Прејди на содржината

Вок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вок

Вок — сад за готвење.[1] Потекнува од Кина и најмногу се користи во Источна и Југоисточна Азија.

Вокот наликува на тава, но дното на изворниот вок е заоблено, што значи дека е предвиденза отворен пламен. Постои (европска) верзија на вок со рамно дно - верзија за електрични шпорети.

Пречникот на вокот се движи од 30 сантиметри до дури два метри. Верзиите за домашна употреба се движат до 91 сантиметар.

Се изработ6ува од челик или железо. Пред првото готвење се препорачува „напразно“ да се запече со масло за да добие патина. Изворниот вок се произведува со ковање, рачно, и тие примероци се значително поскапи. Постои верзија која е пресвлечена со тефлон и во која не е можно да се достигнат температури до 350 °, како што е случајот во правиот вок.

За време на готвењето, готвачот го држи вокот за рачка слична на рачката на тава, но кај поголемите модели има и рачка од другата страна за да може готвачот да ја протресе храната. Непрекинато тресење на храната за време на готвењето е суштинска особеност на вок готвењето.

Во вокот се става речиси варена храна - разни видови месо, ситно сечкано, за да не се препознае потеклото и макарони, или зеленчук кои редовно се ставаат сурови и сварени за да останат цврсти, т.е. за време на готвењето, кое трае неколку минути, не смее да се распадне и да омекне.

Предностите на вокот се што се користи малку масло, храната брзо се готви и витамините се задржуваат.

  1. „Вок тава премиум ф28“. Братство. Посетено на 9 октомври 2024.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]