Hey There Delilah
„Hey There Delilah“ | ||||
---|---|---|---|---|
Корицата на песната | ||||
сингл од Plain White T's | ||||
од албумот All That We Needed и Every Second Counts | ||||
B-side | "Easy Way Out" | |||
Пуштена | 9 мај 2006 г. | |||
Снимена | април 2004 г., Северен Холивуд, Лос Анџелес[1] | |||
Жанр | ||||
Должина | 3:52 | |||
Марка | ||||
Песнописец | Том Хигенсон | |||
Plain White T's ― синглова хронологија | ||||
|
Hey There Delilah (македонски: Еј, Дилајла) — песна на американската поп-фолк група Plain White T's. Издадена е во мај 2006 г. како трет сингл од нивниот трет студиски албум, All That We Needed. Добила радиоприкажување во текот на следната година и се искачила на бр. 1 на Billboard Hot 100 во јули 2007 г. Песната била претставена на телевизиските емисии „Journeyman“, „I Love the New Millenium“, „Портокаловото е новото црно“ и „Семеен човек“.
„Hey There Delilah“ често се смета за современа балада, а нејзината популарност траела низ годините. Останува една од најпознатите и најуспешните песни на Plain White T's. Успехот на песната во голема мера се припишува на нејзината сеопфатна тема на љубовта, сврзувајќи ја со привлечната мелодија и искреното акустично исполнување.
Толкување и текст
[уреди | уреди извор]Приказната на песната се врти околу една врска на далечина, каде што пејачот ги изразува своите чувства и посветеност на една девојка по име Дилајла. Во стиховите, пејачот ја уверува Дилајла дека и покрај физичката оддалеченост меѓу нив, тој ѝ е посветен и верува дека ќе успеат да поминат низ предизвиците. Песната ги доловува чувствата и копнежот што често ја придружуваат врската каде што партнерите се разделени поради оддалеченост.
Едноставноста на акустичниот аранжман и искрените љубовни текстови придонеле за широката популарност на песната, правејќи ја светски хит и добивајќи пофалби од критичарите.
Текст
[уреди | уреди извор]Текстот е прилагоден на македонски.
Hey There Delilah | Еј, Дилајла |
---|---|
[Строфа 1] |
[Строфа 1] |
Создавање и снимање
[уреди | уреди извор]Песната е снимена во Северен Холивуд за третиот албум на Plain White T's — „All That We Needed“. На следниот албум, „Every Second Counts“, „Hey There Delilah“ е вклучена како бонусна песна; жичениот дел што недостасува од оригиналот е напишан и изведен од Ерик Ремшнајдер.[6]
Песната е напишана од водачот на групата Том Хигенсон по средбата со спортистката и тркачка Дилајла Дикрешенцо.[7][8]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Plain White T's website – Recording journal“. 2004-06-07. Архивирано од изворникот на 7 June 2004. Посетено на 2022-08-14.
- ↑ Mervis, Scott (December 12, 2013). „Review: O Starry Night show big on hits, low on production“. Pittsburgh Post-Gazette. Посетено на February 18, 2018.
- ↑ Neustaeter, Brooklyn (August 8, 2018). „Plain White T's 'Hey There Delilah' Is Being Turned Into A TV Show“. Much. Архивирано од изворникот на February 25, 2019. Посетено на April 2, 2019.
- ↑ Partridge, Ken (November 23, 2021). „Rod Wave Interpolates Plain White T's On New Song "By Your Side"“. Genius. Посетено на December 7, 2021.
- ↑ „10 EMO SONGS FROM 2005 THAT NEVER LEFT YOUR PLAYLIST“. Alternative Press. February 14, 2020. Посетено на December 9, 2021.
- ↑ „Plain White T's 'Hey There Delilah' Is Number One“. Ultimate Guitar. Архивирано од изворникот на 2011-06-05. Посетено на 2008-11-11. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=
(се препорачува|url-status=
) (help) - ↑ Silvia Pingitore (2021-11-11). „The only interview with Tom Higgenson that is not just about Hey There Delilah“ (англиски). Посетено на 2023-06-19.
- ↑ Celizic, Mike (2008-01-23). „Muse shares story behind 'Hey There Delilah'“. Архивирано од изворникот на 2009-02-21. Посетено на 2009-02-07. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=
(се препорачува|url-status=
) (help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Hey There Delilah“ на Ризницата ? |