Толедо
Изглед
Толедо (шпански: Toledo) — град во централниот дел на Шпанија. Се наоѓа на 70 километри јужно од Мадрид. Главeн град на провинцијата Толедо и автономните покраини e Кастиља-Ла Манча. Некогаш бил главен град на Шпанското Царство и на Визиготското Царство и местото каде што биле застапени христијанската, еврејската и маварската култура. Многу прочуени луѓе и уметници се родени или живееле во Толедо, меѓу кои Лопе де Вега, Алфонсо X и Ел Греко. Градот Толедо бил место на значајни историски настани, како што е на пример визиготскиот собир во Толедо. Според пописот од 2015 година, градот има 83.226 жители.[1] Стариот центар на градот се наоѓа на гранитна карпа на 548 метри надморска височина.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Tabla2902“. www.ine.es. Посетено на 2016-03-01.
|