Прејди на содржината

Кантербери

Координати: 51°16′30″N 1°05′13″E / 51.275° СГШ; 1.087° ИГД / 51.275; 1.087
Од Википедија — слободната енциклопедија
51°16′30″N 1°05′13″E / 51.275° СГШ; 1.087° ИГД / 51.275; 1.087
Кантербери

Кантербери лежи на реката Стоур
Кантербери во рамките на Обединетото Кралство
Кантербери

Кантербери во рамките на Обединетото Кралство
Население 43.431 (2001)
Мреж. реф. TR145575
    - Лондон  101 км 
Округ Кантербери
Ширска грофовија Кент
Регион Југоисток
Земја England
Суверена држава Обединето Кралство
Пошт. град CANTERBURY
Поштенска област CT1, CT2, CT3, CT4
Повикувачки број 01227
Полиција Кент
Пожарна Кент
Итна помош Југоисточно Крајбрежје
ЕУ парламент Југоисточна Англија
Список на места: Обединето Кралство

Кантербери (англиски: Canterbury) — историски катедрален град во Англија,кој се наоѓа во срцето на градот Кантербери, област од грофовијата Кент во југоисточна Англија. Се протега на реката Стур.

Првобитно бил населен од бритско население,кое во I век римските освојувачи го преимениле во Durovernum Cantiacorum. Откако станал главно јутско население, го добил своето англиско име Кантербери,изведено од староанглискиот збор Cantwareburh( што значи „упориште на луѓето од Кент“-„Kent people’s stronghold“). Откако Кралството на Кент ја прифатилo xристијанската вера во 597г., свети Августин основал бискупска столица во градот и станал првиот Надбискуп на Кантербери, место кое сега ја управува црквата на Англија и светската Англиканска заедница( иако во денешно време провинцијата на Кантербери го покрива целиот јужен дел на Англија). Во 1170г., убиството на Томас Бекет во катедралата на Кантербери придонесува катедралата да стане место на поклонение на христијаните во светот. Ова поклонение му послужило на Џефри Чосер како инспирација за неговиот книжевен класичен текст наречен „Кантербериски приказни“ (The Canterbury tales). Книжевното наследство во овој град продолжило со раѓањето на драмскиот писател Кристофер Марлоу (Christopher Marlowe) во XVI век.

Во градот се зачувани многу историски градби, вклучувајќи го и бедемот кој датира од римскиот период и е повторно изграден во XIV век,потоа урнатините од опатијата св.Августин и норманскиот замок,и можеби најстарото школо во Англија, Кралевото училиште. Од модерните згради најважни се Универзитетот Кент (the University of Kent), Универзитетот „Крајст Чрч“ во Кантербери (Canterbury Christ Church University),театарот Марлоу (the Marlowe Theatre),и игралиштето св.Лоренс (St Lawrence Ground), кој претставува домашен терен на крикетскиот клуб на грофовијата Кент (Kent County Cricket Club). Главното седиште се наоѓа во срцето на градот Кантербери (City of Canterbury),кој претставува локален управен регион. Студентската популација е доста голема тука,поради постоењето на двата универзитета. Меѓутоа, Кантербери е доста мал град во споредба со другите британски градови.

Историја

[уреди | уреди извор]

Рана историја

[уреди | уреди извор]

Областа Кантербери била населувана од праисторискиот период. Во оваа област биле пронајдени секири кои датираат од долниот палеолит,и садови од неолитот и бронзената доба. Најпрво Кантербери бил регистриран како главното населено место на келтските племиња, Cantiaci , кои го имаат населено поголемиот дел од денешен Кант. Во I век од н.е. римјаните го заробиле населеното место, и го нарекле Durovernum Cantiacorum, што значи „ упориште на Кантиаките од шумичката со алдер дрво“(stronghold of the Cantiaci by the alder grove) . Римјаните го доградиле градот со нови улици,кои биле поставени според шаблонот на улуци под прав агол,потоа со театар, храм, форум и јавни бањи. Кон крајот на III век, за да се одбранат од нападите на варварите, римјаните изградиле земјен насип околу градот и ѕид со седум порти, кој зафаќал површина од 53 хектари).

Откако Римјаните заминале од Британија во 410 год, Durovernum Cantiacorum бил напуштен , освен неколку фармери кои останале,и постепено почнал да изумира. Во наредните 100 години, Англосаксонска заедница е формирана во ѕидините на градот, откако јутските бегалци пристигнале,и најверојатно склучиле брак со месното население. Јутите го именувале градот Cantwaraburh, што значи „упориште на луѓето од Кент“ . Во 597 г., папата Грегори Велики го испратил Августин да го преобрати кралот Етелберт од Кент (Æthelberht of Kent) во христијанин. По покрстувањето, Кантербери, како римски град, бил избран од страна на Августин за центар на Бискупската Столица во Кент, и биле изградени опатија и катедрала. Така Августин станал првиот Надбискуп на Кантербери. Новата важност на градот водела до негово заживување,и се развила трговијата на грнчарство, текстил и кожа. До 630 г.,се направени златни монети во ковачницата за пари во Кантербери. Во 672, Синодот од Хартфорд, власта над целата Англиска црква и ја доделил на Бискупската Столица од Кантербери.

