Дејан Станковиќ

српски фудбалер

Дејан Станковиќ, (роден на 11 септември 1978 година во Белград) — поранешен српски фудбалер кој наголемиот дел од својата кариера го помина во италијанската Серија А во Лацио и Интер и за српската репрезентација во фудбал, каде беше долгогодишен капитен. Тој игра на позицијата среден напаѓач, но исто така игра и на крилните позиции или пак може да биде само во одбранбена улога. „Деки“ е неговиот прекар, и најмногу е познат по неговото делотворно, прецизно додавање, но исто така и по подвижноста и креативноста како и неговата вештина да постигнува голови од далечина. На 13 јуни 2010 година, Станковиќ стана првиот фудбалер кој претставувал три различни држави на светските првенства на ФИФА, Југославија, Србија и Црна Гора и Србија.

Дејан Станковиќ
Лични податоци
Полно име Дејан Станковиќ
Роден на 11 септември 1978
Роден во Белград, СФРЈ, денес Србија
Држава СР Југославија Југославија
Србија и Црна Гора Србија и Црна Гора (2003-2006)
Србија Србија (од 2006)
Висина &100000000000001810000001,81 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 11 октомври 2013 (35 години)
Младинска кариера
1992-1994 Црвена ѕвезда Црвена ѕвезда
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1994-1998 Црвена ѕвезда Црвена ѕвезда 85 (30)
1998-2004 Лацио Лацио 137 (22)
2004-2013 Интер Интер 231 (29)
Репрезентација
1998-2003 СР Југославија СР Југославија 40 (8)
2003-2006 Србија и Црна Гора Србија и Црна Гора 21 (4)
2006-2013 Србија Србија 42 (3)
* Ажурирано на: 10 јули 2018
** Ажурирано на: 10 јули 2018

Ран живот

уреди

Станковиќ порасна во Земун, општина во Белград. Двајцата негови родители Борислав и Драгица, имаат големи фудбалски позадини.

Клупска кариера

уреди

Станковиќ започна да игра фудбал за ФК Телеоптик, во близина на местото каде живееше во Земун. Кога тој беше забележан од тренерот на кадетите на Црвена Ѕвезда, Бранко Радовиќ, иако Дејан имаше 14 години, направи трансфер во младинскиот состав на Црвена Ѕвезда, Белград.

Црвена Ѕвезда, Белград

уреди

Таму Станковиќ играше во сите годишни категории во клубот од неговиот роден град. Во младинските тимови, му беше тренер Пижон Петровиќ, тој играше заедно со идните професионалци Никола Лазетиќ и Ненад Лалатовиќ. За време на сезоната 1994/95 година, дебитантската можност за настап во првиот тим му ја обезбеди главниот тренерот Љубко Петровиќ против градскиот соперник ОФК Белград. Тој се бореше за местото во тимот, покрај другите, Рамбо Петровиќ, Дарко Ковачевиќ и Небојша Крупниковиќ, таа сезона,16-годишниот Дејан настапи на 7 натпревари, додека екипата ја освои титулата во лигата. Тој својот прв гол го постигна против Будуќност, Подгорица, и кратко потоа стана редовен првотимец и омилен меѓу навивачите. Пред почетокот на сезоната 1997/98 година, тој стана капитен на составот на рана возраст од само 19 години, најмлад во клупската историја. Иако не освоија прво место во лигата тој го предводеше тимот до освојување на два купови во домашното првенство. За време на раните 90-тите години, Црвена Ѕвезда доби меѓународна казна поради санкциите на СР Југославија од ОН, што значеше дека клубот не може да се натпреварува во ниту едно европско првенство. Казната беше повлечена во сезоната 1996/97 година, Станковиќ играше голема улога во меморијалната вкупна победа против Кајзерслаутерн во купот на куповите.

