Прејди на содржината

Тчев

Координати: 54°06′N 18°43′E / 54.100° СГШ; 18.717° ИГД / 54.100; 18.717
Од Википедија — слободната енциклопедија
Тчев
Стариот град
Стариот град
Знаме на ТчевГрб на Тчев
Тчев is located in Полска
Тчев
Тчев
Координати: 54°5′30″N 18°46′39″E / 54.09167° СГШ; 18.77750° ИГД / 54.09167; 18.77750
Земја Полска
ВојводствоПоморско
ОкругТчевски
ОптшинаТчев
Основање12 век
Градски статус1260
Управа
 • ГрадоначалникМирослав Поблоцки
Површина
 • Вкупна22,26 км2 (859 ми2)
Надм. вис.&1000000000000002500000025 м
Население (2009)
 • Вкупно60.279
 • Густина27/км2 (70/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски код83-110
Повик. бр.+48 58
Регистарски  табличкиGTC
Мреж. местоhttp://www.tczew.pl

Тчев (полски: Tczew) — град кој се наоѓа во Полска, во Поморското Војводство, со население од 60.279 жители според податоци од 2009 година. Тчев е седиште на истоимениот регион.

Историја

[уреди | уреди извор]
Парохиската црква на Светиот Крст
Црквата Св. Јосиф
Пошта
Музеј на реката Висла
Парк
Градска библиотека
Мостот над Висла разрушен во 1939 година

Тчев за првпат се споменува во еден документ како територија на Тевтонскиот ред во 1198 година. Во околу 1200 година, Самбор I ја изградил својата тврдина на местото каде денеска се наоѓа стариот град. Во некои документи, името на градот се појавува како Дерчево, кое произлегува од името на феудалниот господар Дерслав. Со цел да се добие подобра контрола на сообраќајот на Висла, војводата Самбор II ја преселил својата резиденција во Тчев. Од 1252 година населбата е позната по имињата Тчев и Дирчау. Во 1260 година местото добило статус на град. Во следните години градот му припаднал на Хајнрих фон Плоцке од Тевтонскиот ред според договорот од Солдин од 1309 година. Во 1434 година градот бил запален од страна на хуситите. По завршувањето на војната, овој регион припаднал на Кралство Прусија.

Во текот на реформацијата, поголемиот дел од жителите на градот се преобратиле во лутеранство. Во 1626 година градот бил окупиран од страна на шведскиот крал Густав II Адолф, кој изградил мост преку реката Висла и кој имал свој камп на јужната страна на градот. И покрај тоа што бил повторно изграден, во времето на шведската инвазија градот претрпел голема штета. Во близина на градот се одвила битка на 2 септември 1657 година, во која полските сили биле поразени.

Регионот бил вклучен од територијата на Полско-литванската Државна Заедница на територијата на Кралството Прусија во текот на 1772. Градот станал дел од новоформираната провинција Западна Прусија. За време на Наполеонската инвазија во Прусија, градот бил окупиран од страна на полските војници на Јан Хенрик Дабровски во 1807 година, но градот останал пруски повторно во 1815 година по крајот на војната. Во следниот период градот бил дел од териториите на Германското Царство.

Во текот на 19 век, градот се зголемил територијално и по број на население. Тоа повеќе се почувствувало во времето кога била изградена и отворена пруската источна железничка линија која ги поврзувала Берлин со Кенигсберг. Под германска власт, полското население страдало од германизација. На полското население не му било дозволено да отвори полско училиште, но од друга страна Полјаците одбивале да одат во германски училишта.

По Првата светска војна, како последица на Версајскиот договор градот станал дел од Полска. На 30 јануари 1920 година, Полскиот генерал Јозеф Халер пристигнал во градот со своите трупи. Градот станал центар на културните активности на германското малцинство во Полска, на германското училиште и театар кои биле основани во тој период.

За време на меѓувоениот период, градот бил познат по својата поморска академија, која подоцна се преселила во Гдиња.

Според мрежната страница на градот, Тчев бил местото каде се одржала една од првите битки при инвазијата на Германија во текот на Втората светска војна. Во текот на временски период 1939-1945 градот останал под германска окупација. По крајот на војната градот бил разрушен во голема мера. Речиси ниту една од фабриките кои постоеле пред војната не била во можност да проработи. Бројот на населението се нзмалило на 20.000 луѓе, главно поради раселување или како резултат на смрт од војната. Пред да заврши војната, градот бил окупиран од страна на Советите, за да по крајот на војната стане дел од Народна Република Полска.