Во 842 и 851, Кантербери претрпел голема загуба на животи за време на данските пљачкосувања. Во 978, надбискупот Данстан (Dunstan ) повторно ја основал опатијата, која била изградена од Августин, и ја именувал како опатија Св.Августин (St Augustine's Abbey). Вториот бран на данските напади започнал во 911, а во 1011 катедралата била изгорена, а надбискупот Алфеџ (Alphege) бил убиен. Паметејќи ги разурнувањата создадени од данците, жителите на Кантербери не дале отпор на инвазијата на освојувачот Вилијам (William the Conqueror) во 1066. Вилијам веднаш наредил изградба на дрвен замок, кој се наоѓал на могила,а дворот бил ограден со висок бедем (motte-and-bailey castle),покрај римскиот градски ѕид. Во почетокот на XII век замокот бил повторно изграден со камења.

По убиството на надбискупот Томас Бекет (Thomas Becket) во катедралата во 1170, Кантербери станал еден од најзначајните градови во Европа, откако аџиите од сите делови на христијанскиот свет доаѓале да го посетат неговиот ковчег. Ова поклонение било инспирација за структурата на збирката на приказни на Џефри Чосер од XIV век, „Кантербериски приказни“.

Кантербери се поврзува со неколку светци од овој период кои живееле во градот:

  • Свети Августин од Кантербери (Augustine of Canterbury)
  • Anselm of Canterbury
  • Томас Бекет (Thomas Becket)
  • Мелитус( Mellitus)
  • Теодор од Тарс (Theodore of Tarsus)
  • Данстан (Dunstan)
  • Адријан од Кантербери (Adrian of Canterbury)
  • Алфеџ (Alphege)
  • Етелберт од Кент (Æthelberht of Kent)

Од XIV до XVII век

[уреди | уреди извор]

Во 1348, низ Кантербери се раширила црната смрт (или црната чума). Со 10 000 жители, Кантербери бил 10-ти по големина на популација во Англија; до почетокот на XVI век, бројот на популацијата се намалил на 3 000. Во 1363, за време на стогодишната војна, Комисијата за испитување заклучила дека причина за ерозијата на римскиот ѕид била неисправноста,крадењето на камењата и преполнувањето на каналите. Меѓу 1378 и 1402, ѕидот бил повторно изграден,и биле додадени нови ѕидни кули. Во 1381, за време на селскиот бунт (Peasants' Revolt), замокот и надбискупската палата биле ограбени, а на надбискупот од Садбери (Sudbury) му била отсечена главата во Лондон.На неговиот гроб во Кантербериската катедрала, секоја година на Божиќ, градоначалничката свита му оддава почит . Во 1413, Хенри 4 станал единствиниот владетел кој е закопан во катедралата. Во 1448 на Кантербери му бил доделен општински Статут,со што било овозможено да има градоначалник и окружен началник; градот сè уште има градоначалник и окружен началник. Во 1504 главната кула на катедралата,кулата Бел Хари (Bell Harry Tower), била завршена, наполнувајќи 400години од почетокот на градењето.

За време на распуштањето на манастирите,биле затворени,женски и три машки манастири на градот. Опатијата свети Августин,14та по ред најбогата во Англија во тоа време, била предадена на кралот,а нејзината црква и тремот биле срамнети. Остатокот од опатијата бил демолиран во следните 15 години,а дел од местото било преуредено во палата. Ковчегот на Томас Бекет бил уништен и целото злато,сребро и накит биле преместени во Кулата на Лондон (Tower of London),а сликите на Бекет,името и гозбите биле уништени насекаде низ кралството, ставајќи крај на поклонението.

До XVIII век, населението на Кантербери броело 5000 жители, од кои 2000 биле француски протестантски хугеноти, кои пребегале во Англија поради прогон и војна во делот од Холандија, кој пак бил под контрола на Шпанија , во средината на XVI век. Хугенотите го внеле ткаењето на свила во градот, кое до 1676та го надминало ткаењето на волна. Во 1620, кај улицата „Палас“ 59, Роберт Кушман преговарал за најмување на бродот Мејфлауер (Mayflower) за да ги пренесе аџиите до Америка.

Во 1647, за време на англиската граѓанска војна,избувнале нереди кога пуританскиот градоначалник на Кантербери ги забранил црковните служби за Божиќ. Обидот на бунтовниците следната година водел кон револт во Кент против парламентарните сили, придонесувајќи за почеток на втората фаза на војната. Меѓутоа, по мирен пат Кетербери се предадел на парламентарците, по нивната победа на битката на Мејдстоун (Battle of Maidstone).

Од XVIII век до денес

[уреди | уреди извор]

Првиот весник на градот, Кентскиот пост( the Kentish Post), бил основан во 1717. Во 1768 се здружил со ново формираниот Кентски Газет-службен весник (Kentish Gazette).

До 1770та замокот почнал да се распаѓа , и многу негови делови биле уништени кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век. Во 1787 сите порти на градскиот ѕид биле урнати,освен западната порта(Westgate)на градскиот затвор, како резултат на комисија која одлучила дека попречувале во новото патување со автобуси. До 1820 се затворила градската индустрија за свила поради увозот на идискиот муслин. Во 1830 била отворена првата светска железницаз за патници, The Canterbury and Whiсtstable Railway. Помеѓу 1830 и 1900 популацијата се зголемила од 15 000 на 24 000 жители. Кантерберискиот затвор бил отворен во 1808 веднаш позади градските ѕидини.

