Од Википедија — слободната енциклопедија
Кеплавик (исландски: Keflavík) — град во југозападниот дел на Исланд, во состав на општината Рејкјанеспајр на регионот Јужен Полуостров, брои околу 14.000 жители и е петти град по големина во Исланд. Градот е поврзан со копнен, воден и воздушен сообраќај. Рејкјавик и Кеплавик, заедно со уште неколку градови се сметаат за најважни индустриски, стопански и културни центри на државата.
Во 1995 г. Кеплавик е споен со градот Њардвик, образувајќи ја новата општина Рејкјанеспајр.