПост.[2]

На Летните олимписки игри 2012, го освоил сребрениот медал на друмската трка. Станал првиот Колумбиец кој некогаш бил на подиум на Џиро д’Италија, кога завршил втор зад Винченцо Нибали во 2013 година, преземајќи го водството на Тим Скај по откажувањето на предводникот на екипата Бредли Вигинс. Исто така освоил етапа која завршувала на нагорнина на трката. Претходната година ја освоил белата маичка за најдобар млад возач и седмото место во генералниот пласман. На Џиро д’Италија 2014 завршил повторно на второто место во генералниот пласман, овој пат зад сонародникот Наиро Кинтана. Негов најдобар резултат бил на Тур де Франс 2017, каде освоил етапа и завршил втор на крајот.

Ран живот

[уреди | уреди извор]

Првата велосипедска трка му била на 14 години, три месеци пред неговиот татко да биде случајно убиен во пукање поврзано со мафијата во Колумбија.[3][4] Ригоберто го зазел неговото место како продавач на лото-ливчиња за да му помогне на неговото семејство и на возраст од 16 години станал професионалец и се преселил во Медељин да вози за Оргуло Паиса, колумбиски велосипедски тим.[5][6]

Велосипедска кариера

[уреди | уреди извор]

Тенакс и Унибет (2006-07)

[уреди | уреди извор]

На возраст од 19 се сели во Италија да вози за Тим Тенакс со неговиот сонародник Марлон Перес Аранго. Следната година тој потпишува за Унибет.com и го победува хронометарот на Еускал Бизиклета, кој беше стопиран со некои возачи сè уште останати на силниот дожд и ветар. Исто така, ја освои и осмата етапа на Тур де Свис и завршил деветти на крајот.[7] На Трката околу Германија тој беше заедно со крајниот победник на етапата Дамијано Кунего, кога паднал долу низ еден планински поток и се забил во камен ѕид. Тој имал фрактури на двете колена и десниот зглоб.[8]

Кејс д’Епарњ (2008-10)

[уреди | уреди извор]
Уран на Џиро д’Италија 2010

Во 2008 година потпишал договор со Кес д’Епарњ и завршил втор на Волта а Каталуња и трет на Џиро ди Ломбардија, престижен еднодневен класик. На Летните олимписки игри 2008, Уран се натпреварувал на друмската трка, но не ја заврши. Во 2009 завршил петти во крајниот пласман на Тур де Романди и го возел неговиот прв Тур де Франс и завршил 52.. Во 2010 возел на Џиро д’Италија и заврши 7. на крај на Тур де Свис 2010. Исто така, возел и на Вуелта а Еспања, но се здобил со пад со што се ставило крај на неговите желби за висок краен пласман, но сепак завршил на осмото место.[9]

Тим Скај (2011-2013)

[уреди | уреди извор]
Уран возел за Скај на Критериум ди Дофине 2011

Уран се приклучил на Тим Скај во сезоната 2011.[10] Тој завршил петти на Лиеж-Бастон-Лиеж,[11] и петти на крајот во Волта а Каталуња.[12]

На Тур де Франс, Уран станал водач на Скај откако Бредли Вигинс излетал на етапата 7. Тој завршил петти на етапата 14, преземајќи ја белата маичка и се искачил на 11. место во генералниот пласман.[13] Уран ја загубил белата маичка од Реин Тарамае на 18. етапа[14] откако се разболел,[15] и така завршил 24-ти на крајот.[16]

Во текот на Волта а Каталуња 2012, Уран ја освоил првата победа за Скај на етапата 4, победувајќи на спринтот по бегството од шест луѓе. Уран завршил втор на следната етапа и ја завршил трката на петтото место во генералниот пласман.

На Џиро д’Италија 2012 го освоил пласманот за млад возач и завршил седми во генералниот пласман, откако се нашол во водечката група на повеќето од планинските етапи. Тој немал еден резултат многу добар на поединечните етапи, туку завршувал во првите десет на етапите 10, 14, 17 (4.), 19 и 20, на кои сите важни планински искачувања. Завршил со пет минути и 57 секунди задоцнување зад победникот, Канаѓанецот Рајдер Хесједал од Гармин-Шарп.[17]