За време на Првата светска војна , многубројни бараки и волонтерски болници биле поставени околу градот, а во 1917 германски бомбардер се урнал близу улицата Броад Оук (Broad Oak). За време на Втората светска војна биле фрлени 10 445 бомби во 135 одделни напади и биле уништени 731 дома и 296 други згради во градот, вклучувајќи го и училиштето за класични јазици Симон Ленгтон(Simon Langton Grammar Schools), а биле убиени 115 луѓе. Најужасниот бунт бил на 1 јуни 1942 за време на Baedeker Blitz.

Пред крајот на војната, архитектот Чарлс Холден нацртал неколку планови за да го обнови градскиот центар, но месните жители биле против, поради што се формирало Здружение за одбрана на граѓаните кое било симнато од власт во 1945 на општинските избори. Повторната изградба на градскиот центар започнала дури 10 години по војната. По некое време, кружен ток бил конструиран во стадиуми, надвор од градските ѕидини за да се избегнат зголемените сообраќајни проблеми во градскиот центар, кој подоцна бил наменет и за пешаци. Најголемото проширување на градот се случило во 1960-тите, со пристигнувањето на Универзитетот на Кент во Кантербери (University of Kent at Canterbury) и на Колеџот Крајст Чрч (Christ Church College).

Осумдесеттите години од XX век биле одбележени по посетата на папата Јован Павле II и Кралицата Елизабета Втора, и почетокот на Кантерберискиот Фестивал. Во 1997 Кантербери добил и своја сопствена радио станици во CTFM, сега КМФМ Кантербери( KMFM Canterbury). Меѓу 1999 и 2005 година, трговскиот центар Вајтфрајарс(Whitefriars) доживеал големи промени. Во 2000, за време на развојот, бил извршен голем археолошки проект од страна на Canterbury Archaeological Trust, познат како Големото Икопување (Big Dig),кое било поддржано од Тимот Тајм (Time Team) на канал Четири.

Друг познат посетител бил Махатма Ганди, кој дошол во градот во октомври 1931; тој остварил средба со тогашниот Декан на Катедралата на Крајст Чрч,Кантербери.

Владеење

[уреди | уреди извор]

Од 1987, член на Парламентот за Кантербериската изборна единица, во кој е вклучен и Витстбл (Whitstable),бил конзервативецот Џулијан Брејзер. На општите избори во 2005, конзервативците победиле со мнозинство од 7 471 или 44,4 % од гласовите во кантербериската изборна единица. Лабуристите освоиле 28,7% од гласовите , либералните демократи 21.1%, Зелената партија 3,2%, Независната партија на Велика Британија 1,9% и Легализирање на Канабис Алијансата 0,7%.

Кантербери, заедно со Витстбл и Херн Беи, се дел од округот на локална управа, градот на Кантербери (City of Canterbury). Урбаниот реон на градот се состои од шест изборни единици и тоа на Бартон(Barton), Харблдаун(Harbledown), Нортгејт(Northgate), Сент Стефан (St.Stephens), Вестгејт (Westgate) и Винчип (Wincheap). Овие единици имаат 15 од 20 седишта во Градсиот Совет на Кантербери. Дванаесет од овие седишта се заземени од Либерал Демократите и три од Конзервативците.

Градот станал самоуправна грофовија во 1461,а подоцна реон независен од контролата на советот на грофовијата според Локалниот Владин Акт 1888( Local Government Act 1888). Во 1974 го губи своот статус како најмалиот независен реон во Англија, по Локалниот Владин Акт 1972, и е земен под контрола на Советот на грофовијата Кент.

Географија

[уреди | уреди извор]

Кантербери се наоѓа на 51°16′30″N 1°05′13″E (51.275, 1.087) во источен Кент, на околу 55 милји (89км) исток-југоисток од Лондон. Крајбрежните градови на Херн Беј и Витстбл се 6 милји ( 10км) на север, а Фејвершам (Faversham) е 8 милји (13км) на северозапад. Окружните села се Раф Комон ( Rough Common), Стари (Sturry) и Тајлер Хил( Tyler Hill). Граѓанската парохија (civil parish) на Тенингтон Витаут (Тhanington Without) се наоѓа на југозапад; остатокот од градот нема парохија.

Градот се наоѓа на реката Стур или Голем Стур, започнувајќи од неговиот извор кај Ленам (Lenham) северозападно преку Ашфорд (Ashford) до Англискиот Канал кај Сендвич. Реката се дели јужно и источно од градот, еден огранок течејќи низ градот, а другиот околу позицијата на претходните ѕидини. Двата огранока се поврзани на неколку места, но конечно се соединуваат околу градот Фордич(Fordwich), на брегот на мочуриштето кое се наоѓа севроисточно од градот. Реката Стур е пловна до приливниот дел до Фордич, меѓутоа и по оваа точка може да пловат кајаци и други мали пловни објекти. Во Кантербери може да се изнајмат и речни кајчиња.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Според пописот на Велика Британија во 2001, вкупната популација на урбаните регионални единици на градот изнесувале 43 432. Просечната возраст на жителите на градот изнесувала 37,1 години, помлади од 40,2 просечната возраст во областа и од 38,6 просечната возраст за Англија. Од 17 536 домаќинства, 35% биле домаќинства кои се состоеле од еден член, 39% биле парови,10 % биле самохрани родители, и 15% други. Оние кои биле на возраст од 16 до 74 години, 27 % од нив биле високообразовани, просек повисок од националниот, кој изнесувал 20%.

