Пуцк
Пуцк Puck | ||
---|---|---|
Плоштадот во Пуцк | ||
Земја | Полска | |
Војводство | Поморско | |
Округ | Пучки | |
Општина | Пуцк (градска општина) | |
Основан | XII век | |
Станал град | 1348 | |
Управа | ||
• Градоначалник | Хана Прухњевска | |
Површина | ||
• Градска | 4,8 км2 (19 ми2) | |
Најг. вис. | 20 м | |
Најм. вис. | 0 м | |
Население (2017) | ||
• Градско | 11.265 | |
• Густина | 2.359,7/км2 (61,120/ми2) | |
• Метро | 1.080.700 | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Пошт. бр. | 84-100 | |
Повик. бр. | +48 58 | |
Рег. таб. | GPU | |
Мреж. место | wp.puck.pl |
Пуцк (полски: Puck; кашупски: Pùckò, Pùck, Pëck; германски: Putzig; литвански: Puckas; латвиски: Pucka) — град во Источното Поморје, северозападна Полска, на Пучкиот Залив на Балтичкото Море. Градот има 11.265 жители (2017)[1] и е седиште на Пучкиот Округ во Поморското Војводство.
Историја
[уреди | уреди извор]Местото добило на важност како пазариште и пристаниште уште во VII век. Во 1309 г. потпаднало под власта на Тевтонскиот ред како дел од областа Померелија, и во 1348 г. добил градски права. Како и остатокот од Кралството Прусија, во 1454 (1466) г. влегол во состав на Полска и станал регионално седиште. Полските владетели направиле обид да создадат трговска флота во Данциг (Гдањск), но не добиле дозвола од градот, кој во тоа време бил независен во состав на сојузот Ханза. Во 1567 г. е договорено дека полските бродови мора да пристигаат во Пауцке (Пуцк).
Во 1772 г. со поделбата на Полска, Пуцк влегол во Кралството Прусија и бил пруски град до крајот на Првата светска војна, кога ѝ е вратен на Полска согласно Версајскиот договор. Пуцк останал единствениот полски пристаништен град сè до изградбата на пристаништето во Гдиња во 1920-тите и имал улога на главна поморска база на полската држава сè до Втората светска војна.
Како и другите делови до Полска, градот е заземен од Германците во 1939 г. Полската војска пружала жесток отпор, и градот бил умерено бомбардиран. Со завршетокот на војната, во 1945 г. Пуцк станал дел од новооснованата комунистичка држава НР Полска.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]- Градска управа (1865)
- Црква „Св. Петар и Павле“ (XIII век)
- Достоинственички куќи на главниот плоштад, XVII век, (обновени во XIX век)
- Потопено пристаниште (VIII - X век) околу 500 м од брегот
- Остатоци од замокот (XIV век)
- Споменик на Јузеф Халер фон Халенбург и Венчавањето на Полска со морето
- Музеј на Пучкиот крај
- Дрвен пристан
- Сидриште
- Пештери кај Мехово
- Приморски пределен парк
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Пуцк е збратимен со следниве градови:
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Податоци за Пуцк — Полска во бројки (полски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Пуцк на Ризницата ?
- Официјално мрежно место на Пуцк
- Градски портал на Пуцк
54°42′N 18°24′E / 54.700° СГШ; 18.400° ИГД
|
|
|