Прејди на содржината

Tears for Fears

Од Википедија — слободната енциклопедија
Tears for Fears
Tears for Fears во 2017.
Курт Смит (лево) и Роланд Орзабал (десно)
Животописни податоци
ПотеклоБат, Англија
Жанрови
Период на активност1981–денес
Издавачи
Мреж. местоtearsforfears.com
Членови
Поранешни членови
  • Мани Елијас
  • Ијан Стенли

Tears for Fears ― англиска поп-рок група основана во Бат во 1981 година. Групата ја основале Курт Смит и Роланд Орзабал откако се распаднала нивната прва група, Graduate. Tears for Fears жанровски се вбројува во синтисајзерски поп-групи, а исто така се сметаат за дел од Втората британска инвазија.[8]

Во 2021 година, Орзабал и Смит ја добиле наградата Ајвор Новело за „извонредна колекција на песни“, со што се признаваат „албумите на Tears for Fears кои ја дефинираа ерата“ и „критички ценетите и иновативни хит-синглови“.[9]

Историја

[уреди | уреди извор]

Орзабал и Смит се запознале како тинејџери во градот Бат во Англија. На музичката сцена се појавиле како членови на групата Graduate.[10] Групата се распаднала во 1981 година. Набргу потоа, Орзабал и Смит станале сесиски музичари на групата Неон,[11] каде се запознале со идниот тапанар на Tears for Fears, Мани Елиас. Орзабал и Смит продолжиле да работат заедно, црпејќи инспирација од музичари како: Talking Heads, Питер Гејбриел и Брајан Ино.[12] [13]

Орзабал и Смит биле импресионирани од синт-поп музиката на песната од Гери Њуман „Are 'Friends' Electric?“ (1979), и почнале да се стремат сами да направат таква музика. Се одлучиле за нивната нова електронска насока откако ги слушнале делата на групи како: Orchestral Maneuvers in the Dark (OMD), Depeche Mode и Human League. [10] Пост-панк групата Joy Division исто така влијаела на нивниот музички правец, инспирирајќи го Орзабал да пишува поинтроспективни и лични песни.[12] [14]

Името Tears for Fears (во буквален превод: Солзи за стравови) било инспирирано од примарната терапија, развиена од американскиот психолог Артур Јанов, која добила огромен публицитет откако Џон Ленон станал пациент на Јанов во 1970 година.[15] Кога Орзабал и Смит конечно го запознале Јанов кон средината на 1980-тите, биле разочарани кога откриле дека тој станал прилично „холивудски“ и сакал групата да напише мјузикл за него.[16]

Во 1981 година Tears for Fears потпишале договор со Mercury Records во Велика Британија. Нивниот прв сингл, "Suffer the Children" бил издаден во ноември 1981 година, а во март 1982 година го издале "Pale Shelter". Нивните први две изданија не биле успешни.

The Hurting и први хит-синглови (1982-1983)

[уреди | уреди извор]

Групата го вкусила успехот со нивниот трет сингл, "Mad World", кој во ноември 1982 година стигнал до трето место во ОК.[17] Нивниот прв албум, The Hurting, бил објавен во март 1983 година. Албумот бил одраз на тешкото детство на Орзабал и имал многу уникатен звук. Од овој глобално успешен албум биле објавени четири синглови: Suffer the Children, Change, Mad World и Pale Shelter. Во 2000 година, Гери Џулс и Мајкл Ендрјус повторно ја снимиле песната Mad World како тема за филмот Дони Дарко и таа успеала да се пробие на топ-листите на крајот од 2003 година, достигнувајќи го првото место во Велика Британија.

Songs from the Big Chair и светска слава (1984–1986)

[уреди | уреди извор]
Tears for Fears на фотографија од 1985 година

Нивниот втор албум, Songs from the Big Chair (објавен во февруари 1985 година), кој дебитирал на британската листа за албуми на второ место, се задржал во горниот дел на листата во следните 12 месеци. Тие го отстраниле претежно синт-поп звукот од првиот албум и употребиле пософистициран звук кој ќе стане стилски белег на групата. Албумот Songs from the Big Chair станал еден од најпродаваните албума за таа година ширум светот.[18]

Од албумот произлегле низа хит-синглови: „Mothers Talk“ (повторно снимен за неговото издавање во САД во 1986 година), „Shout“ (бр. 4 во ОК, бр. 1 во САД, Австралија, Канада, Германија, Холандија, Швајцарија и огромен хит на други територии), „Everybody Wants to Rule the World “ (нивен највисок пласман во Велика Британија и Ирска на второ место и уште еден бр. 1 во САД и во Канада ), „Head over Heels“ (Велика Британија бр. 12, САД бр. 3, Ирска бр. 5, Канада бр. 8) и „I Believe (A Soulful Re-Recording)“ (Велика Британија бр. 23 и Ирска бр. 10). [19]

По објавувањето на албумот, групата тргнала на светска турнеја која траела до крајот на годината. Во септември 1985 година, групата ја извела песната „Shout“ на доделувањето на MTV Video Music Awards во 1985 година во Radio City Music Hall во Њујорк.[20] Исто така, за време на турнејата, Орзабал и Смит откриле американска пејачка/пијанистка, Олета Адамс, која настапувала во хотелски бар во Канзас Сити, и која ја поканиле на соработка за нивниот следен албум.

