Блекинге (округ)
Блекинге Blekinge län | |||
---|---|---|---|
Округ | |||
Земја | Шведска | ||
Админ. центар | Карлскруна | ||
Управа | |||
• Управник | Гунвор Енгстрем | ||
• Совет | Окружен совет на Блекинге | ||
Површина | |||
• Вкупна | 2.941 км2 (1,136 ми2) | ||
Население (31 март 2011)[1] | |||
• Вкупно | 153.131 | ||
• Густина | 52/км2 (130/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
БДП (ном.) | 34.566 милиони круни (2004) | ||
БДП/жит | 231.000 круни | ||
NUTS | SE221 |
Блекинге (швед. Blekinge län) е округ (län) во јужниот дел на Шведска. Се граничи со окрузите Сконе, Крунуберг, Калмар и Балтичкото Море. Административен центар е Карлскруна. Со 0,7 % од површината на земјата, ова е најмалиот округ во Шведска.
Покраина
[уреди | уреди извор]Историската покраина Блекинге ги има истите граници како денешниот округ.
Управа
[уреди | уреди извор]Во периодот од 1680 до 1683 територијата на округот Блекинге била дел од Калмар поради основањето на поморска база во Карлскруна.
Главна цел на окружниот административен одбор е спроведување на целите утврдени во парламентот и владата, усогласување на локалните и државните интереси, унапредување на развојот во округот, воспоставување на регионални цели, запазување на јавниот ред и раководење со правните постапки. Окружниот административен одбор е владина служба на чие чело стои управник.
Окружниот совет на Блекинге (Landstinget Blekinge) е задолжен за здравството и јавниот превоз.
Општини
[уреди | уреди извор]Населени места
[уреди | уреди извор]Еве ги петте најголеми населени места во округот Блекинге:[2]
бр. | Место | Население |
---|---|---|
1 | Карлскруна | 32.606 |
2 | Карлсхамн | 18.768 |
3 | Ронеби | 11.767 |
4 | Селвесборг | 7.883 |
5 | Улофстрем | 7.425 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Квартал 1 2011“. Централна статистичка служба. (шведски)
- ↑ Централна статистичка служба, 2005
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Окружен административен одбор на Блекинге (шведски)
- Окружен совет на Блекинге (шведски)