MC Hammer
MC Hammer | |
---|---|
MC Hammer во 2010 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Стенли Кирк Барел |
Познат(а) и како |
|
Роден(а) | 30 март 1962 Оукленд, Калифорнија, САД |
Жанрови | |
Занимања |
|
Период на активност | 1973–денес |
Издавачи |
Стенли Кирк Барел (англ. Stanley Kirk Burrell; роден на 30 март 1962 година), познат по неговото уметничко име MC Hammer (Ем-си Хамер или само Хамер) ― американски рапер кој најголема слава уживал во доцните 1980-ти и раните 1990-ти. Покрај по неговите хит-песни (меѓу кои најпознати се „U Can't Touch This“, „2 Legit 2 Quit“ и „Pumps and a Bump“), познат е и по неговите танчерски движења, екстравагантната кореографија и неговите „Хамер“ панталони.[2] Тој се смета за една од иконите на поп-културата.[3][4]
Хамер се смета за „прататко“ и иноватор[5] на поп-рапот (вклучувајќи елементи на музика во слободен стил) и бил прв хип-хоп изведувач кој продал албум во дијамантски тираж во САД (албумот Please Hammer Don't Hurt Ем).[6][7][8] Неговата популарност опаднала во средината на 1990-тите (што довело до негов банкрот во 1996 година).[9]
Американскиот кабловски канал, BET, го ставил Хамер на седмо место на нивниот список од „Најдобри танчери на сите времиња“.[10]
Животопис
[уреди | уреди извор]Стенли Кирк Барел бил роден на 30 март 1962 година во Оукленд, Калифорнија.[11] Mузичката кариера ја започнал во 1980-тите со основање на христијанската рап-група „Holy Ghost Boys“.[12] Откако издале неколку успешни песни, во 1986 година Хамер ја основал издавачката куќа Bust It Records,[13] а истата година го одбрал уметничкото име MC Hammer и го издал неговиот прв соло-албум Feel My Power. По успехот со албумот набрзо потпишал договор за издавање на неколку албуми со издавачката куќа Capitol Records.[14]
Откако потпишал за Capitol Records, Хамер го реиздал неговиот прв албум (ревидирана верзија на Feel My Power) со додадени нови песни, кој се продал во над два милиони примероци. Потоа ги издал албумите: Let's Get It Started (1988) и Please Hammer, Don't Hurt 'Em (1990),[15] на кој се наоѓала песната „Can't Touch This“ која станала голем хит. За песната бил снимен спот со познатиот танц на Хамер. Албумот 21 недела бил на врвот на топ-листата за албуми во САД и со 18 милиони продадени примероци станал прв хип-хоп албум продаден во дијамантски тираж.[16][17][18][19] Поради големата слава која ја стекнал, почнале да се произведуваат и фигури со неговиот лик, а бил снимен и филмот „Please Hammer Don't Hurt 'Em: The Movie“ (1990).
Кон Хамер биле упатени критики поради: повторувањето на стиховите, неговиот имиџ и претераното потпирање на семплови од други музичари во основата на неговите песни. Тој бил исмејуван во музички спотови од 3rd Bass, The DOC, DJ Debranz и Ice Cube. И покрај критиките, Хамер продолжил со успешната кариера и имал турнеи во: Азија, Европа, Австралија и Русија. Добил и свој цртан филм, под името Хамерман за кого го позајмил гласот.[20]
Откако јавно го отфрлил „MC“ од неговото уметничко име, Хамер го издал албумот Too Legit to Quit (1991). Насловната песна била најголем хит-сингл од овој албум. Албумот се искачил на 5-то место на Билборд 200. Потоа објавил уште еден хит, под наслов „Adams Groove“ (кој се појавил и на саундтракот од филмот Семејството Адамс). За синглот „2 Legit 2 Quit" бил снимен и видео запис кој се смета за еден од најскапите спотови на сите времиња поради појавата на многу познати личности во него.[21]
Во 1994 година, Хамер издал албум под наслов The Funky Headhunter. Иако Хамер го променил имиџот, стиховите на песните останале речисти исти без воопшто да спомнува вулгарности.[22] Овој албум се искачил на второ место на R&B топ-листата,[23] и во САД бил сертифициран со платина.[24]
Во 1995 година, Хамер го издал албумот Inside Out. Албумот се продавал слабо во споредба со неговите претходни изданија и Хамер бил исфрлен од Giant Records. Поради неуспехот на албумот, луксузниот живот и заемите што им ги давал на пријателите, Хамер се нашол во долгови од 13 милиони долари, а во април 1996 година прогласил банкрот.
