Прејди на содржината

Теарце

Координати: 42°4′27″N 21°3′9″E / 42.07417° СГШ; 21.05250° ИГД / 42.07417; 21.05250
Од Википедија — слободната енциклопедија
Теарце
Теарце во рамките на Македонија
Теарце
Местоположба на Теарце во Македонија
Теарце на карта

Карта

Координати 42°4′27″N 21°3′9″E / 42.07417° СГШ; 21.05250° ИГД / 42.07417; 21.05250
Општина Теарце
Население 3.038 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1224
Шифра на КО 28080, 28580
Надм. вис. 540 м
Теарце на општинската карта

Атарот на Теарце во рамките на општината
Теарце на Ризницата

Теарцесело во Општина Теарце, во областа Долен Полог, северозападна Македонија и седиште на истоимената општина.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Opština Tearce.JPG
Зградата на Општина Теарце

Теарце се наоѓа во Долен Полог, во североисточниот дел на Македонија. Денес во состав на селото се наоѓа и поранешното село Отушиште, кое порано било посебно село, но подоцна со растот на двете села се споило со него.

Теарце е рамничарско село, на надморска височина од 540 метри. Од градот Тетово населбата е оддалечена 10 километри. Атарот е голем и зафаќа простор од 31,8 км2.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Според турски документи од 1628 година село Техарче и бјузјург се наоѓало во вилаетот Калканделен (Тетово) и било населено од 84 семејства (ханиња).

За време на Втората светска војна и бугарската окупација, селото било преименувано во Пејчиново, во чест на Кирил Пејчиновиќ, кој е од Теарце.[3]

На крајот на XIX век, селото е дел од полошката нахија во Тетовската каза на Отоманското Царство.

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19482.351—    
19532.546+8.3%
19612.883+13.2%
19713.509+21.7%
19814.004+14.1%
ГодинаНас.±%
19911.475−63.2%
19943.766+155.3%
20023.974+5.5%
20213.038−23.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Теарце живееле 1.200 жители, од кои 600 Македонци и 600 Турци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Теарце имало 648 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Теарце имало 224 куќи и 1327 жители, Македонци, Албанци, Турци.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 700 Македонци и 600 Турци.[7]

Во 1961 година селото има 2.883 жители, од кои 1.353 Македонци, 805 Албанци, 652 Турци, 6 Срби и 21 останат. Во 1994 година селото има 3.766 жители, од кои 1.100 Македонци, 2.123 Албанци, 461 Турчин, 62 Роми, 18 Срби и 2 останати.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 3.974 жители и 550 домаќинства што го прави едно од најголемите села во Полошката Котлина.[8] Населението од ова село се состои од 1.085 Македонци, од кои 543 Македонци мажи и 542 Македонци жени, потоа 2.310 Албанци, 512 Турци, 54 Роми, 4 Срби и 9 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.038 жители, од кои 778 Македонци, 1.748 Албанци, 376 Турци, 39 Роми, 7 Срби, 3 останати и 87 лица без податоци.[9]

Теарце претставува типично мултиетничко село во кое живеат Македонци, Албанци, Турци, Роми. На табелата е прикажан националниот состав на селото низ сите пописни години:[10]

Демографски преглед на Теарце низ годините
Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 2.351
1953 1.258 802 441 35 7 3 2.546
1961 1.353 805 652 ... 6 21 2.883
1971 1.339 1.479 583 81 2 1 3.509
1981 1.270 2.081 523 107 6 17 4.004
1991 1.279 13 53 103 9 18 1.475
1994 1.100 2.123 461 62 18 2 3.766
2002 1.085 2.310 512 54 4 9 3.974
2021 778 1.748 376 39 7 3 87 3.038

Како еден од најстарите албански родови во селото се споменува родот Гопере. Доселени се од северна Албанија, во втората половина на XVIII век.[11]

Теарце е мешано село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

Македонци:

