Крило (кошарка)
Крило е назив за позиција на играч во кошарката. Оваа позиција е резервирана за играчи со добар шут и нешто поголема висина. Често во кошаркарската терминологија за крило се кажува и „тројка“.
Основната улога на овој играч е поентирање на голем број бодови. Сепак покрај тоа, доста е важен и во одбраната затоа што крилото е играч кој може добро да ги чува сите позиции. Неговата стандарна позиција во нападот е нешто пред линијата за три бода. Поради своите одлики овој играч може лесно да се премести и на други позиции, во склад со своите лични вештини. Исто така може често да се види крилен играч како ја води топката (организатор на игра), (Дејан Бодирога, Меџик Џонсон), или пак да чува значително повисоки играчи од себе.
Најпознати играчи на оваа позиција биле Лери Брд и Скоти Пипен.
Позиции во кошарката | ||||
---|---|---|---|---|
Бекови | 1. Организатор на игра | |||
2. Бек | ||||
Крила | 3. Крило | |||
4. Крилен центар | ||||
Центар | 5. Центар | |||
Капитен | Тренер |