Лацио

уреди

Во летото 1998 година, тој направи трансфер од 12 милиони евра ( 24 милиони германски марки) во Лацио, каде што првиот погодок во серија А го постигна на неговото деби против Пијаченца на 13 септември 1998 година. За време на тие години, Лацио имаше екипа со ѕвезди со играчи од светска класа на скоро секоја позиција, сепак Станковиќ брзо обезбеди редовно место во првиот тим, покрај натпреварот меѓу соиграчите од средниот ред Павел Недвед, Хуан Себастијан Верон, Диего Симеоне, Роберто Манчини, Клаудио Лопес, Кристијан Виери и многу други. Тој направи извонредна средишна комбинација заедно со Недвед и Манчини и беше битен дел во успешниот Лацио во таа декада. Со неговата упорност во работата и импресивните настапи тој од навивачите го доби прекарот Ил Драгоне (змејот). Тој имаше пет и пол успешни сезони во небесно сините дел од Рим, пред да настане големиот премин во ФК Интер во февруари 2004 година.

Интер

уреди

Станковиќ сезоната 2003 /04 година ја започна во Лацио, небесно-сините се бореа со финансиски проблеми и беа принудени да продадат голем дел од нивните најдобри играчи. Големите тимови во европскиот фудбал знаеја дека клубот ќе мора да го продаде средниот играч во блиска иднина, па имаше жесток натпревар за негово купување за време на зимскиот преоден рок во сезоната 2003-04 година. Фаворит во трката за потписот на србинот беше Јувентус со којшто се зборува дека има неколку потпишани претпристапни договори помеѓу двете страни на полетокот на јануари во 2004 година, но играчот конечно го одбра Интер. Тој беше купен како дел од договорот кој е вреден 4 милиони евра што исто така во спротивна насока го испрати македонскиот интернационалец Горан Пандев (плус 50% од договорто на Пандев). Фактот дека неговиот стар пријател, поранешен соиграч, и менаџер на Лацио, Роберто Манчини за кого имаше шпекулации дека наскоро ќе го преземе клубот Интер, и тоа може да има влијание врз одлуките со Станковиќ. На почетокот на февруари 2004-тата година, Станковиќ го играше својот дебитански натпревар за Интер под менаџерот Алберто Закерони, во серија А каде што извојува голема победа на домашен терен против Сиена со 4-0. На 21 февруари 2004 година, тој постигна спектакуларен гол директно од корнер со кој Интер победи со 1-0 во градското дерби против вечниот соперник Милан. Интер ја заврши лигашката сезона на 4-тото место со што обезбеди квалификација во лигата на шампионите. Тогашниот и сегашен претседател Масимо Морати, не беше задоволен од Закерони на крајот од сезоната, и како што беа гласините, тој го ангажираше Манчини, кој дојде од финансиски потонатиот Лацио.

Сезона 2004/05 година

уреди

Замената на менаџерот му одговараше на Станковиќ и тој беше повторно соединет со уште едно познато лице од Лацио – Синиша Михајловиќ. На 7 мај 2006 година, Станковиќ го одигра стотиот натпревар за Интер.

Сезона 2006/07 година

уреди

Доаѓајќи од летниот настап на светското првенство од 2006 година, Станковиќ со себе носеше одлична форма од самиот почеток на сезоната 2006/07 година во Серија А, постигнувајќи неколку одлучувачки погодоци. Неговиот погодок против Катанија и неговиот меморијален гол против градските противници, Милан само дополнително го зајакна неговиот пламнат углед кај навивачите на Интер. Според официјалните рејтинзи на спортскиот весник Ла Газета дело спорт, Станковиќ пет пати за време на сезоната 2006/07 година во серија А беше одбран како играч на натпреварот. Тој на 2 февруари 2007 година го обнови договорот, со што обезбеди останување во Интер најмалку до 2010 година.

