Pixies
Pixies | |
---|---|
The Pixies на настап во 2019. Од лево: Џои Сантјаго, Блек Френсис, Дејвид Ловеринг, Паз Ленчантин | |
Животописни податоци | |
Потекло | Бостон, Масачусетс, САД |
Жанрови | |
Период на активност |
|
Издавачи |
|
Мреж. место | pixiesmusic.com |
Членови | |
| |
Поранешни членови | |
|
The Pixies ― американска рок група основана во 1986 година, во Бостон. До 2013 година, членови на групата биле Блек Френсис (вокал, ритам гитара, текстописец), Џои Сантјаго (гитара), Ким Дил (бас, вокал) и Дејвид Ловеринг (тапани). Во 1993 година, членовите се скарале и групата се распаднала; повторно се обединиле во 2004 година. По заминувањето на Дил во 2013 година, Pixies за своите турнеи како басист ја ангажирале Ким Шатак; истата година таа била заменета со Паз Ленчатин, која станала постојан член во 2016 година.
Pixies се поврзуваат со алтернативниот рок бум од 1990-тите и обично нивната музика има панк рок и сурф рок елементи. Нивната музика е позната и по динамичните „гласно-тивко-гласно“ промени и структурата на песната. Френсис е главен текстописец за Pixies; неговите стихови често имаат невообичаена тематика како вонземјани, инцест и библиско насилство. Бендот имал скромна популарност во САД, но бил многу поуспешен во Европа. Нивниот поп звук влијаел врз групи како: Нирвана, Radiohead, Smashing Pumpkins и Weezer. Популарноста на Pixies растела во годините по нивното распаѓање, што довело до нивно повторно обединување во 2004 година, распродадени светски турнеи и уште четири нови албуми: Indie Cindy (2014), Head Carrier (2016), Beneath the Eyrie (2019) и Doggerel (2022).
Дискографија
[уреди | уреди извор]Студиски албуми
[уреди | уреди извор]- Surfer Rosa (1988)
- Doolittle (1989)
- Bossanova (1990)
- Trompe le Monde (1991)
- Indie Cindy (2014)
- Head Carrier (2016)
- Beneath the Eyrie (2019)
- Doggerel (2022)
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Pixies на Curlie (англиски)
|