Меѓународно фонетско здружение
Меѓународната фонетска асоцијација или МФА (англ. International Phonetic Association, IPA) е организација која се занимава со научно проучување на фонетиката и разните практични примена на таа наука. Најголемиот придонес на оваа организација кон фонетиката е создавањето на меѓународната фонетска азбука—стандард на нотација (бележење) за фонетски приказ на сите јазици во светот. Акронимот МФА (IPA) се употребува како за оваа асоцијација, така и нејзината азбука.
Асоцијацијата издава и свое списание, со наслов „Journal of the International Phonetic Association“.
Историја
уредиВо 1886 г. во Париз, мала група на предавачи на јазик формирале асоцијација со цел на промовирање на употребата на фонетска нотација за странските јазици во училиштата, со цел да се помогне на учениците точно и правилно да ги усвојуваат изговорите на тие јазици, како и да се помогне со читањето при описменувањето на малите деца. Оваа група, предводена од Пол Паси, првично се нарекувала Dhi Fonètik Tîtcerz' Asóciécon (FTA). Во јануари 1889, асоцијацијата била преименувана во L'Association Phonétique des Professeurs de Langues Vivantes (AP), додека во 1897, името било повторно променето на L'Association Phonétique Internationale (API)—што на македонски значи „Меѓународна фонетска асоцијација“ или „МФА“.
Во 1917, асоцијацијата го доживува својот врв во бројноста на членството, како и во нејзиното влијание врз образованието, кога таа броела 1751 члена во вкупно 40 земји. Првата светска војна и нејзините последици предизвикале големи пореметувања во нејзиното работење, а нивното списание престанало да се печати сѐ до 1922 г.
Развој на азбуката
уредиПрвичната цел на ова група била создавање на низа симболи за кои ќе можат да важат различни изговори, така што секој јазик би имал своја посебна азбука особено прилагодена за претставување на звуците во тој јазик. Подоцна било решено дека всушност идеалното решение е да постои една и единствена универзална азбука, каде еден симбол би се користел за еден глас кој може да се јави во разни јазици, па така започнал развојот на меѓународната фонетска азбука и доживеал забрзан развој кон почетокот на XX век. Оттогаш, направени се разни промени во азбуката на неколку наврати, со некои додавања и одземања на симболи, во согласност со прогресот во полето на фонетиката.
Испити
уредиЗапочнувајќи од 1908 г., Меѓународната фонетска асоцијација одржува испити по фонетика, за чие успешно положување се доделуваат дипломи за владеење на фонетиката на англискиот, францускиот или германскиот јазик.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Службена страница на Меѓународната фонетска асоцијација Архивирано на 2 јуни 2004 г. (англиски)
Библиографија
уреди- International Phonetic Association. (1999). Handbook of the International Phonetic Association: A guide to the use of the International Phonetic Alphabet. Cambridge: Cambridge University Press.