Сезона 2008/09 година

уреди

Со доаѓањето на Жозе Мурињо на позицијата менаџер на Интер во јуни 2008 година, имаше многу гласини од медиумите за заменување на Станковиќ од црно-сивите (неро аѕурите) (заедно со Адријано, Ернан Креспо, Давид Суазо и Николас Бурдисо), бидејќи тие не беа угледувани на високо ниво од ново пристигнатиот португалски тренер. Исто така медиумите се фокусираа на пријателската врска на Станковиќ со поранешниот менаџер Мансини и помошникот Михајловиќ со прикриени озборувања дека врската помеѓу тренерското дуо беше тоа што го држеше српскиот среден играч во клубот и покрај тоа што неговите настапи не беа толку светли за време на претходната сезона 2007/08 година. Потоа на крајот од јуни по изјавите дека Мурињо му соопштил на Станковиќ дека нема да биде дел од подготвителните тренинзи пред сезоната во Саут Тирол и дополнителните изјави дека Станковиќ и Јуве се договориле за условите, изгледаше дека тој дефинитивно го напушта клубот. Изјавите на медиумите за доаѓањето на Станковиќ во Јуве кај навивачите на клубот предизвика протести и петиции на интернет со објаснување дека тие никогаш нема да му го простат веселото јавно славење за освојување на титулата во серија А за сезоната 2005/06 година, кога од Јувентус беше одземена титулата подоцна и беше врачена на Интер со одлуката за скандалот Калчополи. Договорот со Јуве пропадна за неколку денови поради различни причини, и Станковиќ неочекувано изјави дека ќе биде среќен ако остане во Интер. Сепак, разговорите за трансфер повторно беа присутни со предлозите на Мурињо во средината на јули 2008 година кој изјави ,, Станковиќ не е истиот играч којшто беше во Лацио , што повторно беше знак дека деновите како играч на Интер му се одброени.

И покрај тоа, Станковиќ одлучи да остане да се бори за место во тимот на Мурињо кратко по почетокот на сезоната тој успеа да ја постигне својата цел. На 19 октомври 2008 година, тој постигна прекрасен погодок на натпреварот со Рома под водство на Лучано Спалети на гостински терен на стадионот Олимпико дотолчувајќи ја со 4-0. По додавањето од Сали Мунтари, тој ја стави топката во мрежата на голманот на Рома, неговиот 24-ти гол во сите натпреварувања за црно-сивите, исто така пребродувајќи ја едногодишниот период без постигнат гол. Олеснувањето и докажувањето по сè што помина тоа лето беше очигледно прославувањето за тој гол и во интервјуата после натпреварот, Станковиќ говореше за неговата радост да биде целосно вратен во форма по неговата повреда во претходната сезона. Тој исто така му се заблагодари на Мурињо за дадената поддршка и покрај несогласувањата помеѓу двајцата за време на летниот период.

Во декември 2008 година, Станковиќ стана незаменлив дел од средината на Мурињо, покажа друго светло од неговата повторно откриена форма против ФК Киево од Верона на домашен терен, прво со долго додавање до Максвел кој го постигна погодокот што го отвори натпреварот, потоа следеше погодок кој тој го постигна за резултат од 2-0 со шут од прва од линијата на шеснаесетникот, и на крај со асистенција од десно крило за Златан Ибрахимовиќ со тоа што Интер забележа победа од 4-2. На 7 февруари 2009 година, Станковиќ го прослави 200-тиот настап за Интер во сите натпреварувања на натпреварот на гостински терен против Лече. Интер забележа голема победа против новопромовираниот клуб со 3-0 со што Станковиќ со глава го постигна третиот гол од наткрената топка од слободан удар кој го изведе Мајкон. Добрата форма на Станковиќ во целата сезона продолжи кога тој го постигна вториот погодок за Интер против Милан во 270-тото миланско дерби на 15 февруари. Тој излезе да биде победнички гол откако Александре Пато имаше постигнато еден пред тоа. Интер ја освои 5-тата по ред титула, негов 5-ти трофеј од Серија А.

