Опидум
Изглед
Опидиум (латински oppidum) е назив кој значи главна утврдена населба во било која административна област на Стариот Рим. Зборот потекнува од раниот латински облик ob-pedum, "опкружен простор" кој пак веројатно доаѓа од праиндоевропскиот збор *pedóm- или "окупиран простор". Јулиј Цезар како опидиуми ги опишал големите населби од железното време на кои наидувал во Галија, а денеска терминот се употребува за да ги опише големите пре - Римски градови кои постоеле низ цела Западна и Централна Европа. Многу опидиуми израснале од ридските тврдини, и како непишано правило сите тие имале значајна одбранбена функција.
Оваа статија поврзано со археологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|