Споредено со остатокот од Англија, градот имал највисок процент на жители со странско потекло, кое изнесувало околу 12%. Дваесет и пет проценти од населението е евидентирано како белци; најголемата малцинска група е регистрирана како азиска, која изнесувала 1,8% од населението. Според религијата, 68,2% биле христијани, 1,1% муслимани, 0,5% будисти, 0,8% хинду, 0,2 % евреи и 0,1% сики. Другите или немале религија,или имале алтернативна ралигија, или не ја потврдиле нивната религија.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Кантерберискиот Регион е седиште на приближно 4 761 бизниси, до 60 000 работници со цело и пола работно време и имало вредност од 1,3 билиони фунти во 2001. Ова придонесува регионот да биде втора најголема економија во Кент. Невработеноста во градот значително опаднала од 2001, која се должи на отворањето на трговскиот комплекс Вајтфрајарс (Whitefriars), каде се отвориле илјадници работни позиции. Во април 2008, Архиепископот Кантербериски , д-р Роуан Вилијамс побарал да се воведе ограничување во платите за спречување на големо богатење, со цел справување со зголемување на еконмијата. Економијата на градот воглавно бенефицира од значајни економски проекти како што се the Canterbury Enterprise Hub, Lakesview International Business Park и the Whitefriars развојот на малопродажбата. Од туризмот,економијта на Кантербери се збогатува за 258 милиони фунти, и игра главна улога во локалната економија веќе неколку години; Кантербериската катедрала ја посетуваат годишно преку милион посетители. Кантербери има високо БДП по глава на жител, повисок е од просечниот на Кент за 42 500 долари, што го прави еден од најбогатите градови во Југоистокот на Англија. Стапката на невработеност регистрорана во септември 2011 изнесувала 5,7%.

Знаменитости

[уреди | уреди извор]

Кантербериската катедрала е главна црква на анкгликанската заедница и е седиште на надбискупот од Кантербери. Основана во 597 од страна на Августин, заедно со саксонската црква Сент Мартин и урнатините на опатијата свети Августин, претставува Светско наследство на УНЕСКО. Со преку милиони посетители годишно е еден од најпосетуваните места во светот. Во катедралата се држат миси трипати или повеќепати дневно.

Римскиот музеј е дом на in situ мозаичниот тротоар, кој датира од 300 година од н.е.. Во зачуваните градби од Римско време спаѓаат Квенингејт (Queningate), блокирана порта во градскиот ѕид, и могилата Дејн Џон ( Dane John Mound), која некогаш претставувала дел од римските гробишта. Во XVIII век биле изградени градините Дејн Џон,позади могилата, и бил поставен споменик на врвот на могилата. Меѓу 1731 и 1839 на могилата имало и ветерница.

Во средновековната црква свети Маргарет се раскажуваат „Кантербериските приказани“ со помош на глумци,кои ги реконструираат приказните на Џефри Чосер. Денес Вестгејт претставува музеј кој ја отсликува сопствената историја, како затвор. Во 1982, средновековната црква на свети Алфеџ ја затвориле, но повторно била орворена како Урбан Центар за Студии на Кантербери,а подоцна преименувана во Центар за животна средина на Кантербери; зградата е под раководство на училиштето Кинг. Старата Синагога во Кантербери, денес музичка соба на училиштето Кинг, е една од само двете египетски преродбени синагоги кои уште постојат. Во центарот се наоѓаат многу куќи со дрвена конструкција од XVI и XVII век, вклучувајќи ја и „Old Weaver's House“, која е користена од хугенотите. Воденицата Св. Мартин е единствена опстаната воденица од вкупно шест познати кои биле изградени во Кантербери. Била изградена во 1817 и работела до 1890; денес е пренаменета во куќа.

Во Музејот на Кантербери се одржуваат многу изложби,меѓу кои една од нив е музејот на мечето Руперт. Според извештајот на Херн Беј Тајмс, на регистарот за наследство во опасност има 19 градби во Кантербери кои итно имаат потреба од обновување,но за кои советот нема доволен фонд на средства.

Театарската и коцертната сала на градот е театарот Марлоу, именуван по Кристофер Марлоу, кој е роден во градот во времето на кралицата Елизабета Прва. Тој е крстен во градската црква Свети Георгија (Saint George), која е уништена за време на Втората светска војна. Стариот театар Марлоу се наоѓал на улицата Сент Маргарет и на репертоарот се наоѓале театарски претстави. Театарот Гулбенкиан(The Gulbenkian Theatre), кој се наоѓа кај универзитетот,исто така му е во служба на градот,во кој исто така има кино и кафе бар. Денес театарот Марлоу е целосно обновен, кој бил отворен во октомври 2011. Покрај овие театри, на неколку други места во градот се одржуваат театарски перформанси, како што се во Катедралата и опатијата Свети Августин. Премиерата на „ Убиство во Катедралата“ од Т.С.Елиот се оддржала во Кантербериската Катедрала.

Најстариот тудорски театар кој опстојува во Кантербери е Кејсис Бар (Casey's Bar), порано познат како Пабот на Шекспир. Во Кантербери има и неколку театарски дружини, вклучувајќи ги Т24 драмската заедница на студентската унија при Универзитетот на Кент, Кантербериските глумци и Младинскиот театар на Кент.

Театарот Марлоу

[уреди | уреди извор]

Реконструираниот театар Марлоу е најголемиот театар во регионот.Во програмата се вклучени мјузикли , драми, балет, современи танци, класични оркестри, детски претстави, пантомими, стендап комедија, и концерти. Исто така, ќе има и втора сала за перформанси наречена студио Марлоу, посветен на креативни активности и кој во својата програма ќе вклучува нови дела. Овој театар нуди три бара со поглед кон градот, ресторан и тераса покрај реката. Тој е отворен за јавноста од 4 октомври.

Катедралата

[уреди | уреди извор]
Средeн Век
[уреди | уреди извор]

Полифоничната музика напишана за монасите од манастирот „Крајст Чрч“ (Катедралата) опстојувала од XIII век. Голема е веројатноста да катедралата имала оргули уште во XII век, и покрај тоа што се заведени имињата на оргуларите само од почетокот на XV век натаму. Еден од најрано именуваните композитори поврзан со Каантербериската катедрала бил Леонел Пауер , кој бил назначен за маестро на новиот хор на женската капела,формиран во 1438.

Пореформациски период
[уреди | уреди извор]

Реформацијата придонела за намалeно создавање на музика на катедралата, која подоцна е заживеана од страна на деканот на катедралатаТомас Невил на почетокот на XVIII век. Невил вовел инструменталисти во музиката на Катедралата, кои свирале на корнет и сакбут,и најверојатно биле членови на градскиот band of waits. Катедралата била снабдена со блок флејти, лејти и виоли за да ги користат момците од хорот и црковните пцалти.

Како што било заедничко за сите англиски градови во средниот век, така и во Кантербери бил вработен градски бенд познат како Waits. Постојат записи од исплаќањето на Waits ,кои датираат од 1402, иако е можно тие да постоеле од порано. Бендот бил растурен од градските власти во 1641 поради прекршоци, но биле повторно вратени на сцена во 1660, кога свиреле за посетата на кралот Чарлс Втори, кога се враќал од егзил. На крајот Waits биле укинати нацинално со Општинскиот Корпоративен Акт од 1835. Модерна музичка група наречена The Canterbury Waits го оживела името.

Кантербери Кетч Клубот( Canterbury Catch Club) бил музички и социјален клуб и билотворен во градот помеѓу 1779 и 1865. Во клубот (само мажи) се збирале секоја недела во зима. Имало и оркестар кој помагал во преформансите во првата половина на вечерта. По интервалот, членовите пееле кеч(catches) и гли (glees) од обемната музичка библиотека на клубот ( денес зачувани во архивата на Катедралата во Кантербери.

Современ период
[уреди | уреди извор]

Името на градот било искористено за именување на музички жанр познат под името Кантербери саунд (Canterbury Sound) или Кантербери сцена ( Canterbury Scene), група на музичари со различни стилови, како што се прогресивен рок, авант-гарда и џез, основана во градот кон крајот на 1960-тите и почеткот на 1970-тите. Некои од позначајните кантербериски бендови биле Софт Машин (Soft Machine), Караван(Caravan), Мечинг Мол (Matching Mole), Ег (Egg), Хатфилд енд д Норт(Hatfield and the North), Нешанал Хелт (National Health), Гилгамеш (Gilgamesh), Софт Хип (Soft Heap), Кан (Khan), Камел (Camel)и Ин Кахутс (In Cahoots). Со текот на годините, со промена на членовите на бендовите и со создавање на нови бендови, терминот се користи за опишување на музички стил или поджанр, отколку да се опише регионална група на музичари. Во периодот од 70-тите до 80-тите кантерберискиот „Одеон“ бил домаќин на многу панк бендови и бендови од новиот бран,како што се Д’ Клеш (The Clash), Д’Рамонс (The Ramones),Блонди (Blondie), Шем69 (Shem69), Магазин (Magazine), ХТЦ (HTC), Др Филгуд (Dr Feelgood), Елвис Костело (Elvis Costello) и атрактивните, Д’Стренглрс (The Stranglers).

Во Универзитетот на Кент се одржале концерти на бендови како што се Лед Цепелин (Led Zeppelin) и Д’Ху (The Who). Кон крајот на седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите кантерберискиот Одеон бил домаќин на многубројни значајни збиднувања, вклучувајќи ги и Д’Кјур(The Cure) и Џои Дивижн(Joy Division). Театарот Марлоу е место каде што се одржуваат и музички перформанси, како што се Дон Меклин (Don McLean) во 2007, и Ферпорт Конвеншн ( Fairport Convention) во 2008. Вестгејт салата е место каде што редовно има музика и танц.

Кантербериската хорска заедница редовно одржува концерти во Кантербериската катедрала, специјализирани за обемни хорски дела од класичниот репертоар. Кантерберискиот Оркестар, основан во 1953, е група во подем, составена од ентузијастички музичари кои редовно се справуваат со огромни дела од симфонискиот репертоар. Други музички групи се Кантербери Сингрс( Canterbury Singers) ( исто така основани во 1953), Кантемус (Cantemus), и Камерниот Хор на градот Кантербери. Универзитетот на Кент има Симфониски оркестар, Универзитетски хор, Камерен хор и Универзитетски концертен бенд и Биг бенд(Big Band).

Кантерберискиот фестивал се одржува две недели во октомври секоја година, во Кантербери и во околните градови. Овој фестивал вклучува широк опсег на музички настани почнувајќи од опера и симфониски концерти до светска, џез,народна музика итн, како и настани на Фестивалски Клуб, Фринџ(Fringe) и Амбрела (Umbrella)настани. Кантербери е исто така домаќин на фестивалот „ Лоунџ он д фарм“ (lounge on the farm) кој се одржува секоја година во јули, и каде има воглавно перформанси од рок,инди и денс артисти.

Реге/ска изведувачот Џаџ Дред (Judge Dread) последната негова свирка ја оддржал во театарот Пени. Неговите последни зборови биле „ајде еден огромен аплауз за бендот “ . Потоа тој отишол позади сцената , добил срцев удар и починал,и покрај помошта од амбулантната екипа и од публиката.

Композитори

[уреди | уреди извор]

Композитори кои се поврзани со Кантербери се следните:

  • Томас Талис (Thomas Tallis)(1505-1585), станал црковен пцалт во Кантербериската катедрала во 1540, а последователно бил назначен за „ Џентлмен“ (Gentleman)во Кралската Капела во 1543.
  • Џон Вард(John Ward) ( 1571-1638), роден во Кантербери, хорист во Кантербериската катедрала, компонирал мадригали, дела за виола и црковна музика.
  • Орландо Гибон(Orlando Gibbons) (1583-1625) ,оргулар,композитор и „ Џентлмен“ (Gentleman) во Кралската Капела,кој починал во Кантербери и бил закопан во Катедралата.
  • Вилијам Флектон (William Flackton)( 1709- 1798) роден во Кантербери, хорист во Кантербериската Катедрала, оргулар,виолист и композитор.
  • Џон Марш (John Marsh)(1752-1828), адвокат, аматерски композитор и организатор на концерти, напишал две симфонии за кантерберискиот оркестар пред да се пресели во Чичестер во 1784.
  • Томас Кларк (Thomas Clark)(1775-1859), чевлар и оргулар во методистичката црква во Кантербери, композитор на „Вест Галери“(West Gallery) химните и псалми.
  • Сер Џорџ Елвис Џоб Елви (Sir George Elvis Job Elvey) ( 1816-1893), оргулар и композитор, роден во Кантербери и вежбал како хорист во катедралата.
  • Алан Ридо (Alan Ridout)(1934-1996) наставник и новинар, композитор на црковна,оркестарска и камерна музика.
  • Сер Питер Максвел Дејвис (Sir Peter Maxwell Davies)бил назначен за почесен соработник на Универзитетот Крајст Чрч во Кантербери при церемонија во кантербериската катедрала.

Многу оргулари во кантербериската катедрала компонирале црковна музика,химни итн.

Игралиштето Сент Лоренс (St. Lawrence Ground) е значаен како еден од двете игралишта кој се користи редовно за прва класа на крикет, чија ограда е од дрва ( другото игралиште е Сити Овал во Пјетермарицбург, Јужна Африка). Тоа е домашно игралиште на Кент Каунти Крикет Клубот (Kent County Cricket Club) и бил домаќин на неколку натпревари на крикет меѓу интернационални тимови, вклучувајќи и еден натпревар на кој учествувала Англија за време на Светското првенство во крикет во 1999. Фудбалскиот клуб Кантербери Сити (Canterbury City F.C. )се реформирал во 2007 како компанија во корист на заедницата и денес се натпреварува во Лигата на Кент. Претходното разработување на клубот завршил во 2001. Кантерберискиот Рагби Клуб бил основан во 1926 и станал првиот клуб од источен Кент кој се здобил со можноста да игра во националната лига, кога бил префрлен таму во 2006.

Во два наврати трката Тур де Франс поминала низ градот. Во 1994 трката поминала низ градот, а во 2007 се одржал крајот на Бината 1.

Кантербери Хокеј Клубот е еден од најголемите клубови во земјата и двата тима,машки и женски се натпреваруваат во Хокеј Лигата на Англија. Поранешната олимписка победничка на златен медал Шон Крли (Sean Kerly) исто така е член на клубот. Спортските активности за јавноста се одржуваат во спортскиот центар Кингсмид, кој има базен за пливање долг 33 метра и спортска сала за фудбал, кошарка и бадминтон.

Сообраќај

[уреди | уреди извор]

Железница

[уреди | уреди извор]

Кантербери бил терминалот на Кантербери и Витстабл Железницата (Canterbury and Whitstable Railway ) (локално позната како линијата Краб и Винкл) која била прва линија, отворена на 3 мај 1830, а потоа затворена во 1953. И покрај изјавите од Стоктон и Дарлингтон Железницата (Stockton and Darlington Railway), Кантербери и Витстабл (Whitstable)била првата редовна патничка железница на пареа во светот. Првата станица во Кантербери била кај северната линија.