Во лигата на шампионите, Интер едвај се извлече во втората рунда по губењето на последните два натпревари во групната стаза против Панатинајкос и Вердер Бремен. Во првата елиминациска рунда (осмина финалето) тие изгубија од Манчестер Јунајтед во рамноправно одиграни натпревари. На првиот меч кој се одигра на Сан Сиро, Станковиќ играше цел натпревар, покажувајќи се во добро светло многу подвижен. На вториот натпревар на Олд Трафорд, Станковиќ го започна натпреварот и имаше одлична шанса откако одигра дупли пас со Ибрахимовиќ и упати удар со надворешниот дел од ногата со оддалеченост од 25 метри, што заврши само неколку сантиметри над десната статива на Едвин ван дер Сар. Две минути подоцна, Станковиќ имаше уште една вистинска можност кога го помина Патрис Евра од десната страна по додавањето од Ибрахимовиќ од левата страна, но србинот немаше доволно добар контакт со топката во ситуацијата еден на еден со Ван дер Сар и упатениот удар заврши зад пречката. Во 57-та минута со водство од Јунајтед со 2-0 Интер беше присилен да брка резултат, Мурињо го извади Станковиќ и го стави Адријано. Овој натпревар беше 63-ти настап за Станковиќ во лигата на шампионите со што изби на првото место пред Предраг Ѓорѓевиќ на списокот на српски играчи со најмногу настапи во ова натпреварување.

Сезона триплета 2009/10 година

уреди
 
Станковиќ во акција во Интер 2009 г.

Сезоната 2009/10година добро започна за Станковиќ. Во миланското дерби на 29 август, тој играше подлабока улога да го замени повредениот Естебан Камбиасо. Без оглед на тоа, тој го постигна 4-от погодок на тој натпревар и неговиот втор последователен погодок во миланското дерби победувајќи со 4-0, спектакуларен удар од 30-тина метри по брзото додавање на Сали Мунтари. Потоа тој постигна погодоци против Рубин Казан и Удинезе да ја продолжи неговата богата форма под водство на португалецот Жозе Мурињо. Тој исто така постигна зачудувачки погодок од 54 метри во големата победа против Џенова со 5-0, удирајќи ја топката директно во мрежата на Марко Амелија.

Сезона 2010/11 година

уреди

Играјќи под водство на неговиот нов менаџер Рафа Бенитез, Станковиќ ја продолжи неговата вообичаена улога на среден играч. На 28 ноември 2010 година, Станковиќ постигна хед - трик против Парма која беше засрамена на Сан Сиро со резултат до 5-2. За време на светското клупско првенство на Фифа во Абу Даби во средина на декември, Станковиќ одигра одлично полуфинале против Сеонгнам, достигнувајќи го отворачкиот погодок и организирајќи ја средишната игра. И покрај тоа, Бенитез одлучи средниот играч да го стави на клупата во финалето против ФК Мазамбе, ставајќи го во игра на местото на Криситјан Киву во 54-тата минута. Кратко после тоа и покрај освојувањето на тој трофеј, Бенитез беше избркан, и две недели подоцна, Станковиќ ја покажа неговата вчудовиденост со одлуката на шпанецот што го остави на клупата за финалето. Во истата прилика и покрај јавната поддршка во минатите месеци, Станковиќ изјави дека просто менаџерската улога на Бенитез во Интер не проработи. Под водство на новопристигнатиот менаџер Леонардо Араужо, Станковиќ автоматски продолжи да биде избор за средишниот ред, покажувајќи ја неговата прилагодливост (понекогаш покривајќи ја средишната организациска улога на повредениот Весли Снајдер). Станковиќ го постигна првиот гол со неговиот нов тренер на домашен терен против Болоња во средината на јануари, и после тоа продолжувајќи во иста форма на гости против Удинезе, постигнувајќи го отворачкиот гол кој следеше по ударот во пречката, а натпреварот Интер го загуби со 3-1. Во четврт финалето на италијанскиот куп на 26 јануари во Наполи, Станковиќ го повреди неговиот бутен мускул што го остави надвор од терените цел месец. Сепак тој се врати во серија А како што беше предвидено на натпреварот кај Фиорентина на 16 февруари покажувајќи подвижна игра со брзи втрчувања и две добри можности за погодок, Интер победи на натпреварот со 2-1 со што заостануваше само 5 бода од првиот во лигата Милан. Интер имаше добро закрепнување во трката за титулата со Милан, доаѓајќи на само 3 бода за Милан пред миланското дерби, но тие катастрофално изгубија со 3-0.

