Бреза
Бреза | |
---|---|
Бела бреза (Betula pendula) | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Ред: | Буковидни |
Семејство: | Брези |
Род: | Бреза L. |
Видови | |
многу |
Бреза (науч. Betula) — род на листопадни дрва од семејството на брезите (Betulaceae), во која спаѓаат и евлата, леската и габерот, а е во блиско сродство со буките. Опфаќа 30 до 60 таксони, од кои 11 се водат како загрозени на Црвениот список на МСЗП од 2011 г. Брезите се кратковечни пионерски видови, застапени ширум северната полутопка, особено во северните умерени и субполарни краишта.
Во Македонија се среќава само белата бреза (Betula pendula).[1] Името на ова дрво се содржи во разни топоними и населени места како Брезово, Брезно и голем број села со името Брезница.
Опис
[уреди | уреди извор]Сите видови брези се мали до средни дрва или грмушки и претежно виреат во умерениот појас. Имаат прости, назменично распоредени листови со единечна или двојна назабеност, пердувести жилички и имаат дршки и прилисници. Често се јавуваат во парови на странични гранчиња.[2] Плодот е мал и крилест. Се разликуваат од евлата по тоа што женските реси не се задрвенети и шишаркести, туку се распаѓаат кога ќе узреат, испуштајќи го семето.
Кората има карактеристични хоризонтални засеци. Отпорна е на распаѓање поради смолното масло што го содржи. Бојата на кората е различна кај различни видови, поради што постојат видови наречени „сива“, „бела“, „црна“, „црвена“ и „жолта“ бреза.
Пупките излегуваат рано и наполно се развиваат кон средината на летото. Сите се странични, т.е. врвот од гранчето нема завршна пупка. Дрвото кај сите видови има долгнавест состав и сатенски изглед.
Екологија
[уреди | уреди извор]Брезите често растат рамномерно на лесни, добро исцедени кисели почви. Важат за пионерски вид што брзо се шири на отворени предели по опожарување на растителноста и можат да бидат наметливи доколку не се контролираат. Начелно се низински дрва, но некои видови, како џуџестата бреза (Betula nana) се планински.
Видови
[уреди | уреди извор]- Betula aetniensis — сицилиска бреза
- Betula albosinensis — кинеска црвена бреза
- Betula albosinensis var. septentrionalis — севернокинеска црвена бреза
- Betula alnoides — евлолисна бреза
- Betula austrosinensis — јужнокинеска бреза
- Betula carpatica — карпатска бреза
- Betula chinensis — кинеска џуџеста бреза
- Betula dalecarlica
- Betula ermanii — Ерманова бреза
- Betula grossa — јапонска црешова бреза
- Betula jacquemontii (Betula utilis subsp. jacquemontii) — блокорна хималајска бреза
- Betula humilis или Betula kamtschatica — камчатска бреза
- Betula litvinovii
- Betula mandschurica — манџурска бреза
- Betula mandschurica var. japonica — јапонска бреза
- Betula maximowiczii — Максимовичева бреза
- Betula medwediewii — кавкаска бреза
- Betula nana — џуџеста бреза
- Betula pendula — бела бреза МК
- Betula platyphylla (Betula pendula var. platyphylla) — сибирска бела бреза
- Betula pubescens — влакнеста бреза
- Betula pubescens subsp. tortuosa — арктичка
- Betula szechuanica (Betula pendula var. szechuanica) — сечуанска бреза
- Betula tianshanica
- Betula utilis — хималајска бреза
- Betula alleghaniensis — жолта бреза (B. lutea)
- Betula cordifolia — планинска бреза хартијарка
- Betula glandulosa — американска џуџеста бреза
- Betula kenaica — кенајска бреза
- Betula lenta — шеќерна бреза
- Betula lenta subsp. uber — вирџиниска круглолисна бреза
- Betula michauxii — њуфаундлендска џуџеста бреза
- Betula minor — џуџеста бела бреза
- Betula nana — џуџеста бреза
- Betula neoalaskana — алјаска бреза
- Betula nigra — river birch or black birch
- Betula occidentalis — западна бреза
- Betula papyrifera — бреза хартијарка
- Betula populifolia — сива бреза
- Betula pumila — блатна бреза
Употреба
[уреди | уреди извор]Брезата е мошне тврдо дрво и затоа тешко се работи со рачни орудија.[3] Дрвото има сјаен изглед и е погодно за украсни површини како фурнир. Од него често се прават и шперплочи за мебел и макети во авиомоделарството. Од балтичката бреза се изработуваат кутии за звучници, тапани и гитари.
Маслото се користи во штавењето на кожа, а катранот порано бил мошне застапен како лепило, но и како природен лек.[4] Брезовиот сок е традиционален пијалак во северна Европа, Русија и северна Кина. Оваа материја во Македонија е застапена и во шампони.
Во стара Индија и Русија, брезовата кора масовно се користела како материјал за пишување.[5][6]
Културно значење
[уреди | уреди извор]Брезата има значење во митологијата и верувањата на европските народи, особено Словените и Келтите. Во словенската митологија, на брезине седеле русалките и самовилите бидејќи им прилегале. Според верувањата на келтските народи, брезата симболизира обнова, стабилност и приалгодливост поради нејзината жилавост и приспособливост на разни физички и климатски услови.
Брезата е национално дрво на Финска и Русија како и државно дрво на Њу Хемпшир, САД.
Брезата како мотив во уметноста
[уреди | уреди извор]- „Шумат брезите“ - песна на рускиот поет Генадиј Ајги од 1975 година.[7]
- „Врвовите на брезите - од детството и до денес“ - песна на Генадиј Ајги од 1983 година.[8]
- „Бреза и даб“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[9]
- „Бреза“ - песна на рускиот поет Сергеј Есенин од 1913 година.[10]
- „Принцезата бреза — песна на македонскиот поет Видое Подгорец.[11][12]
- „Бреза и јавор“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.[13]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Бреза“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
- ↑ Keeler, Harriet L. (1900). Our Native Trees and How to Identify Them. New York: Charles Scriber's Sons. стр. 295–297.
- ↑ http://www.woodmagazine.com/materials-guide/lumber/wood-species-1/birch/
- ↑ „Birch Tar – How to collect it“. Архивирано од изворникот на 2008-02-27. Посетено на 2013-11-18.
- ↑ Sanjukta Gupta, "Lakṣmī Tantra: A Pāñcarātra Text", Brill Archive, 1972, ISBN 90-04-03419-6.
- ↑ Amalananda Ghosh, "An Encyclopaedia of Indian Archaeology", BRILL, 1990, ISBN 90-04-09264-1
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 54.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 55-56.
- ↑ Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 55.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 157.
- ↑ Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 9-10.
- ↑ Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 40-41.
- ↑ Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 71.
- Grimshaw, John (2009). New Trees, Recent introductions to cultivation. Kew Publishing, RBG Kew. стр. 163–174.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Бреза“ на Ризницата ? |
„Betula“ на Викивидовите ? |
- Бреза - моќен лек за кој малку знаеме Архивирано на 11 септември 2013 г. — „Доктори“ (македонски)
- Сок од бреза за лекување и подмладување Архивирано на 29 септември 2013 г. — НМД (македонски)
- Фитотерапија: Бреза – лековита билка Архивирано на 29 јули 2012 г. — „Канцер“ (македонски)
- „Бреза“ — Енциклопедија на живиот свет
- Семејство брези (Betulaceae) — препознавање на видовите со слики (англиски)