Го освоил сребрениот медал на друмската трка на Летните олимписки игри 2012, откако се одвоил од групата заедно со Александар Винокуров, на помалку од 10 километри пред крајот. На околу 200 метри од целта, кога победата била безбедна за еден од двајцата натпреварувачи, Уран погледнал назад да виде дали групата го загрозувала нивното водство. Но, тогаш Винокуров започнал да спринта, изненадувајќи го Урај, кој не можел да го стигне и да ја намали разликата, со што Казахстанецот стигнал до целта и до златниот медал.[18][19] Возел на Вуелта а Еспања како поддршка на неговиот водач Крис Фрум и завршил на 29. место.[20] Подоцна во есента, се натпреварувал на италијанскиот класик Џиро дел Пиемонт, Уран нападнал на последното искачување на денот, следен од Горка Вердуго (Еускалтел-Еускади). Двоецот вербално се согласил да соработуваат до последните 500 метри и Уран го започнал својот спринт на 300 метри пред крајот, победувајќи за шест секунди пред Лука Паолини од Катјуша, кој се обидувал да дојде од позади.[21] Неколку дена подоцна, го освоил третото место на велосипедскиот монумент Џиро ди Ломбардија во тешки временски услови (студ и дожд). Ја поминал целта во Леко како дел од мала група, кои неуспешно се обиделе да го следат Хоаким Родригес од екипата Катјуша.[22]

Уран бил избран за Џиро д’Италија 2013, првично како еден од планинските помошници на Бредли Вигинс. Уран бил петти во генералниот пласман откако Скај го освоил екипниот хронометар на втората етапа и се поместил на третото место на следната етапа. Се искачил до второто место во генералниот пласман, зад Лука Паолини, на четвртата етапа, откако Вигинс изгубил време зад несреќата. Меѓутоа, на седмата етапа, Уран бил присилен да го чека Вигинс откако се борел по падот на влажниот спуст и поради тоа излегол од првите десет. По поединечниот хронометар на осмата етапа, Уран бил десетти во генералниот пласман, две минути и 49 секунди зад новиот предводник Винченцо Нибали. На десеттата етапа, првата планинска етапа на трката, Уран започнал напад на последното искачување и ја освоил етапата со 20 секунди пред сонародникот Карлос Бетанкур. Исто така, Уран се поместил на третото место во генералниот пласман, 2 минути и 4 секунди зад Нибали и 1 секунда пред Вигинс. Вигинс се повлекол поради болест откако изгубил уште време на етапата 12, оставајќи го Уран како предводник на Скај. Уран бил петти на етапата 14 и го одржал третото место со една секунда предд Мауро Сантамброџо, но го потврдил своето место на етапата 16 откако Сантамброџо изгубил над две минути. Уран дошол шести на планинскиот хронометар на етапата 18 и ја намалил разликата со второпласираниот Кедел Еванс на само 12 секунди. На последната завршница на искачување на етапата 20, Уран дошол трет зад Нибали и Бетанкур и го прескокнал Еванс на второто место. Сигурно ја поминал последната етапа и завршил како втор во генералниот пласман на Џиро, 4 минути и 43 секунди зад Нибали, прв подиум на некоја голема трка.

Во август 2013 било објавено дека Уран ќе го напушти Тим Скај[23] на крајот на сезоната 2013 и му се приклучил на Омега Парма-Квик Степ за сезоната 2014.[24]

Омега Парма-Квик Степ (2014–2015)

[уреди | уреди извор]
Уран во 2014 година

Уран ја започнал сезоната 2014 со третото место на Трката околу Оман. Иако целел кон Џиро д’Италија, бил незабележитен во текот на Тур де Романди, освен четвртото место на претпоследниот хронометар. Една недела подоцна, настапил на Џиро предводејќи ја екипата Омега Парма-Квик Степ.

Првата недела на Џиро започнала добро со второто место во генералниот пласман зад предводникот Кедел Еванс. Покажал извонредна форма на хронометарот на дванаесеттата етапа, на кој победил и го преземал водството на трката. Со тоа станал првиот Колумбиец кој ја носел розовата маичка. Потоа, успеал да го одржува своето високо водство на етапите 14 и 15. Меѓутоа, на следната етапа контроверзно го изгубил водството на трката од сонародникот Наиро Кинтана, откако мислел дека спустот на Стелвио ќе биде неутрализиран, додека Кинтана се одвоил и нападнал. Иако неговата екипа реагирала на ова, Уран никогаш не се произјаснил самиот. Иако завршил на солидното трето место на планинскиот хронометар на деветнаесеттата етапа, неговите шанси за победа се свеле на нула откако задоцнил три минути зад Кинтана на хронометарот. Уран бил добар на Цонколан и освоил одредено време во однос на другите соперници. И покрај контроверзата на спустот на Стелвио, Уран изгледал задоволен со второто место во генералниот пласман.