  • Лешниковци (9 к.) староседелци. Имаат иселеници во Бугарија (две семејства).
  • Војновци (9 к.) староседелци. Имаат иселеници во Бугарија (три семејства).
  • Зургуловци (16 к.) староседелци. Во овој род некој земал за жена Влаинка. Имаат иселеници во Софија (две семејства) и во Берлин (едно семејство).
  • Продановци (8 к.) староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Бугарија (две семејства).
  • Плачковци (12 к.) староседелци. Порано биле еден род со Зургуловци.
  • Буланџини (5 к.) староседелци. Имаат иселеници во Софија (едно семејство).
  • Салковци (2 к.) староседелци. Имаат иселеници во Бугарија (три семејства).
  • Желкаровци (5 к.) староседелци. Порано биле еден род со Продановци.
  • Соманги (4 к.) староседелци.
  • Топанчаровци (3 к.) староседелци.
  • Обловци (6 к.) староседелци.
  • Купузовци (2 к.) староседелци. Во селото има уште едни Купузовци, со кои овие порано биле еден род.
  • Дојчиновци (2 к.) староседелци. Од овој род потекнувал познатиот Кирил Пејчиновиќ.
  • Купузовци (15 к.) староседелци. Порано биле еден род со претходните Купузовци.
  • Столевци или Стамболџиевци (16 к.) староседелци.
  • Митревци или Кошаревци (4 к.) староседелци.
  • Тодоровци (9 к.) староседелци. Они се гранка од родот Зургуловци.
  • Богдановци (1 к.) староседелци. Од нив има неколку изумрени семејства.
  • Тошановци (1 к.) староседелци. И од нив има неколку изумрени семејства.
  • Несторовци (1 к.) доселени се од селото Вратница.
  • Сибиновци (1 к.) доселени се од селото Слатино.
  • Никушовци (5 к.), Србиновци (3 к.), Поповци (7 к.), Тивиљовци (1 к.), Стојановци (1 к.), Љумановци (3 к.), Велковци (6 к.), Малоќевци (1 к.), Ќосевци (1 к.), Терзинци (1 к.) и Богојновци (1 к.) сите се доселени од селото Јелошник во разни периоди. Некои се таму староседелци, а други доселеници. Па така родот Љумановци подалечно потекло има од Љума во северна Албанија.
  • Велковци или Бродани (5 к.) доселени се од селото Брод во Гора, кај Призрен. Го знаат следното родословие: Тоде (жив на 45 г. во 1947 година) Ано-Јошо-Трпко-Велко, кој се доселил во селото.
  • Вучевци (12 к.) доселени се од некое место во околината на Вучитрн во Косово.
  • Чајлановци (3 к.) и Никуш (1 к.) доселени се, но не знаат од каде. Во вториот род има изумрени семејства.
  • Марковци (1 к.), Матовци (1 к.) и Николовци (1 к.) доселени се од некое место во околината на Призрен во Косово. Последниот род е доселен во 1916 година.
  • Маркуќевци (1 к.) доселени се од селото Брезно. Таму биле староседелци.
  • Момир (1 к.) и Живко (1 к.) доселени се од Тетово. Момир подалечно потекло има од Горно Јеловце.

Албанци:

  • Фаризовци (8 к.), Џамбазовци (4 к.), Драљевци (5 к.), Метовци (9 к.), Првешовци (13 к.), Гоперовци (16 к.), Сакаларци (2 к.), Кука (2 к.), Нурчевци (5 к.), Ѓоковци (2 к.), Мунчевци (5 к.), Хидрот (2 к.), Курто (1 к.) и Лезо (1 к.) на сите потеклото им е од северна Албанија. Највеќе се доселени од Љума и Матија. Некои дошле директно во ова село, а некои прво се населиле по некои околни села. Па така родот Драљевци е доселен преку селото Церово.

Турци:

  • Мула Идриз (11 к.), Бановци (2 к.), Џакмановци (31 к.), Аџоларци (13 к.) и Чифлижанци (13 к.) родовите Џакмановци и Аџоларци се најстари турски родови во селото. Доселени се околу 1689 година, а живееле и неколку години во селото Нераште. Како место од каде се доселени се наведува местото Чакман во Анадолија. Родот Чифлижанци е доселен од местото Токман во Мала Азија. Родот Бановци е доселен околу 1878 година. 7 турски семејства се иселиле во Турција.

Черкези:

  • Черкезовци (2 к.) доселени се преку Србија од Кавказ. Старите жители на овој род зборувале на турски и черкески. Додека помладите почнале да го зборуваат и албанскиот јазик.

Горанци:

  • Алија (1 к.) се доселил како печалбар од селото Јеловјане. Подалечно потекло од Гора.

