Grateful Dead
Grateful Dead | |
---|---|
Промотивна фотографија на Grateful Dead во 1970. Од лево кон десно: Бил Кројцман, Рон Мекернан, Џери Гарсија, Боб Вир, Мики Харт и Фил Леш. | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како | The Warlocks |
Потекло | Пало Алто, Калифорнија, САД |
Жанрови | Рок |
Период на активност | 1965–1995 |
Издавачи | |
Мреж. место | dead.net |
Грејтфул дед (англиски: Grateful Dead) — американска рок-група основана во 1965 година во Пало Алто, Калифорнија.[1][2] Групата е позната по својот исклучителен и еклектичен стил, кој ги спојува елементите на рок, психоделија, експериментална музика, џез, кантри, фолк, блуграс, блуз, реге и спејс рок при изведби во живо,[3][4] како и по верната публика. „Нивната музика“, напишал Лени Кеј, „допира на терен за кој повеќето други групи дури и не знаат дека постои“.[5]
Групата „Грејтфул дед“ била основан во Заливот на заливот Сан Франциско во услови на пораст на контракултурата во 1960-те години.[6][7][8][9] Основачи биле: Џери Гарсија (главна гитара и пејач), Боб Веир (ритам-гитара и пејач), Рон „Пигпен“ МекКернан (клавијатури, хармоника, пејач), Фил Леш (бас-гитара, вокал) и Бил Кројцман (тапани).[10] Членовите на „Грејтфул дед“ прво биле познати под името Warlocks и свиреле заедно во разни групи во Заливската Област на Сан Франциско, а Леш бил последен член кој се приклучил на „Ворлрокс“ пред да го променат името во Грејтфул дед. Тој ја заменил Дејна Морган Џуниор, која свирела бас на неколку свирки. Тапанарот Мики Харт и текстописецот Роберт Хантер се приклучиле кон групата во 1967 година. Со исклучок на Мекернан, кој починал во 1973 година и Харт, кој привремено ја напуштил групата во периодот од 1971 до 1974 година, јадрото на групата останало заедно во текот на целата нејзина триесетгодишна историја.[11] Другите официјални членови на групата биле: Том Константен (клавијатури, 1968-1970), Џон Пери Барлоу (текстописец, 1971-1995), Кит Годо (клавијатури, 1971-1979), Дона Гохо (вокал, 1972- 1979), Брент Мидленд (клавијатури, вокали, 1979-1990) и Винс Велник (клавијатури, вокали, 1990-1995).[12] Брус Хорнсби (хармоника, пијано, вокал) бил член на групата на турнејата од 1990 до 1992 година, како и гостин пред и по турнејата.
Во 2015 година, четворицата преживеани ја одбележале педесетгодишнината на групата со серија концерти, кои биле нивните последни настапи заедно.
Во 2004 година, групата била рангирана на 57. место на списокот на најдобри музичари на сите времиња, според музичкото списание „Ролинг Стоун“.[13] Групата била примена во Куќата на славните на рокенролот во 1994 година,[14] а снимката од нивниот концерт од 8 мај 1977 година во Бартон Хол при Универзитетот Корнел во 2012 година била додадена во Националниот регистар за евиденција при Конгресната библиотека.[15] На 10 февруари 2007 година, Grateful Dead добиле Греми награда за животно дело; наградата во име на групата ја примиле Мики Харт и Бил Кројцман.[16] Во 2024 година, четирите живи основни членови од групата (Вир, Леш, Кројцман и Харт) добиле признание од Кенедиевиот центар.[17] И покрај тоа што имале само еден топ-40 сингл во нивната 30-годишна историја („Touch of Gray“ (1987)), во 2024 година, тие го собориле рекордот за најмногу топ-40 албуми на американската Билборд 200 топ-листа.[18]
Дискографија
[уреди | уреди извор]- The Grateful Dead (1967)
- Anthem of the Sun (1968)
- Aoxomoxoa (1969)
- Live/Dead (1969)
- Workingman's Dead (1970)
- American Beauty (1970)
- Grateful Dead (Skull & Roses) (1971)
- Europe '72 (1972)
- History of the Grateful Dead, Volume One (Bear's Choice) (1973)
- Wake of the Flood (1973)
- From the Mars Hotel (1974)
- Blues for Allah (1975)
- Steal Your Face (1976)
- Terrapin Station (1977)
- Shakedown Street (1978)
- Go to Heaven (1980)
- Reckoning (1981)
- Dead Set (1981)
- In the Dark (1987)
- Dylan & the Dead (1989)
- Built to Last (1989)
- Without a Net (1990)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Meriwether, Nicholas G. (2012). Reading the Grateful Dead: A Critical Survey. Scarecrow Press. стр. 280. ISBN 0-8108-8371-6.
