ЦЕФТА (англиски: Central European Free Trade Agreement (CEFTA)) е трговски договор помеѓу Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Молдавија, Србија, УНМИК во име на Република Косово и Црна Гора. Поранешни членови се Полска, Чешка, Словачка, Словенија, Унгарија и Хрватска кои станале чланки на Европската Унија.

Central European Free Trade Agreement
Средноевропски договор за слободна трговија
(CEFTA)
Знаме на ЦЕФТА
Членки на ЦЕФТА
Основана21 декемвари 1992
ВидТрговски договор
Членство
Држава која претседава со организацијатаМакедонија Македонија
Генерален секретарРената Витез
Мреж. местоcefta.int

ЦЕФТА ја основале Полска, Чехословачка и Унгарија на 21 декември 1992 во Краков. Подоцна членки станале Словенија (1996), Романија (1997), Бугарија (1998), Хрватска (2002) и Македонија (2006).

ЦЕФТА е договор кој денес ја дефинира единствената слободна трговска зона во југоисточна Европа, иако името на договорот го опишува договорот на земјите средна Европа.

Историја

уреди

Првобитен договор

уреди

Првобитниот договор го потпишале земјите од Вишеградската група, односно Полска, Унгарија и Чехословачка на 21 декември 1992 во Краков, во Полска. Договорот стапил на сила во јули 1994.

Словенија се приклучила во 1996, Романија 1997, Бугарија 1998, Хрватска 2003 и Македонија 2006.

Договор од 2006

уреди

Сите земји од оригиналниот договор, со исклучок на Македонија, влегоа во Европската Унија и со тоа ја напуштија ЦЕФТА. Поради тоа, беше одлучено Договорот да се прошири за да ги покрие и останатите балкански држави, кои веќе создале матрица на билатерални договори за слободна трговија во рамки на Пактот за стабилност во Југоисточна Европа.

На Самитот на премиерите на Југоисточна Европа, во Букурешт на 6 април 2006, ја усвоиле Декларацијата за проширување, која ќе ги опфати Албанија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Србија, Црна Гора и УНМИК (во име на Косово)[1]. Било разговарано за можното пристапување на Украина.[2] Новиот Договор бил потпишан на 19 декември 2006 на Самитот на премиери од Југоисточна Европа во Букурешт.[3] До ратификација дошло на 31 март 2007 и новиот договор стапил во сила на 1 мај 2007 година.[4]

Сегашни и поранешни членки на ЦЕФТА

уреди
Држава Пристапување Заминување -
  Полска 1992 2004
  Унгарија 1992 2004
Предлошка:CZS   Чешка (1993) 1992 2004
  Словачка (1993) 2004
  Словенија 1996 2004
  Романија 1997 2007
  Бугарија 1999 2007
  Хрватска 2003 2013
  Македонија 2006
  Албанија 2007
  Босна и Херцеговина 2007
  Молдавија 2007
  Црна Гора 2007
  Србија 2007
  Косово 2007

Галерија

уреди
  CEFTA земји-членки
  земји-членки ЕУ

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „action = total_news & main_id = 417“. Архивирано од изворникот на 2018-03-05. Посетено на 2018-02-18.
  2. [1]
  3. [2]
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-03-08. Посетено на 2018-02-18.

Надворешни врски

уреди