Пацифизам
Пацифизмот претставува противење на војната и насилството како средство за решавање на споровите. Тој опфаќа спектар од погледи што се движат од верувањето дека меѓународните спорови можат и треба да се решаваат по мирен пат, до апсолутното противење на употребата на насилство, па дури и на сила, во сите околности.
Пацифизмот може да се темели врз принципиелни или врз прагматски причини. Принципиелниот (деонтолошки) пацифизам се темели врз верувањето дека војната, намерната убиствена сила, насилството и секој друг вид на употреба на сила е морално неприфатливо. Наспроти него, прагматскиот (или консеквентен) пацифизам единствено смета дека постојат подобри начини за решавање на некој спор од војната или дека користа од војната е помала од штетите од неа.
Некои луѓе, кои себеси се сметаат за пацифисти, иако се противат на војната, не се противат на секоја употреба на сила против луѓето или против сопственоста. Сепак, тие главно имаат појасно формулирани принципи околу тоа кога употребата на сила е оправдана, отколку луѓето што не се пацифисти. На пример, антимилитаристите пред сè, се противат на државните воени институции, а не на насилството воопшто.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|
Оваа статија политика е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |