Градот се наоѓа близу Кирицкиот езерски синџир на езера. Градот го има добиено прекарот „крколивиот Кириц“ (Kyritz an der Knatter). Бучавата на бројните воденици долж потокот, паралелен на реката Јеглиц била причината за овој прекар. Овој речен канал денес не постои.
Градот е составен од следниве единици: Берлит, Борк, Древен, Гантиков, Ганц, Холцхаузен, Кецлин, Лелихов, Мехов, Рефелд и Тец.
Во 1225 бил основан францискански манастир (укинат во 1552)
Во 1237, Кириц (првично Хорици („Chorizi“)) ги добил градските права. Градот се наоѓа во областа Пригниц, словенски pregynica (што означува „непристапни дрвја“).
Во 14 век, Кириц станал член на Ханза. Во тоа време биле изградени градските ѕидини и парохиската црква Св. Богородица. Црквата и остатоците од градските ѕидини постојат и денес.
Во 1488 било произведено првото пиво наречено „Mord und Totschlag“ (Смрт и убиство). Пивото сè уште се произведува во селото Десов.
Во 1600 е роден грофот Ханс Кристоф фон Кенигсмарк, водечки шведски генерал во Триесетгодишната војна.