Џиро ди Ломбардија
За трката | |
---|---|
Датум | почеток на октомври |
Регион | Ломбардија, Италија |
Месно име | Giro di Lombardia, Il Lombardia (италијански) |
Прекар | La classica delle foglie morte (италијански) Трка на паѓачките листови |
Дисциплина | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Светска турнеја на UCI |
Вид | Еднодневна трка |
Организатор | RCS Sport |
Директор на трката | Микеле Аквароне |
Историја | |
Прво одржување | 1905 |
Одржувања | 112 (до 2018) |
Прв победник | Џовани Џерби (ИТА) |
Најмногу победи | Фаусто Копи (ИТА) (5 победи) |
Неодамнешен победник | Тибо Пино (ФРА) |
Џиро ди Ломбардија (италијански: Giro di Lombardia; наречена и Трка околу Ломбардија) — класична велосипедска трка која се вози низ областа Ломбардија, во Италија. Претставува последен „монумент“ во европскиот календар и е една од последните трки во рамки на календарот на Светската турнеја, при што многупати била одлучувачка за натпреварувањето. Нејзиниот прекар е „класик на мртвите (паѓачки) лисја“ (италијански: la classica delle foglie morte) поради тоа што се одржува во есен.
Историја
[уреди | уреди извор]Првото издание било во 1905 година. Тогаш била наречена Милано-Милано. Денешното име го добила во 1907 година. Рутата се менувала повеќепати. Милано, Сесто Сан Џовани, Бергамо, Варезе, Монца, Комо биле почетни или завршни точки на трката. Во 2004 година, трката започнала во Мендрисио во Швајцарија, а завршила во Комо. Најпознато искачување е Мадона дел Гизало, кое се наоѓа во завршниот дел на трката. На врвот се наоѓа мал музеј посветен на верата и велосипедизмот.
Фаусто Копи ја освоил рекордни пет пати. Французинот Анри Пелисје и Ирецот Шон Кели се единствените неиталијански возачи кои ја освоиле трката трипати. Најнеодамнешните изданија на трката (2012 и 2013) ги освоил Хоаким Родригес.
Рута
[уреди | уреди извор]Рутата била менувана повеќепати низ годините, иако симболот на трката останало езерото Комо и искачувањето Гизало кое започнува близу Белаџо и се доаѓа до црквата Мадона дел Гизало, патронот на велосипедистите. Милано, Монца, Комо и Бергамо биле традиционално завршните градови на трката низ годините. Од 2004 година, крајот се вратил на езерото во Комо со краткото, но тешко, искачување Сан Фермо дела Баталја, неколку километри пред крајот. Во 2010 година бил воведено искачувањето Колма ди Сормано кое го заменило искачувањето Цвилјо по искачувањето Гизало. Искачувањето Сормано било исто така воведено во целосно променетата рута во 2011 година. Искачувањето било поставено пред Мадона дел Гизало. По искачувањето Гизало, следувала рамна делница до Леко за последното искачување на трката во должина од 3,4 километри. По спустот останувале само 3 километри до крајот. Стрмниот пат на искачувањето Вила Вергано се покажало за одлучувачки во 2011 и 2012 година.[1]
Години | Почеток | Крај |
---|---|---|
1905–1960 | Милано | Милано |
1961–1984 | Милано | Комо |
1984–1989 | Комо | Милано (Дуомо) |
1990–1994 | Милано | Монца |
1995–2001 | Варезе | Бергамо |
2002 | Канту | Бергамо |
2003 | Комо | Бергамо |
2004–2006 | Мендризио (ШВА) | Комо |
2007–2009 | Варезе | Комо |
2010 | Милано | Комо |
2011 | Милано | Леко |
2012–2013 | Бергамо | Леко |
2014, 2016 | Комо | Бергамо |
2015, 2017 | Бергамо | Комо |
Победници
[уреди | уреди извор]Повеќекратни победници
[уреди | уреди извор]Победи | Велосипедист | Држава | Изданија |
---|---|---|---|
5 | Фаусто Копи | Италија | 1946, 1947, 1948, 1949, 1954 |
4 | Алфредо Бинда | Италија | 1925, 1926, 1927, 1931 |
3 | Анри Пелисје | Франција | 1911, 1913, 1920 |
Костанте Џирарденго | Италија | 1919, 1921, 1922 | |
Гаетано Белони | Италија | 1915, 1918, 1928 | |
Џино Бартали | Италија | 1936, 1939, 1940 | |
Шон Кели | Ирска | 1983, 1985, 1991 | |
Дамијано Кунего | Италија | 2004, 2007, 2008 | |
2 | Џовани Брунеро | Италија | 1923, 1924 |
Алдо Бини | Италија | 1937, 1942 | |
Марио Ричи | Италија | 1941, 1945 | |
Јо де Ро | Холандија | 1962, 1963 | |
Франко Битоси | Италија | 1967, 1970 | |
Еди Меркс | Белгија | 1971, 1972 | |
Феличе Џимонди | Италија | 1966, 1973 | |
Роже де Влеминк | Белгија | 1974, 1976 | |
Франческо Мозер | Италија | 1975, 1978 | |
Бернар Ино | Франција | 1979, 1984 | |
Џанбатиста Барончели | Италија | 1977, 1986 | |
Тони Ромингер | Швајцарија | 1989, 1992 | |
Микеле Бартоли | Италија | 2002, 2003 | |
Паоло Бетини | Италија | 2005, 2006 | |
Филип Жилбер | Белгија | 2009, 2010 | |
Хоаким Родригес | Шпанија | 2012, 2013 | |
Винченцо Нибали | Италија | 2015, 2017 |
По националност
[уреди | уреди извор]# на победи | Држава |
---|---|
69 | Италија |
12 | Белгија |
12 | Франција |
5 | Швајцарија |
4 | Ирска |
3 | Холандија |
2 | Шпанија |
1 | Обединето Кралство |
1 | Ирска |
1 | Колумбија |
1 | Литванија |
1 | Луксембург |
1 | Русија |
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Џиро ди Ломбардија“ на Ризницата ? |
- Матична страница
- Достигнувања на Џиро ди Ломбардија на Cycling Archives
- Достигнувања на Џиро ди Ломбардија на Cycling Quotient