- ↑ Metzger, John (1999). „Mother McCree's Uptown Jug Champions“. The Music Box. The Music Box, Inc. Архивирано од изворникот на September 27, 2012. Посетено на August 21, 2012.
- ↑ Santoro, Gene (2007). „Grateful Dead“. Encyclopædia Britannica. Encyclopædia Britannica, Inc. Архивирано од изворникот March 22, 2007. Посетено на February 4, 2007.
- ↑ „Rock and Roll Hall of Fame and Museum – Grateful Dead detail“. Inductees. The Rock and Roll Hall of Fame and Museum, Inc. Архивирано од изворникот (asp) на November 23, 2006. Посетено на January 16, 2007.
- ↑ Kaye, Lenny (1970). „The Grateful Dead – Live/Dead“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на 2013-02-01. Посетено на October 18, 2010.
- ↑ „The Grateful Dead Biography“. rockhall.com. Rock and Roll Hall of Fame and Museum. Архивирано од изворникот May 8, 2014. Посетено на May 7, 2014.
- ↑ Sylvan, Robin (2002). Traces of the Spirit: The Religious Dimensions of Popular Music. NYU Press. стр. 86–. ISBN 978-0-8147-9809-6. Архивирано од изворникот May 12, 2015.
- ↑ Barnes, Luke (June 26, 2013). „UC Santa Cruz's Grateful Dead archive offers a reason to visit the campus this summer“. santacruzsentinel.com. The Santa Cruz Sentinel. Архивирано од изворникот на May 8, 2014. Посетено на May 7, 2014.
- ↑ Meriwether, Nicholas G (August 5, 2023). „A map of where Grateful Dead lived, worked and played in SF“. SFGATE (англиски). Архивирано од изворникот на August 5, 2023. Посетено на April 11, 2024.
- ↑ Rolling Stone, p. 332
- ↑ Garofalo, p. 218
- ↑ The Band Архивирано на 8 мај 2015 г.. Dead.net. Retrieved October 24, 2019
- ↑ Haynes, Warren (December 3, 2010). „100 Greatest Artists of All Time: Grateful Dead“. Rolling Stone issue 946. Архивирано од изворникот May 5, 2011. Посетено на May 8, 2011.
- ↑ „The Grateful Dead: inducted in 1994“. The Rock and Roll Hall of Fame and Museum. Архивирано од изворникот на April 16, 2012. Посетено на April 9, 2012.
- ↑ „New Entries to the National Recording Registry“. Library of Congress. Архивирано од изворникот на September 13, 2013. Посетено на July 25, 2013.
- ↑ Zeidler, Sue (February 11, 2007). "Death Permeates Grammy Lifetime Achievement Awards", Reuters, via the Wayback Machine. Retrieved May 7, 2014.
- ↑ „Grateful Dead, Francis Ford Coppola, Bonnie Raitt on 2024 Kennedy Center Honors list“. Isabella Gomez.
- ↑ Kennedy, Mark (February 5, 2024). „The Grateful Dead make Billboard chart history despite disbanding in 1995“. AP News. Посетено на February 7, 2024.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Grateful Dead — AllMusic (англиски)
- Grateful Dead на Семрежната филмска база на податоци (англиски)