Станковиќ против Шалке на 5 април 2011 година во четврт финалето од лигата на шампионите, постигна спектакуларен погодок од половина терен, додека голманот Мануел Ноер беше истрчан надвор од шеснаесетникот да помогне на неговите одбранбени соиграчи со што го остави голот празен. Понатаму Интер го загуби натпреварот на домашен терен со 2-5. На 19 април, во првиот натпревар од полуфиналето од купот на Италија, Станковиќ го постигна победоносниот гол со уште еден спектакуларен удар од голема оддалеченост, удирајќи ја топката со надворешниот дел од стапалото со што заврши во мрежата зад голманот.

Репрезентативна кариера

уреди

Станковиќ неговото репрезентативно деби за старата екипа на Југославија го имаше на 22 април 1998 година против Јужна Кореја, постигна два гола на тој натпревар и тие победија со 3-1. Тој играше на светското првентсво 1998 година и на европското првенство во 2000-тата година кога српската репрезентација сè уште го носеше името Југослваија. Тој тогаш се докажа како важен играч. Пред почетокот на квалификациите за светското првенство во 2006 година, југославенската репрезентација го промени името во Србија и Црна Гора, и Станковиќ ги започна сите натпревари и постигна два погодоци, но тој не настапи на последниот квалификациски натпревар поради повреда. На светското првенство на ФИФА 2006 година, тој го носеше бројот 10, а Саво Милошевиќ беше капитен на новата репрезентација Србија и Црна Гора во нивното прво светско првенство, но тие не постигнаа успех бидејќи ги изгубија сите натпревари во групата од Брегот на слоновата коска, Аргентина и Холандија. Откако Милошевиќ се пензионира, тој ја презема улогата на капитен на новоформираната на Србија, што следеше по осамостојувањето на Црна Гора од Србија.

Во квалификациите за светското првенство во 2010 година, Станковиќ ги започна и беше капитен на сите освен на два натпревари за Србија. За првпат како самостојна држава тие се квалификуваа на светско првенство. Тој беше вмешан во нивната неверојатна победа со фаворитите Германија со резултат 1-0, но тие не остварија некој поголем успех во наредната стаза поради катастрофалните порази од Гана и Австралија.

Статистики во кариерата

уреди
Клуб Сезона Лига Куп Европа Вкупно
Нас Гол Нас Гол Нас Гол Нас Гол
Црвена Ѕвезда Белград 1994–95 7 1 0 0 7 1
1995–96 24 4 2 0 26 4
1996–97 26 10 5 2 31 12
1997–98 28 15 4 3 32 18
Вкупно 85 30 11 5 96 35
ФК Лацио 1998–99 29 4 5 1 7 4 41 9
1999–00 16 3 4 0 11 2 31 5
2000–01 21 0 2 1 9 0 32 1
2001–02 27 7 4 0 5 1 36 8
2002–03 29 6 2 0 7 0 38 6
2003–04 15 2 4 2 8 0 27 4
Вкупно 137 22 21 4 47 7 205 33
ФК Интер 2003–04 14 4 2 0 0 0 16 4
2004–05 31 3 6 0 10 3 47 6
2005–06 23 2 7 2 8 2 38 6
2006–07 34 6 4 0 7 0 45 6
2007–08 21 1 3 0 6 0 30 1
2008–09 31 5 2 0 5 0 38 5
2009–10 29 3 2 0 12 2 43 5
2010–11 26 5 2 1 7 2 35 8
Вкупно 209 29 28 3 55 9 292 41
Вкупно во картарета 431 81 49 7 113 21 593 109

Одликувања

уреди
Црвена Ѕвезда Белград
Лацио
Интер