Доказ
Доказ — поим кој во својата најширока смисла вклучува сè што се користи за да се утврди или демонстрира вистинитоста на некое тврдење. Давање или прибавување докази е процесот на користење на оние работи што се или а) под претпоставка точни, или б) такви што и самите се докажуваат преку докази, за да се демонстрира вистинитоста на некои тврдење. Доказите се средството со кое се исполнува товарот на докажување.
Има многу прашања што ги опкружуваат доказите, што ги прават подложни на многу дискусии и несогласување. Покрај нивната деликатна природа, доказите имаат важна улога во многу академски дисциплини, вклучувајќи наука и право, што ја дополнуваат дискусијата што ги опкружува.
Важна разлика на полето на доказите е онаа помеѓу изведени/непотврдени докази и директни докази, или докази што ја предложуваат вистината спротивно на докази што директно ја докажуваат вистината. Многумина ја сметаат оваа граница за не-многу-јасна и за разликата се јавуваат значителни аргументи.
Товар на докажување
[уреди | уреди извор]Товарот на докажување е товарот на прибавување доволно докази за да се смени заклучокот од спротивното мислење. Оној кој не го носи товарот на докажување ја носи користа од претпоставување. Оној кој го носи товарот на докажување мора да презентира доволно докази за да го смени заклучокот во своја полза. Товарот на докажување мора да се исполни со утврдување на позитивни докази како и со негирање на доказите од спротивната страна.
Има две примарни размислувања за товарот на докажување:
1)Прашањето за тоа кај кој се наоѓа товарот.
2)Прашањето за степенот на сигурност до кој доказите мора да се придржуваат. Ова зависи и од квантитетот и од квалитетот на доказите и природата на прашањето за кое се расправа. Некои општи степени на сигурност вклучуваат најверојатен настан, основано сомнение и без никакво сомнение.
Заклучоците (од доказите) може да подлежат на критикување заради согледаниот неуспех да се исполни товарот на докажување.
Проблеми со доказите
[уреди | уреди извор]Теоријата за доказите е област окована со конфликт. Многу од овие конфликти имаат потекло од границите на човечкото познавање, област позната како епистемологија. Најверојатно, најглавното прашање за доказите е како, дали и што може поединецот да знае. (Или, со други зборови, прашањето е до кој степен дури е можно да се исполни товарот на докажување.) Ова е прашањето за границите на доказите. Некои сметаат дека сите докази се изведени/непотврдени, одбивајќи ја можноста за директни докази.
За да помогнат во справувањето со овој проблем, многу области откриле дека е корисно да се зборува за степени на докази и сигурност, особено во областа на правото.
Доказите во науката
[уреди | уреди извор]Во научните истражувања доказите се собираат преку набљудувања на феномените што се случуваат во природниот свет, или они што се создадени како експерименти во лабораторија. Научните докази обично се движат во насока на поддржување или отфрлање хипотезa.
Мора да се запамети дека товарот на докажување е кај она лице што тврди нешто. Во рамките на науката, ова се пренесува на товарот што се наоѓа кај лица што презентираат на хартија, на која тие тврдат нешто за нивните специфични сознанија. Оваа хартија се става пред комисија од судии при што презентерот мора да ги одбрани тезите наспроти сите оспорувања.
Ако доказите се спротивни на предвидени очекувања, доказите и начините на кои се прават тие често се одблизу проучувани (види враќање на експериментатор) и дури на крајот на овој процес хипотезата се одбива: Ова може да се нарече 'побивање на хипотези'. Правилата за докази што се користат во науката се собираат систематично во обид да се избегнe предрасудa својствени за анегдотични докази: Сепак, дури и анегдотичните докази се доволни за да се отфрли теорија неспоива со тој доказ, доколку има доволно повторени примери.
Докази во право
[уреди | уреди извор]Многумина може да речат дека доказите ја прават основата на секој правен систем, без кои правото би било подлежно на каприците на оние со моќ.
Во правото, произведувањето и презентирањето на докази прво зависи од тоа кај кој се наоѓа товарот на докажување. Во правото има две примарни размислувања за товарот на докажување: Првото е кај кој се наоѓа товарот на докажување. Во многу судови, особено Западните, товарот на докажување се наоѓа кај обвинителството. Второто размислување е за степенот на сигурност што доказите мора да го достигнуваат, зависно од квантитетот и квалитетот на доказите. Овие степени се различни за кривични и граѓански случаи, со тоа што првите бараат докази без основано сомнение, а вторите земаат предвид само што е тоа што најверојатно се случило. Доносителот на одлуката, често поротата, а понекогаш судија, одлучува дали товарот на докажување бил исполнет.
По одлучувањето за тоа кој ќе го носи товарот на докажување, прво се собираат доказите а потоа се презентираат пред судот:
Собирање докази
[уреди | уреди извор]Во кривична истрага, собирачите на докази се обидуваат да утврдат кој е одговорен за кривичниот акт, а не се обидуваат да докажат апстрактно или хипотетичко прашање. Фокусот на кривичните докази е да се поврзат физичките докази и исказите на сведоците со одредена личност. Додека ова е наводно не-пристрасен акт, детективите понекогаш имаат свои планови.
Докази пред суд
[уреди | уреди извор]Презентирањето докази пред суд се разликува од собирањето докази на важни начини. Собирањето докази може да се одвива во повеќе форми; презентирањето докази што имаат за цел да докажат или да побијат одредено прашање се строго раководени од правила. Неуспехот да се следат овие правила води до различен број на последици. Во правото, одредени политики дозволуваат (или бараат) одредени докази да бидат исклучени од разгледување врз основа на дистинктивни белези што се однесуваат на веродостојност, или пошироки социјални интереси. Сведочења (што кажуваат) и докази (што покажуваат) се двете најважни категории на докази што се презентираат на судење или сослушување. Во федерален суд, доказите се прифаќаат или одбиваат според Федералните правила за докази.[1]
Видови докази
[уреди | уреди извор]Надворешни извори
[уреди | уреди извор]- ASTM E141 Стандардна практика за прифаќање докази врз основа на резултатите од Испитувањето на веројатноста (ASTM E 141 Standard Practice for Acceptance of Evidence Based on the Results of Probability Sampling
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Federal Rules of Evidence 2008“. Архивирано од изворникот на 2010-08-19. Посетено на 2009-06-11.