Прејди на содржината

Кола со музичари (филм од 1953)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кола со музичари (англиски: The Band Wagon) - американски филм од 1953 година, во режија на Винсент Минели. Главните улоги ги играат: Фред Астер, Сид Шарис, Џек Бјукенен, Нанет Фабреј и Оскар Левант.[1] Филмот бил номиниран за „Оскар“ во три категории, но не успеал да победи во ниедна. Меѓутоа, поради неговото значење, во 1995 година бил зачуван во Националниот филмски регистер на САД.[2]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Тони Хантер (го игра Астер), поранешен успешен глумец кој веќе три години нема снимено филм, пристигнува во Њујорк, а неговите пријатели Лестер (го игра Левант) и Лили Мартон (ја игра Фабреј) му нудат улога во нивниот мјузикл кој треба да го режира прославениот режисер Џефри Кордова (го игра Бјукенен). Тони ја прифаќа понудената улога, а Кордова ја замислува претставата како модерна варијанта на „Фауст“. Истовремено, тој ја ангажира убавата балерина Габриела (ја игра Шарис). На почетокот, односите меѓу Тони и Габриела се студени, но подоцна тие се зближуваат. Претставата претрпува голем неуспех и тогаш Тони и брачниот пар Мертон одлучуваат да ја преработат и да ја направат вистинска музичка комедија. Нивната идеја се покажува исправна, а Кордова се согласува да учествува во новата претстава коај станува популарна, а по премиерата Габриела и Тони се бакнуваат.