Bread (група)
Bread | |
---|---|
Bread во 1971 (од лево кон десно: Дејвид Гејтс, Роб Ројер, Џими Грифин, Мајк Ботс)) | |
Животописни податоци | |
Потекло | Лос Анџелес, Калифорнија, САД |
Жанрови | Софт-рок[1] |
Период на активност |
|
Издавачи | Elektra |
Bread ― поранешна американска софт-рок-група од Лос Анџелес. Групата била основана во 1968 година. Во периодот од 1970 до 1977 година, 13 нивни песни се пласирала на Billboard Hot 100.[2]
Во составот на првата постава од групата биле: Дејвид Гејтс (пејач, бас-гитара, гитара, клавијатури, виолина, виола, удирачки инструменти), Џими Грифин (пејач, гитара, клавијатури, удирачки инструменти) и Роб Ројер (бас-гитара, гитара, флејта, клавијатури, перкусии, рекордер, придружни вокали).
Историја на групата
[уреди | уреди извор]Дејвид Гејтс е од Тулса, Оклахома.[3] Пред да ја основа групата Bread, Гејтс соработувал со Pleasure Fair, група во која свирел Ројер..Во 1968 година ним им се приклучил Грифин и триото во јануари 1969 година потпишало договор со Elektra Records.
Тие на почетокот не очекувале да имаат комерцијален успех, но нивниот прв албум, Bread (септември 1969), снимен со учество на сесискиот тапанар Џим Гордон, веднаш се здобил со пофалби меѓу поддржувачите на мелодичниот софт-рок. На крајот од 1969 година, Мајк Ботс станал тапанар на групата и со него Bread го снимиле следниот албум, „On The Waters“, на кој се наоѓала и песната „Make It With You“. Песната била објавена и како сингл кој бил продаден во милион примероци (златна плоча). Синглот бил прв нивен хит кој се пласирал во топ-10 на американската топ-листа Billboard Hot 100, каде што 22 август 1970 година се искачил и на прево место. Синглот стигнал и до 5-то место на UK Singles Chart. Нивниот трет албум Manna (март 1971 година) содржел уште еден „златен“ хит, „If“.
Во 1971 година, Роб Ројер, по кавгите со другите членови од групата, бил заменет со Лари Кнехтел. Сепак, тоа довело до пад на популарноста на изданијата на групата. Следните хитови од групата биле: „Baby I'm A Want You“ (1971), „Everything I Own“ и „Guitar Man“ (и двете од 1972). Недоразбирањата помеѓу Гејтс и Грифин довеле до распаѓање на групата во 1973 година. И двајцата се посветиле на соло-активности, а Ботс се приклучил на придружната група на Линда Ронстад.
Во 1976 година, квартетот продолжил со активности и го снимиле албумот „Lost Without Your Love“. Соло-албумот на Гејтс, Goodbye Girl, не бил успешен, а музичарите увиделе дека софт-рок мелодиите од Гејтс повеќе не се во мода, и одлучиле да престанат да работат заедно.
По распаѓањето
[уреди | уреди извор]Во 1996 година, откако ги надминале несогласувањата, оригиналните членови од групата: Гејтс, Грифин, Ботс и Кнехтел повторно се обединиле за последна турнеја низ САД, Јужна Африка, Европа и Азија. Турнејата била продолжена во 1997 година, а таа година членовите на Bread за последен пат настапиле заедно. Гејтс и другите потоа продолжиле со соло-кариери.
Во 2005 година, Џејмс Грифин и Мајк Ботс починале на 61-годишна возраст од рак (11 јануари и 9 декември, соодветно). Групата Bread била примена во Куќата на славните вокални групи во 2006 година. На 20 август 2009 година, на 69-годишна возраст, Лери Нехтел починал од срцев удар.
Членови
[уреди | уреди извор]- Дејвид Гејтс – вокал, бас гитара, гитара, клавијатури, виолина, виола, перкусии (1968–73, 76–78, 96–97)
- Џими Грифин – вокал, гитара, клавијатури, перкусии (1968–73, 76–77, 96–97; почина во 2005 г.)
- Роб Ројер – бас гитара, гитара, флејта, клавијатури, перкусии, рекордер, придружни вокали (1968–71)
- Мајк Ботс – тапани, перкусии (1969–73, 76–78, 96–97; почина во 2005 г.)
- Лари Кнехтел – клавијатури, бас гитара, гитара, хармоника (1971–73, 76–78, 96–97; почина во 2009 г.)
Дискографија
[уреди | уреди извор]Студиски албуми
[уреди | уреди извор]- Bread (1969)
- On the Waters (1970)
- Manna (1971)
- Baby I'm-a Want You (1972)
- Guitar Man (1972)
- Lost Without Your Love (1977)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Nick Talevski (April 7, 2010). Rock Obituaries - Knocking On Heaven's Door. Omnibus Press. стр. 48. ISBN 978-0-85712-117-2.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Summers, Kim. „David Gates - Biography“. AllMusic. AllMusic/Netaktion, LLC. Посетено на July 26, 2020.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- allmusic (Преглед на Bread)
- Bread на Discogs (англиски)
|