Вресовидни
Вресовидни | |
---|---|
Rhododendron simsii | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Астериди |
Ред: | Вресовидни Dumort., 1829 |
Фамилии | |
Во текстот. |
Вресовидни (науч. Ericales) — голем и разновиден ред на дикотиледони, каде припаѓаат разни познати растенија како чајот, рајското јаболко, боровинката, бразилскиот орев и азалејата. Во редот влегуваат дрва и грмушки, лијани и билни растенија. Покрај обичните автофитни растенија, во Вресовидните има и микохетеротрофни растенија сиромашни со хлорофил (на пр. Sarcodes sanguinea) и месојадни растенија (на пр. родот сарацении).
Многу видови имаат венче со по пет ливчиња, често сраснати. Сраснатоста на ливчињата е одлика според која редот традиционално се става во поткласата Sympetalae (сраснатолисни).[1]
Интересна особина на Вресовидните е микоризата. Честа појава кај членовите на редот е симбиотичното присуство на габи на корењата, а постојат три посебни типа што се среќаваат само во кај Вресовидните (ерикоидни, арбутоидни и монотропоидни микоризи). Покрај ова, извесни фамилии во редот имаат исклучителна способност да насобираат алуминиум.[2]
Вресовидните се космополитски ред. Распределеноста на членовите се разликува во голема мера - додека едни се ограничени на тропите, други постојат претежно на Арктикот или умерените краишта. Редот во целина содржи над 8000 видови, од кои во фамилијата Вресови (Ericaceae) спаѓаат 2000-4000 видови.
Стопанско значење
[уреди | уреди извор]Од најголемо стопанско значење е чајната билка (Camellia sinensis) од фамилијата Чаеви. Во редот има и плодови што се користат во исхраната, како што се кивито (Actinidia deliciosa), рајското јаболко (род Diospyros), боровинката, брусницата, бразилскиот орев и сапотата. Тука влегува и дрвото ши (Vitellaria paradoxa), што претставува значаен извор на хранлива течност за милиони жители на потсахарска Африка. Многу видови од редот се одгледуваат заради нивната украсна вредност: познати примери се азалејата, рододендронот, камелијата, јагликата и цикламата.
Класификација
[уреди | уреди извор]Следниве фамилии се типични за поновите класификации. Оние означени со ѕвездичка се признаени во системот APG III.
- фамилија Actinidiaceae* - киви
- фамилија Balsaminaceae* (Воденки)
- фамилија Clethraceae* (Клетри)
- фамилија Cyrillaceae* (Цирили)
- фамилија Diapensiaceae*
- фамилија Ebenaceae* (Абоноси) - абонос и рајско јаболко
- фамилија Ericaceae* (Вресови) - врес, рододендрон и брусница
- фамилија Fouquieriaceae* (Фукерии)
- фамилија Lecythidaceae* (Бразилски ореви)
- фамилија Maesaceae → Primulaceae
- фамилија Marcgraviaceae*
- фамилија Mitrastemonaceae*
- фамилија Myrsinaceae (Мирсини) - циклама и огнивче → Primulaceae
- фамилија Pellicieraceae → Tetrameristaceae
- фамилија Pentaphylacaceae*
- фамилија Polemoniaceae* (Флоксови)
- фамилија Primulaceae* (Јаглики) - јаглики и планински ѕвончиња
- фамилија Roridulaceae*
- фамилија Sapotaceae* (Саподили)
- фамилија Sarraceniaceae* (Сарацении, американски бардачиња)
- фамилија Sladeniaceae*
- фамилија Styracaceae* (Халезии)
- фамилија Symplocaceae* (Симплокоси)
- фамилија Ternstroemiaceae → Pentaphylacaceae
- фамилија Tetrameristaceae*
- фамилија Theaceae* (Чаеви) - чаеви и камелии
- фамилија Theophrastaceae → Primulaceae
Овие ја сочинуваат базалната група на астериди.[3] Кронквистовиот систем, Вресовидните опфаќаат помала група на растенија, сместени во Dilleniidae:
- фамилија Ericaceae
- фамилија Cyrillaceae
- фамилија Clethraceae
- фамилија Grubbiaceae
- фамилија Empetraceae
- фамилија Epacridaceae
- фамилија Pyrolaceae
- фамилија Monotropaceae
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Дрвенест врес — од чиј корен се изработуваат лулиња
Наводи
[уреди | уреди извор]„Вресовидни“ на Ризницата ? |
- ↑ Robyns, W. (31). „Outline of a New System of Orders and Families of Sympetalae“. Bulletin du Jardin Botanique National Belgique. 42: 363–372. JSTOR 3667661. Проверете ги датумските вредности во:
|date=, |year= / |date= mismatch
(help);|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ Jansen et al., 2004
- ↑ Bremer, Birgitta; Kåre Bremera, Nahid Heidaria, Per Erixona, Richard G. Olmsteadb, Arne A. Anderbergc, Mari Källersjöd, Edit Barkhordarian (2002). „Phylogenetics of asterids based on 3 coding and 3 non-coding chloroplast DNA markers and the utility of non-coding DNA at higher taxonomic levels“. Molecular Phylogenetics and Evolution. 24 (2): 274–301. doi:10.1016/S1055-7903(02)00240-3. PMID 12144762.
|access-date=
бара|url=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- B. C. J. du Mortier (1829). Analyse des Familles de Plantes : avec l'indication des principaux genres qui s'y rattachent, 28. Imprimerie de J. Casterman, Tournay.
- S. Jansen, T. Watanabe, P. Caris, K. Geuten, F. Lens, N. Pyck, E. Smets (2004). The Distribution and Phylogeny of Aluminium Accumulating Plants in the Ericales. Plant Biology (Stuttgart) 6, 498-505. Thieme, Stuttgart. (Available online: DOI | Abstract Архивирано на 30 септември 2007 г.)
- W. S. Judd, C. S. Campbell, E. A. Kellogg, P. F. Stevens, M. J. Donoghue (2002). Plant Systematics: A Phylogenetic Approach, 2nd edition. pp. 425–436 (Ericales). Sinauer Associates, Sunderland, Massachusetts. ISBN 0-87893-403-0.
- E. Smets, N. Pyck (Feb 2003). Ericales (Rhododendron). In: Nature Encyclopedia of Life Sciences. Nature Publishing Group, London. (Available online: ELS Site Архивирано на 13 мај 2011 г.)
- Arne A. Anderberg, Bertil Stahl, Mari Kallersjo (2000). „Maesaceae, a New Primuloid Family in the Order Ericales s.l.“. Taxon. International Association for Plant Taxonomy (IAPT). 49 (2): 183–187. doi:10.2307/1223834. JSTOR 1223834.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)