Во февруари 1986 година, на Британските музички награди Tears for Fears ја освоиле наградата за најдобар британски сингл за „Everybody Wants to Rule the World“.[21] Групата била номинирана и за најдобра британска група и за најдобар британски албум, а Крис Хјуз бил номиниран за најдобар продуцент.[21]Во исто време, групата била номинирана за Омилена поп/рок дуо/група и омилен поп/рок дуо/група видео изведувач на Американските музички награди во Лос Анџелес во 1986 година.[22]

Истата година, Орзабал и Стенли заедно работеле на спореден проект наречен Манкраб и издале сингл, „Fish for Life“, напишан за саундтракот на филмот „Карате кид“, Втор дел.

На 13 јули 1985 година, Tears for Fears требало да настапат на стадионот Џон Кенеди во Филаделфија за хуманитарниот настан Live Aid. Сепак, утрото на денот на настанот било објавено дека групата се повлекла од концертот. Официјална причина за нивното откажување било тоа што двајца од нивните придружни музичари, гитаристот Ендрју Сандерс и саксофонистот Вил Грегори, дале отказ поради истекот на нивниот договор; тие биле заменети со Алан Грифитс на гитара и Џозефин Велс на саксофон за преостанатиот дел од светската турнеја во 1985 година.

The Seeds of Love (1987-1990)

[уреди | уреди извор]

Во 1989 година групата го издала нивниот трет албум, The Seeds of Love (на кој Ијан Стенли за последен пат се појавил како член на Tears for Fears), со пријавена продукциска цена од над милион фунти.[23] [24] Голем дел од материјалот бил снимен во џем сесии и подоцна едитиран.

Албумот го задржал препознатливиот звук на групата, но имал поголемо влијание на други правци како: џез, блуз и музичкиот стил на Битлси.[25] Фил Колинс свирел на тапани на синглот Woman in Chains. Олета Адамс, која започнала успешна соло-кариера благодарение на соработката со Орзабал, била вклучена во албумот како пејачка и пијанистка.

Албумот бил успешен во светски рамки, дебитирал на британската топ-листа за албуми на прво место, се пласирал во топ-10 во САД и во многу други земји, а бил продаден во милиони примероци на светско ниво. Групата тргнала на обемна светска турнеја „Seeds of Love“ спонзорирана од Philips за да го покријат долгот настанат за време на снимањете.

Распаѓање (1991–1992)

[уреди | уреди извор]

По The Seeds of Love, Орзабал и Смит имале жестоки расправии и се разделиле во 1991 година. Како причина биле наведени перфекционистичкиот пристап на Орзабал кон продуцирањето и одложувањата поради џетсетерскиот начин на живот на Смит и желбата да го успори темпото на објавување на нова музика (Смит исто така минувал низ процес на развод во тоа време).[26] Друга причина за распадот бил менаџерот на групата, Пол Кинг, кој прогласил банкрот во 1990 година, а во 2004 година бил осуден за измама.[27] [28]

Солистички проекти и повторно обединување (1993-денес)

[уреди | уреди извор]

Орзабал го задржал името Tears for Fears како соло проект и ги објавил албумите Elemental (1993), на кој бил и меѓународниот хит „Break It Down Again“ и Raoul and the Kings of Spain (1995). Орзабал и Смит се смириле во 2000 година и во 2004 година издале албум со нов материјал, Everybody Loves a Happy End. Оттогаш дуото имаат полуредовна турнеја. Откако речиси една деценија работеле на седмиот албум на групата, The Tipping Point, бил издаден во 2022 година,[29] а со него групата по шести пат се пласирала во топ-5 во Велика Британија. Албумот се пласирал во топ-10 во многу други земји.