Денес, Кантербери има две железнички станици, Кантербери Западна и Кантербери Источна, и двете раководени од Саутистерн(Southeastern), сегашната компанија за железниците во околината на Кантербери( кои се дел од националната железничката мрежа контролирани од државата).

Кантербери Западна станица, која се наоѓа на југоисточната Железница од Ашфорд(Ashford), била отворена на 6 февруари 1846, а пак на 13 април линијата кон Рамсгејт (Ramsgate) била завршена. Кантербери Западна Линија има брзи (56 минути) возови до лондонската станица Св. Панкрас (St. Pancras), поспори линии до Лондон Чаринг Крос(Charing Cross) и Лондон Викторија(Victoria), а и со возови до Рамсгејт и Маргејт( Ramsgate and Margate).

Кантербери Источната Линија, која се наоѓа поцентрално од двете станици , била отворена од Лондон, Чатам и Довер Жлезницата(London, Chatham and Dover Railway) на 9 Јули 1860.

Порано две други станици биле во служба на Кантербери. Норт Лејн Станицата(North Lane Station) била јужен терминал на Кантербери и Витстабл Железницата помеѓу 1830 и 1846. Кантербери Јужната станица била на Елам Вали Железницата(Elham Valley Railway) , која била отворена во 1890 и затворена 1947. Брзата патна линија до Лондон Св. Панкрас преку Ашфорд Инернационал започнала на 13 Декември 2009. Патувањето до Лондон се намалил на еден час.

Копнен сообраќај

[уреди | уреди извор]

Покрај Кантербери минува А2 автопатот од Лондон до Довер. Околу 45 милји (72 км) е од М25 кружниот автопат на Лондон, и 65 милји (98 км) од централен Лондон. Другиот главен пат што минува преку Кантербери е А28 од Ашфорд до Рамсгејт и Маргејт. Градскиот Совет многу инвестирал во системот „паркирај и вози“ околу градската периферија и има три места: кај Винчип, Њу Довер Роуд и Стари Роуд (Wincheap, New Dover Road and Sturry Road). Исто така се планира да се изградат директни патишта за влез и излез од А2 во насока кон Лондон каде се спојува со преоптоварениот Винчип ( сега има само патишта од А28 до и од правецот кон Довер) за да се овозможи поголем пристап до Кантербери од А2, но овие се сè уште предмет на локална дискусија. Во 2011 била изградена трета раскрсница, која ги поврзува А28 со северниот дел на А2; според ова само јужниот дел на А2 останува без излез, но бидејќи ова ќе го пресекува паркингот за коли „паркирај и вози“ и ќе се спои со А28 кај веќе комплицираната раскрсница, не се очекува да се доизгради во блиска иднина.

Образование

[уреди | уреди извор]

Во градот има многу студенти, бидејќи е седиште на четири универзитети, заедно со неколку други високообразовни институции и колеџи; на попис во 2011, 22 % од популацијата на возраст од 16 до 74 години биле редовни студенти, споредено со 7% во цела Англија.

Градот е седиште на четири универзитети: Универзитетот на Кент, Универзитетот „Крајст Чрч“ во Кантербери, Универзитетскиот Колеџ за Креативни Уметности и најновиот ГАУ(The Girne American University).

Главниот кампус на Универзитетот на Кент се простира на 300 акри (121 ха) кај Св. Стефан Хил(St. Stephen's Hil), една милја северно од кантерберискиот градски центар. Претходно именуван како Универзитетот на Кент во Кантербери, е основан во 1965, со помал кампус отворен во 2000 во градот Чатам(Chatham). Од 2007, има околу 16 000 студенти.

Универзитетот „Крајст Чрч“ во Кантербери бил основан во 1962 како колеџ за обучување на наставници,од страна на Црквата на Англија. Во 1978 неговиот опсег на курсеви почнал да се шири и на други предмети, и во 1995 станал Универзитетски Колеџ. Во 2005 се здобил со статус на универзитет, а од 2007 имал околу 15 000 студенти.

Универзитетскиот Колеџ за Креативни уметности е најстарата високообразовна институција во градот, кој бил основан во 1882 од Томас Сидни Купер (Thomas Sidney Cooper) како Училиштето за Уметност „Сидни Купер“. Близу Универзитетот на Кент се наоѓа Францисканскиот Меѓународен Центар за студирање, место за изучување на Францисканскиот Ред. Колеџот „Чосер“ е независен колеџ за јапонски и други студенти во кампусот на Универзитетот на Кент. Кантербери Колеџот, порано познат како Кантербери Колеџ за Технологии, нуди различни професии, дополнителни и курсеви за високо образование, за оние кои го напуштиле училиштето и за возрасни.

Како независни средни училишта се Кент Колеџ, Училиштето „Сент Едмундс“,и најстарото училиште во Англија, училиштето „Кингс“. Свети Августин основал училиште веднаш по неговото пристигнување, и од ова се основало училиштето „Кингс“. Документираната историја на училиштето започнала веднаш по распуштањето на манастирите во XVI век, кога училиштето се здобило со сегашното име, кој се однесува на Хенри 8. Училиштето „Кингс“ е еден од највисоко рангираните јавни школи во Обединетото Кралство, кој редовно се наоѓа во првите десет на списокот на училишта со највисоки трошоци.