По добриот почеток на третото место во генералниот пласман, Уран паднал во пласманот на Вуелта а Еспања, откажувајќи се од трката откако се здобил со астматичен бронхит. Екипата се надевала дека состојбата на Уран ќе се подобри во текот на вториот ден за одмор, но немало подобрување. На крајот ја напуштил трката пред седумнаесеттата етапа.[25]

Канондејл Про Сајклинг (2016–)

[уреди | уреди извор]
Уран (лево) го следи Крис Фрум на Тур де Франс 2017

Започнувајќи во 2016 година, Уран се приклучил на екипата ЕФ Едукејшн-ИзиПост.[26] Во неговата прва сезона со екипата целел на Џиро д’италија, но неговата форма никогаш не ги достигнале нивоата од пред две години кога завршил седми. Сезоната ја завршил со трето место на Џиро ди Ломбардија. Тоа било негово трето место на италијанскиот класик.

Уран има посилен почеток во сезоната 2017, завршувајќи осми на Тирено-Адријатико и деветти на Трката околу Баскија. Негова последна трка пред Тур де Франс, била Рут ди Сид, каде завршил осми. Уран ја освоил деветтата етапа на Тур де Франс 2017 во фото-завршница пред Варан Баргиј (Тим Санвеб) и покрај тоа што менувачот му бил оштетен во пад со Ричи Порт (Ванти-Груп Гобер) при спуст.[27] Приближувајќи се кон завршната недела, Уран бил четврти во генералниот пласман, само 29 секунди зад предводникот Крис Фрум (Тим Скај). Како силен возач на хронометри, било јасно дека Уран ќе го предизвика Фрум за победа. Имал силен настап, на кој за малку ќе паднел на последната кривина пред да заврши 25 секунди пред Фрум. Уран се искачил на второто место во генералниот пласман, претекнувајќи го Ромен Барде. Со тоа, Колумбија првпат имала возач на подиум на Тур де Франс.

По неговото второ место на Тур де Франс во 2017 година, Уран целел на победа во 2018 година. Ја започнал сезоната во Колумбија, возејќи на националното друмско првенство, каде завршил седми. Една недела подоцна, ја освоил петтата етапа на Колумбија Оро и Пас и ја завршил трката како трет. Во јуни, Уран ја освоил третата етапа на Трката околу Словенија и ја презел водечката маичка. Меѓутоа, следната етапа, уште еден кандидат за Тур, Примож Роглич, ја презел водечката маичка и ја освоил завршната етапа додека Уран изгубил 1 минута од Роглич на хронометарот. Уран завршил втор со скоро 2 минути зад Роглич. Уран започнал на Тур де Франс 2018 како еден од главните фаворити и бил шести по осмата етапа. Меѓутоа, на деветтата етапа, Уран немал среќа и паднал при што ги повредил неговите лева рака и нога. Се мачел на првите два дена на планините пред да ја напушти трката по единаесеттата етапа.[28] Уран се вратил на трките еден месец подоцна на Класика де Сан Себастијан, каде завршил шести, кој бил негов најдобар резултат некогаш на трката. Учествувал Вуелта а Еспања и се искачувал во генералниот пласман. На претпоследната етапа, Уран завршил петти и се искачил на седмото место во генералниот пласман, што бил прв пласман меѓу првите десет на Вуелта.

Во октомври, Уран возел на Џиро дел’Емилија и завршил втор на трката. Италијанскиот возач Алесандро Де Марки нападнал рано на завршницата и другите не можеле да го следат неговото темпо. Уран бил најдобар возач во групата, откако Колумбиецот нападнал во последните 500 метри.