Шест месеци подоцна, со издавачката куќа EMI ја издал неговата прва компилација со најголеми хитови.[25] Во 2001 година, го издал албумот Active Duty под неговата сопствена издавачка куќа WorldHit Music Group. Албумот бил издаден по повод нападот на Светскиот трговски центар во Њујорк, а дел од заработката била донирана за жртвите од терористичките напади од 11 септември 2001 година.[26][27][28] И покрај тоа, како и следните албуми Full Blast (2004), Look Look Look (2006) и DanceJamtheMusic (2009), албумот не постигнал поголем успех.
Дискографија
[уреди | уреди извор]- Feel My Power (1986)
- Let's Get It Started (1988)
- Please Hammer Don't Hurt 'Em (1990)
- Too Legit to Quit (1991)
- The Funky Headhunter (1994)
- Inside Out (1995)
- Active Duty (2001)
- Full Blast (2004)
- Look Look Look (2006)
- DanceJamtheMusic (2009)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Huey, Stephen. „MC Hammer AllMusic Biography“. AllMusic. Посетено на December 1, 2023.
West Coast rapper whose upbeat, pop-friendly style made him hip-hop's first multi-platinum, crossover superstar.
- ↑ Huey, Steve. „MC Hammer“. AllMusic. Посетено на October 29, 2019.
- ↑ „MC Hammer - Biography, Age, Songs and Featurings - Pianity“. pianity.com (англиски). Посетено на 2024-10-26.
- ↑ „OAKLAND to ICON – Mc Hammer | MakersPlace Editorial“. rare.makersplace.com (англиски). 2021-11-02. Посетено на 2024-10-26.
- ↑ „'It's Hammer time!' M.C. Hammer: upbeat performer with high-voltage stage show broadens rap's appeal“. Ebony. December 1990.
- ↑ „Please Hammer, Don't Hurt 'Em: Overview“. AllMusic.
- ↑ Грешка во повикувањето на Шаблон:Наведена изјава за печат: Параметарот title мора да се определи
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Rich and famous people who found themselves bankrupt“. MSN. Посетено на April 11, 2022.
- ↑ „The Legendary James Brown Rightfully Peaks List of BET's TOP 25 DANCERS of All Time“. BET. Архивирано од изворникот на June 3, 2009.
- ↑ „MC Hammer“. Encyclopedia.com. Посетено на November 29, 2019.
- ↑ „MC Hammer | full Official Chart History“. Official Charts.
- ↑ „'It's Hammer time!' M.C. Hammer: upbeat performer with high-voltage stage show broadens rap's appeal“. Ebony. December 1990.
- ↑ „MC Hammer: Biography from“. Answers.com. Посетено на October 22, 2010.
- ↑ „M.C. Hammer: Please Hammer Don't Hurt 'Em :: Capitol Records“. Rapreviews.com. June 24, 2008. Посетено на March 31, 2010.
- ↑ „Please Hammer, Don't Hurt 'Em: Overview“. AllMusic.
- ↑ "Hammertime Holdings Retains OTC Financial Network To Direct Investor Relations Campaign". Соопштение за печат.
- ↑ Cassidy, John (January 7, 2009). „The Talk of the Town: Under the Hammer“. The New Yorker. Посетено на March 31, 2010.
- ↑ „article“. time.com. June 24, 2001. Архивирано од изворникот на August 30, 2010. Посетено на May 12, 2010.
- ↑ „MC Hammer To Perform At Reds Game“. June 25, 2010. Архивирано од изворникот на August 18, 2016.
- ↑ Leland, John (December 9, 1991). „Superstars And Super Hype To The Rescue“. Newsweek. Архивирано од изворникот на May 28, 2009. Посетено на May 10, 2009.
- ↑ Sandow, Greg (February 16, 1990). „Please Hammer Don't Hurt 'Em“. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот на December 17, 2011. Посетено на March 31, 2010.
- ↑ Hammer. „The Funky Headhunter: Information from“. Answers.com. Посетено на May 10, 2011.
- ↑ „Gold & Platinum: RIAA“. RIAA. Посетено на August 29, 2020.
- ↑ „Greatest Hits by M.C. Hammer Specs“. DealTime.
- ↑ „Hammer – Rhapsody Music Downloads“. VH1.com. Архивирано од изворникот на October 22, 2012. Посетено на March 31, 2010.
- ↑ „MC Hammer releases message to America“. CNN. November 22, 2001. Архивирано од изворникот на June 2, 2009. Посетено на May 12, 2009.
- ↑ „MC Hammer News – Yahoo! Music“. New.music.yahoo.com. August 1, 2001. Архивирано од изворникот на July 10, 2012. Посетено на March 31, 2010.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Блогот на MC Hammer
- MC Hammer на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
|
- Поп рапери
- Добитници на Греми за рап-музика
- Добитници на Британски музички награди
- Американски кореографи
- Американски пејачи и пејачки од 21 век
- Американски пејачи и пејачки од 20 век
- Родени во 1962 година
- Пејачи од Оукленд
- Добитници на Џуно награда
- Американски претприемачи
- Американски танчери
- Американски инвеститори
- Американски рапери