Прејди на содржината

Доналд Сатерленд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Доналд Сатерленд
Donald Sutherland

Сатерленд во 2013
Роден(а)Donald McNichol Sutherland
17 јули 1935(1935-07-17)
Сент Џон, Њу Брансвик, Канада
Починал(а)20 јуни 2024(2024-06-20) (возр. 88)
Мајами, Флорида, САД
Алма матер
Занимањеглумец
Активен период1963 — 2023
Сопружник
Деца5, вклучително Кифер, Росиф и Ангус
РодниниСара Сатерленд (внука)

Доналд Сатерленд (англиски: Donald Sutherland; Сент Џон, 17 јули 1935Мајами, 20 јуни 2024) — канадски глумец. Сатерленд станал познат со толкувањето на улогите на нетипични војници во филмовите како што се „Дванаесетмината жигосани“, „МЕШ“, „Келиевите јунаци“. Доналд Сатерленд е татко и на Кифер Сатерленд, исто така глумец.

Детство и младост

[уреди | уреди извор]

Доналд Сатерленд е роден во Сент Џон, Канада во семејството на Фредерик Мекли Сатерленд и Дороти Изабел. Сатерленд има делумно шкотско, германско и англиско потекло. Детството го поминал во Нова Шкотска. На 14-годишна возраст се вработил во месна радиостаница каде што работел како дописник. Подоцна се запишал на колеџот Викторија на Универзитетот во Торонто каде што дипломирал како инженер по техника и глумец. Подоцна, Сатерленд се одлучил само за глума и се запишал на Лондонската академија за драма и музика во 1957 година.

Почеток на кариерата

[уреди | уреди извор]

По завршувањето на академијата во Лондон, Доналд започнал да глуми во британски филмови на ужасите. Откако се појавил во серијата „Пат за бегство (Escape Route)“, продуцентите на кои им се допаднала неговата изведба во серијата, му понудиле улога во филмот што ќе го прослави „Дванаесетмината жигосани“. По снимањето на „Дванаесетмината жигосани“, Сатерленд се преселил од Лондон во Холивуд.

Филмографија

[уреди | уреди извор]
Година Филм Филм (англ.) Улога Напомена
1967 Дванаесетмината жигосани The Dirty Dozen Вернон Л. Пинкли
1970 Меш M*A*S*H капетан Бенџамин Френклин „Хокај“ Пирс
1970 Келиевите јунаци Kelly's Heroes Одбол
1971 Клут Klute Џон Клут
1973 Не врти се Don't Look Now Џон Бакстер
1976 Дваесеттиот век Novecento Атила Меланчини
1978 Инвазија на трети битија Invasion of the Body Snatchers Метју Бенел
1980 Обични луѓе Ordinary People Калвин Џерет
1989 Бела сува сезона A Dry White Season Бен ди Туа
1989 Зад решетки Lock Up управникот Ворден Драгул
1991 Повратен удар Backdraft Роналд Бартел
1992 Бафи убиецот на вампири Buffy the Vampire Slayer Мерик
1993 Шест степени на раздвојување Six Degrees of Separation
1994 Разоткривање Disclosure Боб Гарвин
1995 Епидемија Outbreak генерал-мајор Доналд Меклинток
1996 Време за убивање A Time to Kill Лисјен Вилбенкс
1998 Паднати Fallen поручникот Стентон
1999 Вирус Virus капетанот Роберт Евертон
2000 Вселенски каубојци Space Cowboys капетанот во пензија Џери О’Нил
2003 Италијанска работа The Italian Job Џон Бриџер
2003 Сјајот на гнилите пари (ТВ серија, 23 епизоди)
2005 Гордост и предрасуда Pride & Prejudice господинот Бенет
2011 Орел The Eagle Акила
2011 Ужасни шефови Horrible Bosses сопствениот на претпријатието
2012 Игрите на гладните The Hunger Games претседателот Кориолан Сноу
2013 Игрите на гладните: Лов на огнот The Hunger Games: Catching Fire претседателот Кориолан Сноу
2014 Игрите на гладните: Сјајот на слободата − Прв дел The Hunger Games: Mockingjay – Part 1 претседателот Кориолан Сноу
2015 Игрите на гладните: Сјајот на слободата − Втор дел The Hunger Games: Mockingjay – Part 2 претседателот Кориолан Сноу
2018 Доверба Trust Џ. Пол Гети (ТВ-серија, 10 епизоди)
2019 Кон ѕвездите Ad Astra полковникот Томас Пруит
2022 Пад на Месечината Moonfall Холденфилд

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]