Членови на групата

[уреди | уреди извор]

Сегашни членови

  • Роланд Орзабал – гитари, клавијатури, водечки и придружни вокали, бас (1981–денес)
  • Керт Смит – бас, клавијатури, водечки и придружни вокали (1981–1991, 2000–денес)

Поранешни членови

  • Мани Елиас – тапани, перкусии (1981–1986)
  • Иан Стенли – клавијатури, придружни вокали (1981–1987)

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • The Hurting (1983)
  • Songs from the Big Chair (1985)
  • The Seeds of Love (1989)
  • Elemental (1993) (without Curt Smith)
  • Raoul and the Kings of Spain (1995) (without Curt Smith)
  • Everybody Loves a Happy Ending (2004)
  • The Tipping Point (2022)
  • Songs for a Nervous Planet (2024)
  1. Rayner, Ben. „Tears for Fears, Wings, Ella Fitzgerald: Reasons to Live“. The Star. Посетено на 18 March 2014.
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име CoS.
  3. Whitmire, Margo (11 September 2004). „Tears for Fears Try New Door“. Billboard. том 116 no. 37. стр. 5, 60. ISSN 0006-2510.
  4. Adams, Gregory (2 August 2013). „Tears for Fears Treat 'The Hurting' to 30th Anniversary Reissue“. Exclaim!. Посетено на 4 November 2014.
  5. Pryweller, Joseph (13 February 1990). „Music: New Model Tears Hits the Road“. Daily Press (Virginia). Архивирано од изворникот на 4 November 2014. Посетено на 4 November 2014.
  6. Reynolds, Simon (2009). Rip It Up and Start Again: Postpunk 1978–1984. Faber and Faber. ISBN 978-0-5712-5227-5.
  7. Erlewine, Stephen Thomas. „Tears for Fears – Artist Biography“. AllMusic. Посетено на 19 January 2014.
  8. Sujansky, Joanne; Ferri-Reed, Jan (2009). Keeping the Millennials: Why Companies Are Losing Billions in Turnover to This Generation- and What to Do About It. John Wiley & Sons. стр. 66. ISBN 978-0-4704-3851-0.
  9. „The Ivors with Apple Music 2021 winners announced“. The Ivors Academy. 21 September 2021. Посетено на 3 May 2022.
  10. 10,0 10,1 „Tears for Fears' "Mad World": The Story Behind the Unexpected Hit“. Consequence. 1 March 2022. Архивирано од изворникот на 2023-04-14. Посетено на 3 May 2022.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  11. Wårstad, Jonas. „Naked Eyes – The Story“. Discog.info. Посетено на 17 August 2011.
  12. 12,0 12,1 „How We Wrote Our First Record: Tears for Fears revisit 'The Hurting'. Noisey. 22 January 2014. Посетено на 12 April 2017.
  13. Horn, Mark C. (17 July 2017). „Tears for Fears' Curt Smith on Finding Creative Balance“. Phoenix New Times. Посетено на 3 May 2022.
  14. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име BBC20.
  15. Hunt, Dennis (4 August 1985). „Primal Scream Is Behind Tears for Fears“. The Seattle Times. стр. L2.
  16. Comaratta, Len (6 November 2014). „Tears for Fears' Curt Smith: Back in the Big Chair“. Consequence. Посетено на 3 May 2022.
  17. „Official Singles Chart Top 75: 31 October 1982 – 06 November 1982“. Official Charts Company. Посетено на 11 May 2015.
  18. „Tears for Fears – Awards“. AllMusic. Посетено на 19 January 2014.
  19. Emerson, Bo. (9 February 1990). „Tears for Fears: Dynamic Duo Keeps Lucky Streak Alive“. Ottawa Citizen. стр. D3.
  20. „MTV Video Music Awards – Performers“. MTV. Архивирано од изворникот на 2013-08-04. Посетено на 4 December 2011.
  21. 21,0 21,1 „Brit Awards 1986 Winners“. Brit Awards. Архивирано од изворникот на 2014-03-17. Посетено на 15 May 2011.
  22. List of 1986 awards and nominations
  23. Humphries, Stephen (9 November 2001). „Singer sheds Tears for Fears“. The Christian Science Monitor.
  24. Shuster, Fred (8 December 1995). „Tears Leader has no Fears Exploring the Past“. Los Angeles Daily News. Архивирано од изворникот на 24 September 2015.
  25. Jae-Ha, Kim (5 February 1990). „Tears for Fears Partners Plant New Pop 'Seeds'. Chicago Sun-Times. Архивирано од изворникот на 24 September 2015.
  26. Behr, Felix (14 August 2020). „This Is Why Tears for Fears Broke Up in the 90s“. Grunge.com. Посетено на 10 June 2021.
  27. Doward, Jamie (4 August 2002). „Nursing a King-size hangover“. The Guardian. Посетено на 26 August 2012.
  28. „Ex-Tears For Fears Manager Jailed“. Music News. 10 May 2004. Посетено на 26 August 2012.
  29. Празен навод (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]