Уран паднал на шестата етапа на Вуелта а Еспања 2019, со што бил еден од четирите возачи кои ја напуштиле трката поради падот. Во тоа време бил шести во генералниот пласман.[29]

Достигнувања

[уреди | уреди извор]

Велодромски велосипедизам

[уреди | уреди извор]
2003
Национални јуниорски велодромски првенства
1. Бодовна трка
2. Поединечна потера
2005
Национални јуниорски велодромски првенства
1. Бодовна трка
1. Поединечна потера
1. Скреч

друмски велосипедизам

[уреди | уреди извор]
2003
Национални јуниорски друмски првенства
1. Хронометар
3. Друмска трка
2005
Национални јуниорски друмски првенства
1. Друмска трка
2007
1. Етапа 2б (ITT) Еускал Бизиклета
2. Национално друмско првенство
9. Краен пласман Тур де Свис
1. Етапа 8
2008
2. Краен пласман Волта а Каталуња
3. Џиро ди Ломбардија
7. Краен пласман Класика а Алкобендас
2009
5. Краен пласман Тур де Романди
2010
7. Краен пласман Тур де Свис
7. Класика Примавера
9. Џиро дел Пиемонт
2011
3. ГП Квебек
3. Џиро дел’Емилија
5. Лиеж-Бастон-Лиеж
5. Краен пласман Волта а Каталуња
Ја носел на етапите 14-17 на Тур де Франс
9. Класика де Сан Себастијан
2012
1. Џиро дел Пиемонт
2. Олимписка друмска трка за мажи
3. Џиро ди Ломбардија
5. Краен пласман Волта а Каталуња
1. Етапа 4
7. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Пласман за млад возач
10. Краен пласман Трка околу Полска
2013
2. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 2 (ТТТ)
1. Етапа 10
10. Краен пласман Волта ао Алгарве
10. Трофео Платха де Муро
2014
2. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 12 (ITT)
1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
3. Краен пласман Трка околу Оман
9. Краен пласман Трка околу Пекинг
2015
1. Национално хронометарско првенство
1. ГП Квебек
2. Светско првенство во екипен хронометар
3. Краен пласман Тирено-Адријатико
4. Национално друмско првенство
5. Краен пласман Волта а Каталуња
5. Краен пласман Тур де Романди
7. Страде Бјанке
10. Класика де Сан Себастијан
2016
3. Џиро ди Ломбардија
3. Џиро дел’Емилија
3. Милано-Торино
4. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
7. Краен пласман Џиро д’Италија
10. Краен пласман Волта а Каталуња
10. Гран при Квебек
2017
1. Милано-Торино
2. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 9
3. Џиро дел’Емилија
3. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
8. Краен пласман Тирено-Адријатико
8. Краен пласман Вуелта а Андалусија
8. Краен пласман Рут ди Сид
9. Краен пласман Трка околу Баскија
2018
2. Џиро дел’Емилија
2. Краен пласман Трка околу Словенија
1. Етапа 3
3. Краен пласман Колумбија Оро и Паз
1. Етапа 5
4. Џиро ди Ломбардија
6. Краен пласман Трка околу Гуангси
6. Класика де Сан Себастијан
7. Краен пласман Вуелта а Еспања
7. Тре Вали Варезине
10. Краен пласман Тирено-Адријатико
2019
3. Краен пласман Рут д’Окситан
6. Краен пласман Трка Колумбија
1. Етапа 1 (TTT)
7. Краен пласман Тур де Франс
2020
1. Етапа 1 (ТТТ) Трка Колумбија

Распоред на резултатите

[уреди | уреди извор]
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Џиро 35 7 2 2 14 7
Тур 51 23 42 2 СО 7
Вуелта 32 29 27 СО 7 СО
Распоред на резултатите на етапните трки
Етапна трка 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Париз-Ница 29 12 СО
Тирено-Адријатико 14 25 31 3 49 8 10
Волта а Каталуња 40 2 13 4 5 28 30 5 10
Трка околу Баскија СО 60 9 СО
Тур де Романди 59 20 5 14 5 СО 21
Критериум ди Дофине 37 54 28
Тур де Свис 9 7

СО = се откажал; — = не учествувал

Распоред на резултатите на класиците

[уреди | уреди извор]
Монумент 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Милано-Санремо
Трка околу Фландрија
Париз-Рубе
Лиеж-Бастоњ-Лиеж 102 5 СО 53 21 54
Џиро ди Ломбардија 3 20 11 19 3 СО СО 3 4
Класична трка 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Класика де Сан Себастијан 26 9 22 10 25 23 6
Гран при Квебек трката не постоела 3 1 10 47
Гран при Монтреал трката не постоела 45 25 29 24