Роми:

  • Во селото постоеле и две ромски родови. Се занимаваат со ковачки занает.[12]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Цркви
  • „Св. Богородица“. Над селото се наоѓа местото Ќелија — градиште. Според сочуваните ѕидини и преданието тука се наоѓала старата црква Св. Богородица која сега е во урнатини . По ова предание археологот Блага Алексова во 1954 година извршила археолошко истражување и открила дека црквата е еднокорабна. Од пронајдената мермерна плоча во 1975 година се дознало дека црквата е изградена во периодот помеѓу 1618-1622 година. Жителите на село Теарце во 1975 година врз дел од темелите на старата црква, изградиле мала црквичка и до денешен ден во чест на празникот Голема Богородица на 27 и 28 август приредуваат вечера за присутните гости коишто доаѓаат од околните села на Полог и иселените теарчани од САД, Австралија и Европа.
  • „Св. Никола“. Според манастирскиот поменик на Лешочкиот манастир, пишуван 1841/45 година, пишува дека јеромонахот Кирил Пејчиновиќ е роден во село Теарце, а куќата му била близу до црквата Св. Никола. Бидејќи денешната црква Св. Никола во Теарце е градена 1866 година, се смета дека таа е изградена на местото од постарата црква кои теарчани како мала и неугледна ја разурнале пред 1866 година. Живописана била од страна на Јосиф Радев Мажоски[13] од Лазарополе.
  • „Св. Марена“ Веднаш под селото, во рамничарскиот дел имало тумба создадена од урнатини од црква. Меѓутоа кај теарчаните било сочувано преданието дека разурнатата црква била посветена на Света Марена. по ова предание во 1954 година Блага Алексова извршила раскопување и на местото (арх. лок. „Марена“) се најдени остатоци од мермерниот иконостас и мали фрагменти на фрескоживопис. Црквата била долга 10,2 м. и широка 5,90 м. околу неа имало гробови. Според мермерниот иконостас се смета дека потекнува од пред турскиот период. Во 1980 година жителите на село Теарце на дел од старите темели подигнале мала капела и на патрониот ден на 30 јули го празнуваат ова светилиште.
Црквата „Св. Димитрија Солунски“
  • „Св.вмч. Димитрија Солунски “. Во 2000 година православните верници од село Теарце покренале иницијатива за изградба на меморијален комплекс посветен на македонскиот преродбеник јеромонахот Кирил Пејчиновиќ роден во ова село, на старото вакалско место Збирало. Изградбата на црквата започнала на 29 август 2000 година веднаш по празникот Голема Богородица. Со помош на иселените теарчани од градот Детроит - САД црквата била изградена во рекордно време. За време на војната во 2001 година била изгорена влезната врата[14], па поради тоа беа прекинати тамошните работи на внатрешното уредување за да продолжи во 2005 и да се изработи фрескоживописот.
  • „Св. Ѓорѓи“. Во селото сочувано е преданието дека на местото Крс што се наоѓа северно од селото, имало црква посветена на Свети Ѓорѓи и околу неа се наоѓале гробови. Во минатото жените на 8 декември го посетувале разурнатото светилиште и делеле раздавачка за душа на починатите и палеле свеќи на еден камен. Во последниве децении, помладите генерации не го посетуваат ова светилиште.
Џамии

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта

[уреди | уреди извор]

Теарце ги има следниве археолошки наоѓалишта:[15]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постојат избирачките места бр. 2010, 2011, 2012, 2013 и 2014 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 3.898 гласачи.[17]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Митко Панов, Енциклопедија на селата во Република Македонија, стр.295
  3. Trifunovski, Jovan F. (1976). Polog (Etudes Anthropogeographiques) (француски) (1. изд.). Belgrad: Academie Serbe des Sciences et des Art.
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.210.
  5. D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, стр.122-123.
  6. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.24
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  11. Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 10 стр.
  12. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
  13. „Јосиф Радев Мажоски (18??-1919)“. Посетено на 2010-04-27.
  14. „Опожарена вратата од црквата во Теарце“. А1. 11 август 2002. Посетено на 2010-04-27.
  15. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. Чочевски, Александар (21 декември 2009). „Махи Несими - годишен добитник на наградата "Мито Хаџи Василев - Јасмин". Макфакс. Посетено на 2009-12-22.[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]