Прејди на содржината

The Edge of Glory

Од Википедија — слободната енциклопедија
„The Edge of Glory“
Сингл од Лејди Гага
од албумот Born This Way
Издаден мај 9 2011 (2011-05-09)
Текстописец Лејди Гага, Фернандо Гарибеј, Диџеј Вајт Шадоу
Формат ЦД сингл, дигитално спуштање
Снимен 2010; The Living Room Studios, Осло, Норвешка
Жанр Електро рок, денс-поп, синтпоп
Должина 5:20 (Сингл верзија)
4:21 (Радио верзија)
Издавачка куќа Streamline, Interscope, Kon Live
Продуцент Лејди Гага, Фернандо Гарибеј
Хронологија на синглови на Лејди Гага
Judas
(2011)
The Edge of Glory
(2011)
Yoü and I
(2011)

The Edge of Glory“ е песна од американската пејачка и текстописец Лејди Гага од нејзиниот втор студиски албум, Born This Way (2011). Песната била издадена дигитално на 9 мај 2011 и била испратена до радијата во САД на 17 мај 2011 година. „The Edge of Glory“ заедно со „Hair“, биле оригинално издадени како два промоциоанлни синглови пред издавањето на Born This Way. Следејќи го успехот на песната ширум светот, било изјавено дека песната ќе служи како третиот официјален сингл од албумот.[1]

„The Edge of Glory“ содржи продукции од Лејди Гага, Фернандо Гарибеј и диџеј Вајт Шадоу. Снимачките сесии за песната биле одржани во The Living Room Studios во Осло, Норвешка и Германо Студиос во Њујорк Сити. „The Edge of Glory“ е денс песна која зборува за последните моменти на живеењето на Земјата. Според Гага, инспирацијата за текстот дошла од смртта на нејзиниот дедо, во септември 2010. Мелодијата на песната потсетува на работата на Брус Спрингстин и содржи музика како електро рок и синтпоп. Забележливо е и користењето на саксофонско соло, изведено од Кларенс Клејмон, кој бил член на бендот The E Street Band пред неговата смрт.

Критичарите ја пофалиле „The Edge of Glory“, со тврдењето дека песната е најдобрата во албумот. Повеќето ги пофалиле продукцијата и рефренот на песната. Критичарите ги пофалиле и вокалите на Гага. опишувајќи ги како „душевни“. Песната се искачила меѓу првите десет места во неколку поголеми музички паркети, вклучувајќи ги оние во Канада, Белгија, Норвешка, Шпанија и Нов Зеланд. Во САД, се искачила на третото место на Билборд Хот 100, со што станал десеттиот последователен топ-десет сингл на Гага во САД.[2]

Музичкото видео за песната било снимено кон крајот на мај и било ко-режирано од Гага и Haus of Gaga. Видеото е поедноставно за разлика од претходните нејзини музички видеа. Содржи драматични разлики вклучувајќи ја едноставната кореографија, недостатокот на позадински танџери и користењето на облека дизајнирана од Версаче. Критичарите ја пофалиле едноставноста на видеото, а неколку од нив го споредиле видеото со работата на Мајкл Џексон и Мадона, во песните „Billie Jean“ и „Papa Don't Preach“.

Позадина и издавање

[уреди | уреди извор]

„The Edge of Glory“ е напишана од Лејди Гага, Фернандо Гарибеј и диџеј Вајт Шадоу, а била продуцирана од Гага и Гарибеј.[3][4] Почетоците на текстот излегле во јануари 2011, кога Гага ги задевала обожавателите со текстот на песната.[5]

Список на песни

[уреди | уреди извор]
  • Дигитално спуштање[6]
  1. „The Edge of Glory“ - 5:20
  • ЦД сингл[7]
  1. „The Edge of Glory“ (Радио Верзија) - 4:20
  2. „The Edge of Glory“ (Клуб Микс од Cahill) - 7:26

Кредити и личности

[уреди | уреди извор]

Кредитите за „The Edge of Glory“ се преземени од забелешките во Born This Way.[3]

  • Џорџ Тандеро – снимачки асистент
  • Кен Кнапстад – снимачки асистент
  • Били Малина – дополнителен инжинеринг
  • Кента Јонесака – миксинг асистент
  • Кевин Портер – миксинг асистент
  • Ал Карлсон – миксинг асистент
  • Гене Грималди – мастеринг

  1. „Lady Gaga Makes 'The Edge Of Glory' Next Official Single“.
  2. Trust, Gary (2011-05-18). „Adele Stays Atop Hot 100, Lady Gaga Makes 'Glory'-ous Start“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на 2011-05-18.
  3. 3,0 3,1 (2011) Release notes for Born This Way by Lady Gaga (liner notes). Interscope Records (B0015374-72).
  4. Blauvelt, Christian (2011-05-09). „Lady Gaga releases new single 'The Edge of Glory': Listen here“. Entertainment Weekly. Time, Inc. Архивирано од изворникот на 2011-05-10. Посетено на 2011-05-09.
  5. Vena, Jocelyn (2011-05-05). „Lady Gaga Teases 'The Edge Of Glory' Release On Monday“. MTV (MTV Networks). Архивирано од изворникот на 2012-11-07. Посетено на 2011-05-09.
  6. „The Edge of Glory - Single“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на 2011-05-13.
  7. „The Edge of Glory (2-Track): Lady Gaga: Amazon.de: Musik“. Amazon.com. 2011-07-08. Посетено на 2011-07-05.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]