СО = се откажал; — = не учествувал

  1. 1,0 1,1 1,2 „Rigoberto Uran“. Омега Парма-Квик Степ. Decolef. Архивирано од изворникот на 4 January 2014. Посетено на 3 јануари 2014.
  2. Бејкон, Елис (1 јануари 2020). „2020 Team Preview: EF Education First“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 2 јануари 2020.
  3. http://elpais.com/diario/2008/03/17/deportes/1205708427_850215.html
  4. http://www.marca.com/2011/07/17/ciclismo/tour_francia/1310924292.html
  5. „Un campeón nacido de la violencia“. Ел Паис. Посетено на 9 октомври 2009.
  6. „Urrao tiene niño mimado“. Ел Коломбијано. Посетено на 9 октомври 2009.
  7. Шејн Стоукс (23 јуни 2007). „Uran boosts Unibet morale, Efimkin still in pole position“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 12 ноември 2012.
  8. „Дојчланд Тур - повреди“. CyclingNews. Посетено на 9 октомври 2009.
  9. Бери Рајан (13 септември 2010). „Антон оди на операција во Билбао“. cyclingnews.com. Посетено на 17 јули 2011.
  10. Стефен Фаранд (28 септември 2011). „За Тим Скај потпишаа Досет, Уран и Зандио“. Cyclingnews.com. Посетено на 18 јули 2011.
  11. http://www.steephill.tv/classics/liege-bastogne-liege/
  12. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-05-18. Посетено на 2011-07-22.
  13. Брендан Галагер (16 јули 2011). „Тур де Франс 2011: Јеле Ванендерт ја освои етапата 14 додека Енди Шлек играше игра на чекање“. telegraph.co.uk. Посетено на 18 јули 2011.
  14. Адријан Алсема (21 јули 2011). „Колумбиецот Уран ја загуби белата маица на Тур де Франс“. Colombia Reports. Архивирано од изворникот на 2011-07-23. Посетено на 23 август 2011.
  15. Shane Stokes (16 август 2011). „Вигинс бара силни резултати на Вуелта а Еспања за да им се заблагодари на неговите обожаватели“. Velonation. Посетено на 23 август 2011.
  16. „Тур де Франс 2011 - Краен пласман“. LeTour.fr. Посетено на 23 август 2011.
  17. Меклери, Џон (27 мај 2012). „Џиро д'Италија 2012: Рајдер Хесједал станал првиот канадски победник на Гранд Тур по возбудливиот завршен хронометар“. The Telegraph. Telegraph Media Group Limited. Посетено на 28 јули 2012.
  18. „Винокуров го освои олимпискиот златен медал“. Cycling News. Future Publishing Limited. 28 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2012-07-31. Посетено на 28 јули 2012.
  19. „Пропадна планот за олимписко злато на Марк Кевендиш, додека Александар Винокуров го освои златото“. Посетено на 28 јули 2012.
  20. „Краен поредок“. Официјална страница на Вуелта а Еспања. Unipublic. Посетено на 27 октомври 2012.
  21. „Уран победи на Гран Пиемонт“. Cycling News. Future Publishing Limited. 27 септември 2012. Посетено на 27 октомври 2012.
  22. Бен Аткинс (29 септември 2012). „Хоаким Родригес сам до победа на дождливата Ломбардија и го презема водството во Светската турнеја“. CyclingNation. CyclingNation LLC. Посетено на 27 октомври 2012.
  23. „Sky Procycling (SKY) – GBR“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2013-12-30. Посетено на 14 јануари 2013.
  24. „ОПКС потпиша со Реншо и Уран“. Омега Парма-Квик Степ. Decolef. 1 август 2013. Архивирано од изворникот на 2014-01-29. Посетено на 6 август 2013.
  25. „Уран се повлече од Вуелта а Еспања пред етапата 17“. Cyclingnews.com. Future plc. 10 септември 2014. Посетено на 10 септември 2014.
  26. „Ригоберто Уран се приклучи на Канондејл-Гармин за 2016“. 31 август 2015. Посетено на 5 јануари 2016.
  27. Виндзор, Ричард (9 јули 2017). „Rigoberto Uran wins in photo finish as Froome keeps lead on dramatic Tour de France stage nine“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 21 јули 2017.
  28. „Rigoberto Uran abandons Tour de France after suffering in the mountains due to Roubaix crash“. Cycling Weekly (англиски). 19 јули 2018. Посетено на 15 септември 2018.
  29. „Vuelta a Espana: Jesus Herrada wins stage six“. 29 август 2019. Посетено на 30 август 2019.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]