Прејди на содржината

Терсеира

Од Википедија — слободната енциклопедија
Терсеира
Остров
Перспектива од широкиот кратер на Сера де Куме, остатоци од вулканска ерупција.
Перспектива од широкиот кратер на Сера де Куме, остатоци од вулканска ерупција.
Етимологија: Португалски за трет; како "третиот остров" или "третиот кој бил откриен"
Прекар(и): Виолетовиот Остров
Местополошба на Терсеира во архипелагот на Азорите
Местополошба на Терсеира во архипелагот на Азорите
ЗемјаПортугалија
Автономен РегионАзори
ОстровиЦентрална Група
Општини
Површина
 • Вкупна400,6 км2 (1,547 ми2)
Население (2011)
 • Вкупно56.437
 • Густина14/км2 (36/ми2)
ДемонимТерсеиранци
Етнички групиПортугалци
Географски детаљ од CAOP (2010)[1] Географски Институт на Португалија (IGP)

Терсеира (португалски изговор: [tɨɾˈsɐjɾɐ]) — остров, дел од архипелагот на Азорите во Атлантскиот Океан 1 400 километри северно од Лисабон. Архипелагот е територија на Португалија со автономен статус од 1976 година.

Тој се наоѓа во централната група, а негов најблизок сосед е островот Сао Жоржи. Името Терсеира го добил бидејќи бил третиот остров којшто бил откриен (околу 1450).

Историја

[уреди | уреди извор]
Трупите во Битката кај Терсеира; фреска во манастирот Сао Лоренцо
Графика од 19 век - градот Ангра, и дел од островот. Непознат автор.

На островот Терсеира биле откриени мали хипогеи (земјени структури врежани во карпите, кои биле користени за погребување), што укажува на историја за населба која можеби датира од пред 2000 години алудирајќи на човечко присуство на островот уште пред Португалците.[2][3]

Островот бил откриен меѓу 1430 и 1450 кога Португалците систематски се доселувале на целата територија на архипелагот.

Историски гледано, постои неизвесност за датата и за откривачот на Азорите. Морепловните мапи уште пред "официјалното" откритие ги идентификувале островите во Атлантскиот Океан, дури во 1325 година, кога мапата на Анџелино Далото го идентификувала Бразил ("Bracile") западно од Ирска, а подоцна и една на Анџелино Дулсер која ги идентификува Канарските Острови и Мадејра заедно со мистериозните острови наведени како "Капрарија" ("Capraria") за кои некои историчари сугерираат дека се Сао Мигел и Санта Марија. Се раскажувале и легенди, како онаа за Атлантида, Сете Кидадес (Кралства на седумте градови), Терас Сао Брандао, Илас Афортунадас (Среќни Острови), Иља де Бразил (Островот Бразил), Антилија, Иљас Азуис (Сини Острови ) а и мапи се појавиле меѓу 1351 и 1439 од неколку групи на острови со различни имиња. Првата асоцијација помеѓу денешниот остров Терсеира и овие приказни, била онаа за островот Бразил. Најпрво тој се појавил описот Инсула де Бразил на венецијанската карта на Андреа Бјанко (1436), за еден од поголемите острови на група острови во Атлантикот.

Во 1439, се појавил првиот официјален документ за откривањето, припишувајќи му го откритието на Гонсалу Вељу Кабрал.[4] Постои и показател дека Терсеира можеби бил откриен од страна на Висенте де Лагос на 1 јануари 1445:[5] првите документи по овој период почнале да го покажуваат третиот остров во Азорскиот архипелаг, познат како Иља де Исус Христо (Остров на Исус Христос) а подоцна и Иља де Исус Кристо да Терсеира. Подоцна, за островот било усвоено колоквијалното име Терсеира (со значење "трета" на португалски, како "третиот остров" или "третооткриен") бидејќи овој назив почесто се користел од оној првобитниот.

Во 1445, Хенри Морепловецот со официјален акт за донатарио на островот Терсеира го назначил Жаком де Бриж, фламански благородник и советник на Хенри Морепловецот [6].