Средни училишта за изучување на класичните јазици( grammar schools) се училиштето „Бартон Корт Грамар“( Barton Court Grammar School), училиштето „Сајмон Ленгтон Грамар“ за момчиња (Simon Langton Grammar School for Boys) и училиштето „Сајмон Ленгтон Грамар“ за девојчиња (Simon Langton Girls’ Grammar School); сите од кои во 2008, 93% од нивните ученици се здобиле со пет или повеќе ГЦСЕ(General Certificate of Secondary Education- GCSEs) со оценки од А до Ц, вклучувајќи ги англиски јазик,и математика. Државни средни училишта каде нема селекција се Кантербери Средно Училиште, католичкото училиште „Сент Анселм“, Надбискупското училиште на Црквата на Англија, и Технолошкото Училиште Чосер; сите од кои во 2008, 30% од нивните ученици се здобиле со пет или повеќе ГЦСЕ (GCSEs-General Certificate of Secondary Education) со оценки од А до Ц, вклучувајќи ги англиски јазик и математика.

Локални медиуми

[уреди | уреди извор]

Првиот весник на Кантербери бил „Кентиш пост“, основан во 1717 г. Во 1768 му било променето името во Кентиш Газет( Kentish Gazette),кој е уште објавуван, и се тврди дека е втор најстар весник кој опстанал во државата. Овој весник го покрива регионот на источен Кент и има тираж од околу 25 000 примероци.

Воглавно, постојат три бесплатни неделни весници кои го покриваат Кантерберискиот Округ: „Јуаркантербери“, „Кантербери Тајмс“, и „Кантербери Екстра“( yourcanterbury, the Canterbury Times and Canterbury Extra). „Кантербери Тајмс“ е во сопственост на „Дејли Меил“ и „Џенерал Траст“ и има тираж од околу 55 000. „Кантербери Екстра“ е во сопственост на КМ Груп и исто така има тираж од околу 55 000. Јуаркантербери е објавуван од КОС Медиа, кои исто така го објавува популарниот окружен весник „Кент он Сандеј“ (Kent on Sunday).

Радио и Телевизија

[уреди | уреди извор]

Во Кантербери има две локални радио станици, КМФМ Кантерббери( KMFM Canterbury) и ЦСР 97.4FM. (CSR 97.4FM). КМФМ Кантербери се емитува на 106ФМ. Порано бил познат како КМФМ106, и пред да го земе КМ Груп во своја сопственост, бил познат како ЦТФМ(СТFM), кој се однеувал на локалниот поштенски код ЦТ (СТ). Најпрво студиото и презентерите се наоѓале во градот, а од 2008 биле преместени во Ашфорд.

ЦСР 97.4 ФМ (CSR 97.4FM), акроним за „Радио на Студентска заедница“("Community Student Radio"), се емитува на 97.4 ФМ од студија и од Универзитетот од Кент и од Кантербери Крајст Чрч Универзитетот. Станицата е раководена во соработка на образовните установи во градот , вклучувајќи ги двата универзитета. Трансмитерот се наоѓа на Универзитетот на Кент, покривајќи го целиот град. ЦСР ги заменил двете постоечки радио станици: Ц4 Радио, кој бил користен од Универзитетот Кантербери Крајст Чрч, и УКЦ Радио, кој бил користен од Универзитетот на Кент.

Има две други радио станици кои покриваат дел од градот.Хоспитал Радио (ЦХР)( Hospital Radio) во Кантербери е наменет за пациентите од болицата во Кент и Кантербери, а во училиштето за момчиња „Сајмон Ленгтон“ се наоѓа радиостаницата СЛБСЛајф (SLBSLive), чиј пренос го опфаќа само училишниот двор.

Познати луѓе

[уреди | уреди извор]

Меѓу познатите луѓе кои се родени во Кентебери се Кристофер Мароу, ТВ презентерката Фиона Филипс, глумецот Томас Џејмс Лонли, пејчот и глумец Џозеф Мекманер, писателот на комични книги Џек Лоренс, и глумецот Орландо Блум. Мери Туртел, творецот на Мечето Руперт,и Томас Сидни Купер, Викторијанскиот сликар на животни кој ја учел,и двајцата биле родени и живееле во градот. Крикет играчот Дејвид Говер, физичарот Вилијам Харви, глумицата и пејачка Аруан Галиева, писателот В.Сомерсет Могам и филмскиот режисер Мајкл Пауел се едни од поранешните ученици на училиштето „Кингс“ во Кантербери. Едни од најзначајните ученици од постарите генерации при Универзитетот на Кент се комедијантот Алан Дејвис, пејачката Ели Гулдинг, новинарскиот уредник Рози Бојкот, глумецот Том Вилкинсон,и романописецот,добитник на наградата Букр ("Booker Prize"), Казуо Ишигуро, и Крис Симонс (најдобро познат по улогата ДС Мики Веб , хит полициската драма на АјТиВи, Сметката ("The Bill").