Прејди на содржината

Виј

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Виј“ — расказ на рускиот писател Николај Гогољ од вториот дел на збирката „Миргород“, објавена во 1835 година.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Во расказот е обработен еден мотив од народните приказни и верувања.[1]

Осврт кон делото

[уреди | уреди извор]

Поради фолклорниот мотив, „Виј“ претставува продолжение на расказите од првата збирка на Гогољ, „Вечери во селцето крај Диканка“. Меѓутоа, фантастичните раскази присутни во него имаат поинакво значење, зашто реалистичната слика на луѓето е поизразена во овој расказ. Навистина, нереална е фабулата, а нереално е прикажана и главната хероина во расказот, но сето останато е опишано реалистично, во стилот на Гогољ. Животот на богословијата е прикажан карикирано, со претерување својствено на хумористичните раскази, но во основа вистинито, уметнички убедливо и интересно. Притоа, особено се истакнува главниот лик, философот Брут кому тогашната книжевна критика му изразила големо признание. Меѓутоа, мајсторски се насликани и другите ликови во расказот, а во сликањето на слугите, Гогољ на интересен начин го потенцирал нивниот однос кон господарот.[2]

  1. Радован Лалић, „Предговор“ во: Николај Васиљевич Гогољ, Мртве душе (поема). Београд: Просвета, 1966, стр. XXIX.
  2. Радован Лалић, „Предговор“ во: Николај Васиљевич Гогољ, Мртве душе (поема). Београд: Просвета, 1966, стр. XXIX.