На 2 март 1450, Жаком де Бриж добил официјална мисија од принцот Хенри Морепловецот да насели 17 фламански семејствата на третиот остров на Азорскиот архипелаг (Терсеира). Подоцна, 2000 Фламанци дошле да се населат на островот во текот на 15 век. Иако овие фламански доселеници морале брзо да се адаптираат на португалските обичаи и на локалната култура, нивното фламанско наследство ќе остане во форма на ветерници и физички особини како што се русата коса и сините очи кои и денес се чести кај популацијата која живее на островот Терсеира, наречен воедно и Ислас де Фламенгос (португалски: "Islas de Flamengos"), островот на Фламанците.

До 1640, островот Терсеира, тогаш под шпанска доминација, служел како преносна станица за златото што се враќало од Америка.

Во 1589, градот Ангра ду Хероизму безуспешно бил нападнат од страна на сер Френсис Дрејк.

Англиската експедициска флота под водство на Ерл Камберленд во 1589 година, како дел од Патувањето на Азорите од 1589 во заливот на Ангра, нападнала неколку засолнети шпански и португалски бродови од кои запленила пет.

Со акламација на Жоао IV од Португалија, Азорите го поздравиле враќањето на независноста по Ибериска унија. Шпанските доселеници во Ангра ду Хероисму, кои станале привилегирана класа за време на Унијата, го загубиле влијанието по 1640 година, а со Португалската реставрациска војна, португалски суверенитет бил вратен на островот.

Островот со неговата американска база одиграл голема улога во разните конфликти во кои САД биле вклучени по Втората светска Војна.

Во 1980 година земјотрес го оштетил градот Ангра ду Хероизму предизвикувајќи 71 жртви.

На 17 март 2003 година, водачите на САД, Џорџ Буш, на Велика Британија, Тони Блер, како и на Шпанија, Хосе Марија Азнар, учествувале на одлучувачки самит во врска со Ирачката криза.

Географија

[уреди | уреди извор]
Карта на островот.
Рамнината Ачада

Островот се наоѓа во Атлантикот, во рамки на архипелагот на Азорите на 38.73° N географската ширина и 27.32° W должина. Тој е 29 км долг и 18 км широк, со елипсовидна форма. Површината изнесува 402,2 км2, што го прави трет по големина остров на архипелагот. Неговата највисока точка е 1023 метри на врвот на планината Сера де Санта Барбара.

Тој е вулкански остров, исто како другите острови од архипелагот, со три стратовулкани со неактивна калдера: Синко Пикос е најстариот вулкан, а потоа Гиљерме Мониц и Санта Барбара. Вулканот Пику Алту, чија калдера е преполна со бројни куполи и дебели лавини текови со тракитна природа се смета од страна на некои автори како израсток на вулканот Гиљерме Мониц. Калдерата на Синко Пикос е најшироката од сите на архипелагот со пречник од 7 км.

Островот доживеал вулканска ерупција во 1761 на Пику Вермељо и една подводна ерупција во 1867. Помеѓу крајот на 1998 и 2000 година се случила втората подводна ерупција во близина на брегот на Терсеира, на околу 12 км.[7] Оваа е последната историска ерупција на Азорите.[8]

Остров Терсеира се состои од четири преклопувачки стратовулкани изградени над геолошка структура наречена Терсеирски Гребен: тројна раскрсница помеѓу евроазиските, африканските и северноамериканските тектонски плочи. Овие вулкански структури се на длабочина од над 1.500 метри (5.000 ст.) од дното на Атлантскиот Океан. Хронологијата на вулканска активност се движи од средниот до доцниот плеистоценот и на островот Терсеира, на холоценот со што се дефинира прогресија од исток кон запад во раст на стратоволканите. Класификацијата на еруптивните настани е во следните структури:

