Дренови
Изглед
Дренови | |
---|---|
Шведски дрен (Cornus suecica) | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Евдикоти |
клад: | Астериди |
Ред: | Дреновидни |
Семејство: | Дренови |
Дренови (науч. Cornaceae) — семејство на цветни растенија од редот дреновидни (Cornales) со светска распространетост. Опфаќа околу 110 вида — претежно дрва и грмушки кои можат да бидат листопадни или зимзелени. Имаат спротивни или наизменични прости листови, четириделни или петделни цветови насобрани во соцветија или главичести групи, како и јаткасти плодови.[1] Во северните умерени предели, најзастапени се два рода: дренот (Cornus) и тупелото (Nyssa).
Родови
[уреди | уреди извор]Во семејството влегуваат следниве родови (Bercht. & J.Presl)[2]
дренови (Cornaceae) sensu stricto:
тупела (Nyssaceae):
- Nyssa — тупело
- Mastixia — мастиксија
- Diplopanax — диплопанакс
- Camptotheca — камптотека
- Davidia — шамивчесто дрво
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Kubitzki, K. (2004). Cornaceae. In The Families and Genera of Vascular Plants Volume 6: Flowering Plants: Dicotyledons: Celastrales, Oxidales, Rosales, Cornales, Ericales (Kubitzki, ed.). Springer-Verlag, New York.
- ↑ Angiosperm Phylogeny Group (2009). „An update of the Angiosperm Phylogeny Group classification for the orders and families of flowering plants: APG III“. Botanical Journal of the Linnean Society. 161 (2): 105–121. doi:10.1111/j.1095-8339.2009.00996.x. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-05-25. Посетено на 2013-06-26.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Дренови“ на Ризницата ? |
- „Дренови“ — Енциклопедија на живиот свет
- Дренови (Cornaceae) — Филогенетика на скриеносемениците, Ботаничка градина - Мисури (англиски)