Појчек
Овие статии се дел од темата oброци |
Општопознати оброци... |
Појадок • Појчек (Бранч) • Mал ручек Чај • Ручек • Вечера |
Останати оброци... |
Втор појадок |
Илевенсез |
Тифин |
Десерт |
Ужина |
Поврзано... |
Појчек (стопеница од појадок и ручек) или бранч (англиски: brunch, стопеница од breakfast и lunch(eon)) — оброк кој се јаде доцна изутрина, помеѓу појадокот и малиот ручек, како замена за двата оброка. Истиот се јаде кога некој станува предоцна за појадок или како посебно планиран оброк. Изразот е портманто од англиските зборови breakfast (македонски: појадок) и lunch (македонски: мал ручек). Бранчот може да се служи по некое утринско, или пред некое пладневно збиднување, како свадба или спортски настан. Обично бранчот е поопуштен оброк од појадокот или малиот ручек и затоа се сметаа соодветен за помали прослави.
Некои ресторани и хотели служат бранч, особено за викенди и празници. Таквите бранчови обично се со шведска маса, но и мени-јадења можат да се нарачаат наместо или заедно со шведската маса. Оброкот се состои од стандардни појадочни јадења како јајца, палачинки, виршли, сланина, шунка, овошје, печива и слично. Меѓутоа, истиот може да се состои и од било која друга храна. Шведските маси може да имаат големи печења од месо или живина, ладни морски плодови како шкампи и чадена риба, салати, супи и чорби, зеленчукови јадења, многу видови на печива и најразлични десерти.
Бранчот дим сум е популарен оброк во кинеските ресторани ширум светот. Се состои од голем избор на полнети пао (земички), кнедли и други солени или слатки јадења кои можат да бидат парени, фритирани или печени. Гостите си ги бираат јадењата од количките кои поминуваат, а кујната константно прави и служи свежи јадења.
|