  • Вулкански комплекс Синко Пикос: најстариот на Терсеира (дефиниран од Сера ду Куме), кој ја завршил неговата главна подморска активност пред околу 370-380.000 години. Колапсот на горниот дел на оваа градба формирал огромна 7 до 9 километарска (22.966 до 29.528 стапки) калдера пред околу 370.000 години. Посткалдеровите ерупции на базалтот од вулканските конуси на и во близина на калдерата и трахитскиот пирокластичен проток и пемзата од помладите вулкани западно од Синко Пикос, го исполниле поголемиот дел од калдерата и создале плодна рамнина.
  • Вулкански комплекс Гилерме Мониз: јужниот дел, во централниот дел на островот, започнал да избувнува околу 100.000 години подоцна и произведувал куполи од трафит (приближно 808 м / 2651 ft на надморска височина), текови и мали пирокластични депозити и следните 100 илјади години. Највисоката точка по должината на калдерата достигнува 623 метри (2.044 стапки). Северниот дел од калдерата одразува слична возраст додека северозападниот дел од калдерата се формирал подоцна.
  • Вулкански комплекс Пику Алту : е помлад дел од Вулканот Гилерме Мониз и има цврсто распоредени кластери на куполи од трафит и кратки приливи. Стратиграфските студии и анализата укажуваат на тоа дека повеќето од ерупциите на Пику Алту се случиле во периодот пред околу 9000 до 1000 години БП.
  • Вулкански комплекс Санта Барбара: најмлад стратовулкан на Терсеира, започнал да избива пред 29.000 години и бил активен историски, го сочинува западниот крај на островот и највисоката точка е 1.023 метри (3.356 стапки). Овој стратовулкан е опкружен со неколку куполи и формации во калдерата на вулканот.
  • Фисурална Зона: Поврзувањето на источниот дел на Санта Барбара, западната граница на Пико Алто и Гилерме Мониз, опфаќа група на фисурални вулкани и базалтни конуси (хавајски и стромболиски), најмладиот од нив се формирал пред околу 15.000 години. Единствените историски ерупции се случиле во 1761 година, заедно со пукнатината на источниот дел на Санта Барбара, а во 1867 година и помеѓу 1998-2000 година од подводниот вентил на западниот брег (Серета). Групите на вулкански структури на островот се наредени по должина северозапад-југозапад и запад-северозапад-исток-југоисток со ориентација која се протега до подморските вентили / вулкани кон источниот басен на Грасиоза.
Катедралата во Ангра,Терсеира, Азори

Популација

[уреди | уреди извор]

Луѓето претежно живеат на крајбрежјето на островот бидејќи централниот дел се состои од ридови и некои мали езера создадени од вулканска активност.

На островот има околу 56 000 жители или околу 139 жители/км2. Неговата главна градска област, Ангра ду Хероизму, исто така е историски град на Азорите. Во него живеат 35 500 жители. Тој е класифициран како дел од светското наследство на УНЕСКО, особено заради неговата архитектура од 16 и 17 век.

Праја да Виторија е вториот град на Терсеира со 20 200 жители и се наоѓа на север од островот блиску до Лажес, каде што се наоѓа значајна американска воздушна база.

Островот е поврзан со остатокот од светот, како и со други острови на архипелагот со Аеродромот Лажес кој воедно е и воен аеродром, како и две пристаништа во двата главни града.

Економија

[уреди | уреди извор]
Мостот на Терсеира

Економската активност на островот е обезбедена од страна на војската, земјоделството, риболовот, како и од страна на услугите и туризмот.

Островот е извозник на земјоделски производи или производи на агро-прехранбениот синџир, како што се конзервирана риба.

Црните бикови на Терсеира се особено ценети за корида. Одгледувачите (ganadeiros) се групирани заедно во рамки на една асоцијација чија цел е да се зачуваат техниките на одгледување кои се пренесуваат уште од 16 век.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. IGP, уред. (2010), Carta Administrativa Oficial de Portugal (португалски), Lisbon, Portugal: Instituto Geográfico Português, Архивирано од изворникот на 2014-07-03, Посетено на 1 July 2011
  2. These archaeological sites were first identified by Nuno Ribeiro (in 2010) during archeological visits to Corvo and Terceira, but further examination and dating were required to authenticate their validity
  3. Lusa (5 March 2011), J.M.A. (уред.), Estruturas podem ter mais de dois mil anos: Monumentos funerários descobertos nos Açores (португалски), Lisbon, Portugal: Correio da Manhã, Архивирано од изворникот на 2011-05-14, Посетено на 18 June 2011
  4. The beginning of the discovery of the main islands would not begin until two years later, when the islands of Santa Maria and São Miguel would be discovered, and attributed to Gonçalo Velho Cabral.
  5. Carlos Melo Bento (2008), p.27
  6. Ferdinand Denis (Conservateur de la bibliothèque sainte-Geneviève), Le Portugal, Editeur Firmin Didot, Paris, 1846
  7. „Submarine volcano off Terceira, Azores“. www.vulkaner.no. Посетено на 2018-12-13.
  8. „Global Volcanism Program | Terceira“. volcano.si.edu. Посетено на 2018-12-13.