Ѓер
Ѓер | |||
---|---|---|---|
Плоштадот Сечени | |||
Координати: 47°41′03″N 17°38′06″E / 47.68403° СГШ; 17.63507° ИГД | |||
Држава | Унгарија | ||
Округ | Ѓор-Мошон-Шопрон | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Жолт Боркаи | ||
Површина | |||
• Вкупна | 174,61 км2 (6,742 ми2) | ||
Население (2008) | |||
• Вкупно | 128,808 | ||
• Густина | 730,71/км2 (189,250/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски код | 9000 | ||
Повик. бр. | 96 |
Ѓер (унгарски: Győr, германски: Raab, словачки: Ráb) е шести по големина град во Унгарија. Ѓор е значајно средиште на Западно прекуданвскиот регион како и главен административен центар на унгарскиот округ Ѓор-Мошон-Шопрон.
Градот има население од 128.808 луѓе според податоците од 2008 година.
Географија
[уреди | уреди извор]Градот се наоѓа во северозападниот дел на Унгарија, оддалечен само 20 км од границата со Словачка. Од главниот град на државата - Будимпешта е оддалечен 125 км северозападно. Со Будимпешта е поврзан со добри сообраќајни врски - магистралната пруга Будимпешта - Виена со крак за Братислава, како и современиот автопат М1.
Ѓор се наоѓа во северозападниот дел на Панонската низина, во рамничарскиот предел. Климата во градот е умереноконтинетална. Градот излегува на реката Мосон, притока на Дунав, која исто така е и границата со Словачка (20 км северно).
Население
[уреди | уреди извор]Ѓор денеска има население од околу 130.000 луѓе и е шеститот град по големина во држава (но, прв по најголемиот раст на населението во последните 2 децении). Населението во градот во последните години постојано расте благодарение на зголемување на економијата на многу значајна работна врска Будимпешта - Братислава - Виена.
Најголем број од населението во градот го сочинуваат Унгарците - 95%. Според вероисповеда најголем број на луѓе во градот се католици. Некогашното еврејско и германско население денеска не постои.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Воздушна слика на главниот плоштад.
-
Градската католичка катедрала.
-
Детаљ од градот.
-
Кармелитската црква и Споменикот на Свети Иштван I.
-
Сечениевиот плоштад.
-
Градскиот парк до Мошона.
Интернационални врски
[уреди | уреди извор]Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Ѓор е збратимен со:
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Официальный сайт города Брянска“ (руски). Admin.bryansk.ru. Архивирано од изворникот на 2008-02-14. Посетено на 2009-07-08.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Мрежно место на туристичката организација на Ѓор Архивирано на 7 октомври 2006 г.
- Воздушни фотографии
- Страна - портал Архивирано на 27 септември 2009 г.
|
|
|