Географија

[уреди | уреди извор]

Покрај градот поминува реката Висла и самиот град претставува важна железничка крстосница. Градот е познат по своите атракции во стариот дел на градот и мостовиѕр над реката Висла, кој бил разрушен за време на Втората светска војна.

Население

[уреди | уреди извор]

Населението на градот изнесува 60.152 лица (2010). Густината е е 2 687 лице на квадратен метар[1].

Демографија

[уреди | уреди извор]
Година Број
1772 1,442
1782 1,587
1831 2,310
1875 9,713
1880 10,939
1890 11,897
1900 12, 808
1905 14,164
1921 16,250
1943 25,869
1960 33,700
1970 41,100
1980 53,600
1990 59,500
2000 61,200
2009 60,279

Note that the above table is based on primary sources which may be biased:[2][3][4][5]

  • Парохиската црква на Светиот Крст — се наоѓа во центарот на стариот град. Тоа е најстарата зграда во Тчев. Црквата е изградена во 13 век и се одликува со внатрешен барок. Високата кула е најстариот дел на црквата и нејзиниот врв бил уништен за време на пожар во 1982 година. Во внатрешноста на ѕидовите на црквата се наоѓаат старите фрески, кои датираат од втората половина на 15 век.
  • Пост-Доминиканската црква на Свети Станислав Костка — се наоѓа на плоштадот Свети Ѓорги. Таа била изградена во 14 век во готски стил, со карактеристична осумаголна кула. По ликвидирањето на редот, таа била претворена во училиште, а подоцна, до 1945 година, се кориетила од страна на протестантите.
  • Мостови на реката Висла — првиот мост бил изграден помеѓу 1851 и 1857. Во тоа време, со неговата должина 837 метри тој мост бил еден од најдолгите мостови во светот. Првично, на мостот имало десет кули но денес има само четири кули. Од другата страна се наоѓа Железнички мост, кој бил изграден помеѓу 1888 и 1890 година. На 1 септември 1939 година во 5:30 часот, мостовите биле разрушени од страна на полските војници со цел да се спречи пристапот на германската армија до градот од другата страна на реката Висла. Мостовите биле повторно изградени во 1940 година и уништени повторно во 1945 година од страна на Германците. Конечната реконструкција на мостовите се случило во периодот помеѓу 1958 и 1959 година.
  • Музеј на реката Висла — се наоѓа на местото каде во текот на Втората светска војна се наоѓал нацистичкиот логор. По војната местото било користено како станица за гас, за да подоцна биде претворено во музеј. Во 2007 година, зградата била обновена и сега функционира како музеј на реката Висла и Регионален центар на Долна Висла.
  • Водокула — кулата била изградена во 1905 година и самиот објект го претставува поранешниот архитектонски стил на општинските објекти. Кулата е висока 40 метри
  • Градско собрание — објектот се наоѓа во централниот дел на Стариот град. Во времето на Првата светска војна, во 1916 година објектот бил опожарен. Во текот на 20 век зградата била реновирена
  • Пошта — објектот каде денеска се наоѓа поштата бил изграден во 1905 година
  • Зграда на поранешната поморска школа — објектот бил изграден во 1911 година
  • Општински парк

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]
  1. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано (PDF) од изворникот 2011-08-05. Посетено на 2011-08-05.
  2. Meyers Großes Konversations-Lexikon, 6th edition, Vol. 5, Leipzig and Vienna 1903, p. 43.
  3. Johann Friedrich Goldbeck: Vollständige Topographie des Königreichs Preußen. Teil II, Marienwerder 1789, p. 52, no 2.
  4. Michael Rademacher: Deutsche Verwaltungsgeschichte Westpreußen, Kreis Dirschau Архивирано на 16 мај 2010 г. (2006) (германски).
  5. August Eduard Preuß: Preußische Landes- und Volkskunde. Königsberg 1835, pp. 390–391, no. 24.
  6. „List of Twin Towns in the Ruhr District“ (PDF). © 2009 Twins2010.com. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-11-28. Посетено на 2009-10-28. Надворешна врска во |publisher= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

54°06′N 18°43′E / 54.100° СГШ; 18.717° ИГД / 54.100; 18.717