Игор Антон
Антон на Еускал Бициклета 2008 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Игор Антон Ернандес | ||
Прекар | Фуџи | ||
Роден | 2 март 1983 Галдакао, Баскија, Шпанија | ||
Висина | 1,73 м | ||
Маса | 59 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | пензиониран | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за искачување | ||
Аматерски клубови | |||
2002 2003-2004 | Олара-Консултек Орбеа-Олара-Консултек | ||
Професионални клубови | |||
2005–2013 2014–2015 2016-2018 | Еускалтел-Еускади Мовистар Тим Тим Дименжн Дата | ||
Значајни победи | |||
|
Игор Антон Ернандес (шпански: Igor Antón Hernández; р. 2 март 1983) — поранешен шпански професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2005-2018.[1]
Кариера
[уреди | уреди извор]Откако станал професионалец во 2005, поголеми достигнување му е победата на шеснаесеттата етапа на Вуелта а Еспања 2006.[2]
Откако ги импресионирал директорите на неговата екипа во 2007, каде освоил етапа на Тур де Романди, Антон набрзо бил одбран како водач на екипата за генералниот пласман на Вуелта а Еспања 2008, каде завршил како осми во генералниот пласман. Годината му започнала добро и во јуни бил втор на Еускал Бициклета. Подоцна истиот месец, Антон ја освоил втората етапа на UCI ProTour трката Тур де Свис. Во генералниот пласман завршил како трет. Во септември на Вуелта а Еспања, Антон бил во најдобрата форма во кариерата и го одржувал темпото на Алберто Контадор и Алехандро Валверде низ планините. Падот на етапата до Алто де Л’Англиру ставил крај на неговите амбиции на Вуелта. Падот предизвикал фрактура на клучната коска и сезоната ја завршил порано.
Сезоната 2009 започнала послабо за Антон. Започнал на Тур де Франс во јули, но потфрлил во однос на резултатите. Тур бил исполнет со лоша среќа за Антон, откако имал најмалку три пада на почетокот на тринеделната трка. Меѓутоа, Антон излегол со добра форма по Тур де Франс и ја освоил единствената победа во сезоната на 2 август, кога победил на Субида а Уркиола.
Во 2010, Антон се покажал како добра возач на класиците, завршувајќи 4. на Флеш Валон и 6. на Лиеж-Бастон-Лиеж. На Вуелта а Еспања, Антон ги освоил етапата 4 и 11, со што ја преземал водечката маичка. Меѓутоа на етапата 14, додека ја носел водечката маичка, Антон доживеал силен пад на спустот и бил приморан да се откаже од трката.
Во 2011, Антон освоил две етапи на Гранд Тур трките. Победил на етапата 14 на Џиро д’Италија и етапата 19 на Вуелта а Еспања, обете со завршници на нагорнина.
Во 2012, Антон бил насочен кон Вуелта а Еспања 2012, каде завршил како 9. во генералниот пласман по импресивните резултати на планините.
Антон му се приклучил на Мовистар Тим за сезоната 2014,[3] откако неговата претходна екипа, Еускалтел-Еускади, се распаднала на крајот на сезоната 2013.[4]
Во мај 2015 година, Антон постигнал победа по четиригодишна суша. Ја освоил планинската прва етапа на Вуелта а Астурија со четиринаесет секунди предност пред Аметс Чурука од Каха Рурал-Сегурос РГА.[5] Не го испуштил водството на втората етапа, која била последна етапа на трката. Завршил со водечката група од пет возачи.[6]
Антон се повлекол од тркање по последната етапа на Вуелта а Еспања 2018.[1] Бил поздравуван од публиката на улиците на Мадрид, кога возел на чело на групата некое време. Неколку месеци подоцна, неговата кариера била поздравена од локалниот фудбалски клуб Атлетик Билбао на нивниот стадион пред баскиското дерби против Еибар.[7]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 2006
- 1. Етапа 16 Вуелта а Еспања
- 1. Ескалада а Монжуик
- 2007
- 7. Краен пласман Тур де Романди
- 1. Етапа 4
- 8. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 2008
- 3. Краен пласман Тур де Свис
- 1. Етапа 2
- 2009
- 1. Субида а Уркиола
- 2010
- Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 11
- 2. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон
- 1. Етапа 3
- 2. Класика Примавера
- 4. Флеш Валон
- 6. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 9. Краен пласман Тур де Романди
- 1. Етапа 5
- 2011
- 1. Етапа 14 Џиро д’Италија
- 1. Етапа 19 Вуелта а Еспања
- 3. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон
- 5. Флеш Валон
- 2012
- 3. Класика Примавера
- 9. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 9. Краен пласман Вуелта а Бургос
- 2013
- 2. ГП Мигел Индураин
- 6. Вуелта а Мурсија
- 8. Флеш Валон
- 2014
- 4. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
- 2015
- 1. Краен пласман Вуелта а Астурија
- 1. Етапа 1
- 3. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон
- 2016
- 9. ГП ди Лугано
- 9. Краен пласман Вуелта а Бургос
- 10. Џиро дел’Емилија
- 2017
- 6. Краен пласман Вуелта а Бургос
- 2017
- 4. Краен пласман Вуелта а Бургос
Распоред на резултатите на големите трки
[уреди | уреди извор]Голема трка | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | 83 | — | — | — | — | — | 17 | — | — | 37 | 38 | 28 | 62 | СО |
Тур | — | — | СО | — | 66 | — | — | — | 23 | — | — | — | — | — |
Вуелта | — | 15 | 8 | СО | 33 | СО | 33 | 9 | 20 | — | — | СО | 35 | 44 |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Anton hangs up his bike after 14 years“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 16 септември 2018. Посетено на 4 јануари 2019.
- ↑ „Антон ги достигна височините на Калар Алто“. Eurosport.com.
- ↑ „Игор Антон потпиша двегодишен дговор со Мувистар по распаѓањето на екипата Еускалтел-Еускади“. Sky Sports. BSkyB. 10 декември 2013. Посетено на 26 декември 2013.
- ↑ „Еускалтел-Еускади (EUS) – ESP“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2013-12-26. Посетено на 4 јануари 2013.
- ↑ Емил Акселгард (2 мај 2015). „Anton back to his winning ways in Asturias mountains“. Cycling Quotes. CyclingQuotes.com 2013. Посетено на 2 мај 2015.
- ↑ Емил Акселгард (3 мај 2015). „Herrada and Anton make it a great day for Movistar in Asturias“. Cycling Quotes. CyclingQuotes.com 2013. Посетено на 3 мај 2015.
- ↑ „Pedalling towards victory“. Athletic Bilbao. 22 февруари 2019. Посетено на 23 февруари 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Игор Антон“ на Ризницата ? |
- Матична страница
- „Достигнувања на Игор Антон“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Игор Антон“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Игор Антон“. ProCycling.
- Достигнувања на CyclingBase Архивирано на 11 март 2012 г. ((француски)